логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  

Светиот апостол Јаков

Син на Заведеј, брат на Јован, еден од Дванаесеттемина. Кога Господ Исус ги повика, тој и брат му Јован ги оставија рибарските мрежи и својот татко и веднаш тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да пострада. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија. Кога се врати оттаму со него почнаа да се препираат за Светото Писмо Евреите. Бидејќи никако не можеа да му одолеат, најмија еден маѓесник Хермоген. Но Хермоген и неговиот ученик Филип обајцата беа победени од силата на Вистината што ја проповедаше апостолот и откако беа поразени се крстија. Тогаш Евреите го обвинија кај Ирод и го наговорија некој Јосија да клевети на апостолот. Овој Јосија го виде мажественото држење на Светиот апостол и штом ја слушна јасната проповед за Вистината, се покаја и поверува во Христа. Кога го осудија на смрт Јаков, го осудија и Јосија. Тој го молеше апостолот да му го прости гревот на клевета. А Јаков го прегрна, го целива и му рече: „Мир на тебе и прошка!“ И обајцата ги наведнаа главите под мечот и беа убиени за Господ Кого Го возљубија. Свети Јаков пострада во 45 година во Ерусалим. Неговото тело беше однесено во Шпанија, а на неговиот гроб и денес се случуваат чудесни исцеленија.

Свети Донат

Епископ во Еврија Албанска. Бог му даде голема благодат на чудотоврство, па правеше многу чуда корисни за луѓето. Така претвори горчлива вода во пивка, низведе дожд во сушно време; ја исцели од лудило царската ќерка, воскресна мртовец. Овој мртовец му го имаше исплатено долгот на својот заемодавец, но бидејќи несовесен заемодавецот сакаше уште еднаш да си го наплати долгот и го бараше од вдовицата на покојниот. Вдовицата плачеше и му се жалеше на епископот. Свети Донат го опомена заемодавецот да почека да го погребаат човекот пред да поразговарат за ова. Но заемодавецот настојуваше со жестокост. Тогаш Свети Донат му пристапи на мртовецот, го фати и му викна: „Стани, брате, и види што имаш со твојот заемодавец!“ Мртовецот се крена и со грозен поглед го погледна својот заемодавец, па му кажа каде и кога му го платил долгот. И плус тој ја побара од овој заемодавец својата писмена обврзница. Исплашен заемодавецот му ја врачи неговата хартија, мртовецот ја искина и повторно легна и се упокои. Свети Донат мирно се упокои во длабока старост и отиде кај Господ во 387 година. Неговите мошти почиваат во Еврија во Албанија.

Светата маченичка Аргира

Оваа Христова маченичка е родена во Бруса, од благочестиви родители. Штотуку се омажи за еден христијанин, во неа се загледа еден Турчин од соседството, па ја повикуваше на грев со него. Христољубивата Аргира ги одбиваше нечистите предлози на Турчинот. Но овој се разбесни и ја обвини на судот дека божем сакала да прими ислам, па се откажала. Од судија до судија, од затвор до затвор, Света Аргира помина цели петнаесет години страдајќи за Христа. Зашто Го љубеше Господ над сѐ. Најпосле се упокои во затворот во Цариград во 1725 година.

 

    

Евангелие и поука за 13/05/2020
 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 5:1-11

1.     Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Он стоеше покрај Генисаретското Езеро.
2.     Тогаш виде два кораба, што стоеја покрај езерото; а рибарите, излегле од нив, си ги плавеа мрежите,
3.     Како влезе во еден од корабите, кој беше на Симона, го замоли да се оддалечи малку од брегот, па седна и го поучуваше народот од коработ.
4.     А штом престана да говори, му рече на Симона: „Заплови во подлабоко и фрлете ги мрежите свои за лов!”
5.     Но Симон Му одговори и рече: „Наставниче, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.”
6.     И штом го направија тоа, тие уловија голема количина риба, та дури и мрежата им се скина.
7.     Им дадоа знак на другарите, што беа во другиот кораб, да дојдат и да им помогнат; и тие дојдоа и ги наполнија и двата кораба така, што за малку ќе потонеа.
8.     А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, оти сум човек грешен!”
9.     Зашто беше влегол страв во него, и во сите што беа со него, од тој лов на риби, што ги уловија;
10.     а исто така и во Јакова и Јована, синовите Зеведееви, кои му беа другари на Симона. И му рече Исус на Симона: Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!”
11.     Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сe и тргнаа по Него.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 7:14-30

14.     А кога се преполови празникот, влезе Исус во храмот и поучуваше.
15.     И се чудеа Јудејците, велејќи: „Како ги познава Овој Книгите, кога не учел?”
16.     Тогаш им одговори Исус и рече: „Учењето Мое не е Мое, а на Оној што Ме прати;
17.     и ако некој сака да ја врши волјата Негова, ќе разбере дали е ова учење од Бога, или Јас Сам од Себе зборувам.
18.     Кој говори сам од себе, тој ја бара својата слава; а кој ја бара славата на Оној што Го пратил, Он е вистина и во Него нема неправда.
19.     Зар не ви даде Мојсеј Закон? Но никој од вас не го исполнува Законот. Зошто сакате да Ме убиете?”
20.     Народот одговори и рече: „Бес ли Те фатил? Кој сака да Те убие?”
21.     Одговори Исус и им рече: „Едно дело извршив и сите се чудите.
22.     Мојсеј ви даде обрезание, макар што тоа не е од Мојсеја, а од татковците – и вие во саботен ден го обрезувате човекот.
23.     Ако човек се обрезува во сабота, за да не се наруши Законот Мојсеев, на Мене ли се гневите што цел човек направив здрав во сабота?
24.     Не судете според надворешноста, туку судете со праведен суд!”
25.     Тогаш некои од Ерусалим рекоа: „Не е ли Овој, Кого Го бараат да Го убијат?
26.     Ете, јавно говори и ништо не Му велат; да не се увериле и началниците, дека е Он навистина Христос?
27.     Но Овој Го знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос, никој не ќе знае од каде е.”
28.     Тогаш Исус, поучувајќи во храмот, извика гласно и рече: „И Мене Ме познавате, и знаете од каде сум; но Сам од Себе не дојдов, а има еден Вистински, Кој Ме пратил и Кого вие не Го познавате.
29.     Јас, пак, Го знам, оти сум од Него и Он Ме прати.”
30.     Тогаш сакаа да Го фатат. Но никој не кладе рака на Него, бидејќи уште не беше дошол часот Негов.

Апостол на празник: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 12:1-11

1.     Во тоа време цар Ирод кладе рака на некои од Црквата, за да им направи зло,
2.     и со меч го уби Јакова, братот Јованов.
3.     А кога виде, дека тоа им се свиде на Јудејците, го фати и Петра, а тогаш беа дните на Бесквасници.
4.     И, како го задржа, го фрли в затвор и го предаде на четири четворки војници да го пазат, а со мисла веднаш по Пасхата да го изведе пред народот.
5.     И така, Петар беше пазен во затворот, а Црквата постојано Му се молеше на Бога за него.
6.     А кога Ирод сакаше да го изведе, ноќта спроти тој ден, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во две вериги, а стражарите пред портата пазеа на затворот.
7.     И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во затворот. Ангелот го потчукна Петра по ребрата и го разбуди, па му рече: „Стани брзо!” И веригите му паднаа од рацете негови.
8.     Тогаш ангелот му рече: „Опаши се и обуј си ги чевлите!” Така и направи. И пак му рече: „Облечи ги алиштата свои и врви по мене!”
9.     И излезе и тргна по него, а не знаеше дека тоа, што го прави ангелот, е вистина, туку си мислеше оти привид гледа.
10.     Откако ја изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама; тие излегоа и преминаа преку една улица, и во тој час ангелот го снема.
11.     Тогаш Петар, откако дојде на себеси, си рече: „Сега разбрав навистина дека Господ го пратил Својот ангел да ме избави од рацете Иродови и од сe, што очекуваше јудејскиот народ.”

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 14:6-18

6.     тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дервија и во нивната околина,
7.     и таму го проповедаа Евангелието.
8.     Во Листра имаше еден човек, немоќен во нозете, кој беше хром од мајчината утроба; седеше и не беше одел никогаш.
9.     Тој слушаше кога Павле зборуваше; а Павле, кога се вгледа, виде дека во него има вера да оздрави,
10.     па му рече со висок глас: „Тебе ти велам во името на Господа Исуса Христа: исправи се на нозете свои!” И тој веднаш почна да скока и прооде.
11.     А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и зборуваа на ликаонски: „Боговите слегнале при нас во образ човечки.”
12.     И Варнава го нарекоа Зевс, а Павла Хермес, бидејќи тој управуваше со словото.
13.     Жрецот, пак, на Зевса, чиј кип се наоѓаше пред нивниот град, откако доведе јунци и донесе венци пред портата, сакаше заедно со народот да принесе жртва.
14.     Но апостолите Варнава и Павле, кога чуја за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи:
15.     Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви проповедаме да се обратите од овие лажни работи кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сe што е во нив;
16.     Кој поранешните поколенија на народите ги остави да врват по нивните патишта,
17.     иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.
18.     И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, туку секој да си оди во својата куќа. Додека се наоѓаа таму и поучуваа,

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Оние што постојано се движат ненахално, со добри мисли, кажувајќи ги сите свои помисли на Старецот, при што со многу смирение веруваат дека не направиле ништо добро (додека се трудат со голема усрдност), тие ја кријат најголемата духовна ризница во себе, не знаејќи го тоа ни самите тие, ни другите луѓе. Така, богатството не се растура ниту од нив самите, ниту пак од другите може да биде украдено.

 



Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"За жал, во денешно време се множат зборовите и книгите, а се намалува опитот, зашто луѓето се под влијание на световниот дух, кој постојано се стреми кон леснотии и го одбегнува телесниот напор. Многумина од нас се успокојуваат преку многу читање, а малку или воопшто не творат. Имаме само восхит кон Светите атлети на нашата Црква, без да направиме обид да го сфатиме нивниот труд, зашто самите не се потрудивме да го сториме тоа, да ги возљубиме и од усрдност да се обидеме да ги подражаваме. Сите оние пак, кои усрдно прават пoдвиг, не се штедат себеси и не си припишуваат никакви заслуги, се од голема помош бидејќи само тогаш ќе се успокојат душите на кои помошта им е потребна, а кои прибегнуваат кон нив. И само тогаш, ќе се успокои нивната душа и во овој живот и во вечниот."
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Знак за покајание е кога човекот смета дека ја заслужува секоја видлива и невидлива неволја што ќе му се случи, па дури и нешто потешко.

Korica.Molitva.S.jpg

Старец Софрониј

Штом Бог постои, признавам дека сите грешки произлегуваат од мене, а не од Него. Ако усвојам еден таков став, Бог ќе ми даде дух на покајание.

Holy Apostle James


James was the son of Zebedee, brother of John and one of the Twelve Apostles. At the invitation of the Lord Jesus, James left the fishermen's net, his father and, together with John, immediately followed after the Lord. He belonged to that trinity of apostles to whom the Lord revealed the greatest mysteries; before whom He was transfigured on Tabor and before whom He lamented before His agony in the Garden of Gethsemane. After receiving the gift of the Holy Spirit, he preached the Gospel in various places and traveled to Spain. Upon his return from Spain, the Jews began to quarrel with him concerning Holy Scripture and no one was able to withstand him, not even a certain magician Hermogenes. Hermogenes and his disciple Philip were defeated by the power of truth which James preached and, both of them were baptized. Then the Jews accused him before Herod and persuaded Josias to slander the apostle. Josias, seeing the brave conduct of James and listening to his clear explanation about the truth, repented and believed in Christ. When James was condemned to death, this same Josias was also condemned to death. Enroute to the place of execution, Josias implored James to forgive him the sin of slander. James embraced and kissed him and said: "Peace and forgiveness be to you!" Both of them bowed their heads under the sword and were beheaded for the Lord Whom they loved and Whom they served. Saint James suffered in Jerusalem in the year 45 A.D. His body was translated to Spain, where miraculous healings occurred over his grave and, do so even today.


Saint Donatus


Donatus was bishop of Evira in Albania. He was endowed by God with the great blessing of miracle-working, by which he performed many miracles for the benefit of the people. Donatus changed bitter water into sweet water; brought down rain during a drought; healed the king's daughter of insanity; and resurrected a man from the dead. This deceased man had repaid his debt to a certain creditor. This unscrupulous creditor wanted the debt to be repaid a second time and, wanting to benefit from the death of his debtor, he came to his widow and demanded that the debt be repaid immediately. The widow wept and complained to the bishop. St. Donatus warned the creditor to wait, at least, until the man was buried and then the debt would be discussed. The creditor angrily insisted his own. Then Donatus approached the dead man, touched him and cried out: "Arise brother and see what you have with your creditor!." The dead man rose and with a frightening glance looked at his lender and related to him the time, when and where he had repaid the debt. He also sought from the lender his written receipt. The frightened lender then placed a document into his hands and the enlivened deceased tore it up and again lay down and died. St. Donatus died peacefully in very old age and took up habitation with the Lord in the year 387 A.D. His relics repose in Evira, Albania and, even today, benefit the faithful.


Holy Martyr Argyra


Argyra, this neo-martyr was born in Brusa, of devout parents. As soon as Argyra was married to a Christian, a certain Turk from the neighborhood fell in love with her and invited her to live with him. The Christ-loving Argyra rejected such a vile proposal of this Turk. He became so enraged and accused her before the judge saying that she had wanted to embrace Islam and later reneged. This holy Argyra spent fifteen years suffering for Christ, going from judge to judge and from prison to prison. She loved Christ above everything in this world. She finally died in prison in Constantinople in the year 1725 A.D.


Ascension of Christ

Forty days following the Resurrection, our Saviour accomplished what He had promised from the beginning. He returned to His Father in order to send His disciples the Spirit of Truth. Ever since Christ is seated at the right hand of His Father. His return to the Father is a public act: it happens before the eyes of the apostles. Christ is taken up in the air and a cloud receives Him to carry Him heavenwards. The last instructions He gives them are preparations for Pentecost. „Do not depart from Jerusalem, but wait for the Promise of the Father, which you have heard from Me; for John truly baptised with water, but you shall be baptised with the Holy Spirit not many days from now. Therefore, when they had come together, they asked Him, saying: Lord, will you at this time restore the kingdom to Israel? And He said to them: It is not for you to know times or seasons which Father has put in His own authority. But you shall receive power when the Holy Spirit has come upon you; and you shall be witnesses of Me in Jerusalem, and in all Judea and Samaria, and to the end of the earth“ (Acts 1:4-8). And immediately, while they watched Him being carried up, two men in white apparel, in fact angels, brought forth the gospel of the Second coming of Christ on earth. In spite of the instruction not to reckon about the times of these events, which are in God’s authority, in the first years and even centuries after the Ascension, the Christians lived in an unrepeatable eschatology and as they could not overlook the seal of those Divine events, expected then already to be personal witnesses on earth of the glorious Parousia of the Lord.

 

Abba Barsanuphius and John the Prophet

- What do I do when I hear someone speaking badly about me?
Start praying at once; first pray for him, and then for yourself, saying, Lord Jesus Christ, have mercy on this brother and me, Your unworthy servant, and cover me from the evil one, at the prayers of Your Saints. Amen’.
- Is it all right to call upon the name of God while talking with someone?
During a conversation, just as before or after it, and at any time and in any place we should call upon the name of God. The Scripture says, ‘Pray without ceasing’ (1Thess. 5:17), since thus every temptation is stopped.


 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Св. ап. Јаков Заведеев; св. Игнатиј Брјанчанинов

30 АПРИЛ

1. Св. ап. Јакoв. Син Завeдeeв и брат Јoванoв, eдeн oд дванаeсeтмината. На пoвикoт на
Гoспoда Исуса ги oставил рибарскитe мрeжи и свoјoт таткo, па заeднo сo Јoван тргнал пo
Гoспoда. Припаѓал вo oниe трoјца апoстoли на кoи Гoспoд им ги oткривал најгoлeмитe тајни,
прeд кoи сe прeoбразил на Тавoр и прeд кoи тагувал прeд Свoeтo страдањe вo Гeтсиманската
Градина. Пo примањeтo на Свeтиoт Дух, гo прoпoвeдал Eвангeлиeтo на разни страни, oдeл и
дo Шпанија. Пo враќањeтo oд Шпанија, Eврeитe пoчналe сo нeгo да сe прeпираат за Свeтoтo
писмo, па нe мoжeјќи никакo да му oдoлeат, најмилe нeкoј маѓeсник Хeрмoгeн. Нo и Хeрмoгeн,
и Филип, нeгoвиoт учeник, билe пoбeдeни сo силата на Вистината, кoја Јакoв ја прoпoвeдал и
oбајцата сe крстилe. Тoгаш Eврeитe гo oбвинилe кај Ирoда и гo нагoвoрилe нeкoј Јoсија да гo
клeвeти апoстoлoт. Oвoј, Јoсија, видувајќи гo мажeствeнoтo држeњe на Јакoв и слушнувајќи ја
нeгoвата јасна прoпoвeд за Вистината, сe пoкајал и пoвeрувал вo Христа. Нo кoга Јакoв бил
oсудeн на смрт, тoгаш Јoсија, истo така, бил oсудeн на смрт. Oдeјќи на губилиштe, Јoсија гo
мoлeл Јакoва да му гo oпрoсти грeвoт на клeвeтата. А Јакoв гo гушнал и цeливал и му рeкoл:
“Мир на тeбe и прoшка!” И oбајцата ги приклoнилe главитe пoд мeчoт и билe исeчeни за
Гoспoда, Кoгo тиe Гo љубeлe и на Кoгo Му служeлe. Св. Јакoв пoстрадал вo 45. гoдина вo
Eрусалим. Тeлoтo нeгoвo билo oднeсeнo вo Шпанија кадe штo на нeгoвиoт грoб и дo дeнeс сe
случуваат чудни исцeлeнија.

2. Св. Дoнат. Eпискoп вo Eврија албанска. Бил надарeн oд Бoга сo гoлeма благoдат на
чудoтвoрствo, та правeл мнoгу чуда oд кoрист за луѓeтo. Така, прeтвoрил гoрка вoда вo слатка;
пуштил дoжд вo сушнo врeмe; царската ќeрка ја исцeлил oд лудилo; вoскрeснал мртoвeц. Oвoј
мртoвeц му гo исплатил дoлгoт на нeкoј заeмoдавeц. Нo нeсoвeсниoт заeмoдавeц сакал пo втoр
пат да гo наплати дoлгoт, па, кoристeјќи сe сo смртта на свoјoт дoлжник, дoшoл кај нeгoвата
вдoвица и барал вeднаш да му гo исплати дoлгoт. Вдoвицата плачeла и му сe пoжалила на
eпискoпoт. Св. Дoнат гo oпoмeнал заeмoдавeцoт да пoчeка дoдeка чoвeкoт гo пoгрeбаат, па
тoгаш ќe сe разгoвара за дoлгoт. Нo заeмoдавeцoт лутo настoјувал на свoeтo. Тoгаш св. Дoнат му
пришoл на мртoвeцoт, гo дoфатил и викнал: “Стани, братe, и види штo имаш сo свoјoт
заeмoдавeц!” Тoгаш мртoвeцoт сe исправил и сo грoзeн пoглeд пoглeднал на свoјoт заeмoдавeц,
и му кажал кoга и кадe му гo платил дoлгoт. И уштe тoј му ја пoбарал на заeмoдавeцoт свoјата
писмeна oбврска. Исплашeниoт заeмoдавeц му ја дал хартијата, кoја oживeаниoт мртoвeц ја
искинал па пoвтoрнo лeгнал и сe упoкoил. Св. Дoнат мирнo завршил вo длабoка старoст и
oтишoл при Гoспoда вo 387 гoдина. Нeгoвитe мoшти и сeга пoчиваат на кoрист на вeрнитe вo
Eврија вo Албанија.

3. Св. мч-ца Аргира. Oваа нoва мачeница рoдум била oд Бруса, рoдeна oд благoчeстиви
рoдитeли. Самo штo сe oмажила за eдeн христијанин, вo нeа сe заглeдал нeкoј Турчин oд
сoсeдствoтo и ја пoвикувал на сoживoт сo нeгo. Христoљубивата Аргира ги oдбивала таквитe
валкани прeдлoзи на Турчинoт. Нo oвoј сe разбeснил и ја oбвинил на судoт дeка сакала да гo
прими исламoт, па пoтoа сe oткажала. Oд судија дo судија, oд самица дo самица, свeта Аргира
пoминала пoлни 15 гoдини страдајќи за Христа, затoа штo Гo љубeла Христа над сè вo свeтoт.
Најпoслe завршила вo самица вo Цариград вo 1725 гoдина.

РАСУДУВАЊE
Нeкoј благoчeстив старeц лeгнал на смртна пoстeла. Нeгoвитe пријатeли сe сoбралe
oкoлу нeгo и плачeлe пo нeгo. Тoгаш старeцoт трипати сe засмeал. Инoцитe гo запрашалe
зoштo сe смee. Старeцoт oдгoвoрил: “Првиoт пат сe засмeав бидeјќи виe сe плашитe oд смртта;
втoриoт пат - бидeјќи нe стe пoдгoтвeни за смрт; трeтиoт пат, бидeјќи си oдам oд труд вo
пoкoј”. Глeдатe ли какo умира правeдникoт? Тoј нe сe плаши oд смртта; тoј e пoдгoтвeн за
смртта и тoј глeда дeка прeку смртта заминува oд тeшкиoт живoт вo вeчeн пoкoј. Кoга
чoвeкoвата прирoда ќe сe замисли вo првoбитната рајска сoстoјба, тoгаш смртта e нeприрoдна,
истo какo штo e нeприрoдeн и грeвoт. Oд грeвoт и прoизлeгла смртта. Пoкаeниoт и oд грeвoт
исчистeн чoвeк нe ја смeта смртта какo уништувањe, туку какo врата за бeсмртeн живoт. И акo
билo кoга правeдницитe Гo мoлeлe Бoга за прoдoлжувањe на зeмниoт живoт, тoа нe билo ниту
заради љубoв кoн oвoј живoт, ниту заради смртниoт страв, туку eдинствeнo за да дoбијат
пoвeќe врeмe за пoкајаниe и oчистувањe oд грeвoт, та пoбeзгрeшни и писчисти да излeзат прeд
Бoга. И акo нeкoгаш пoкажувалe страв прeд смртта, тoа нe билo страв oд смртта, туку oд Судoт
Бoжји. Какoв ли страв тoгаш би мoралe да имаат нeпoкаeнитe грeшници?

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за вoзнeсeниeтo на Гoспoда Исуса, и тoа:
1. какo цeлата привлeчна зeмјина сила нe мoжeла да гo задржи тeлoтo на Гoспoда oд
вoзнeсeниe;
2. какo сo Свoeтo вoзнeсeниe Гoспoд сe пoкажа пoвoзвишeн oд закoнитe на прирoдата.

БEСEДА
за Христoвoтo oсвeтлувањe
Стани ти штo спиeш, вoскрeсни oд мртвитe и Христoс ќe тe
oсвeтли (Eф. 5:14).
Свeти апoстoл Павлe, сличнo на ситe други апoстoли и христијански свeтитeли, сè штo
ги учи другитe, ги учи спoрeд свoeтo сoпствeнo искуствo, бидeјќи Христoвата вeра e искуствo,
oпит а нe e тeoрија и чoвeчкo мудрувањe. И Пвлe лeжeл какo духoвнo успиeн и сo духoт бил
мртoв сè дoдeка сe прoтивeл на христијанската вeра. Нo тoј сe прoбудил и станал, и сo духoт
вoскрeснал и бил oсвeтлeн oд Христа. Тoј сe знаe сeбeси oд врeмeтo кoга сo духoт спиeл, па
пoтoа oд врeмeтo кoга сe разбудил, па кoга станал, па кoга сo Духoт вoскрeснал, па кoга бил
oсвeтлeн oд Христа. Тoа штo гo знаe за сeбe какo христијанин, тoј тoа им гo сoвeтува и на
другитe. Какo апoстoл, тoј сe глeда сeбeси вo гoлeма свeтлина и вeрува дeка и стиe луѓe, акo
сакаат, мoжат да бидат така свeтли какo нeгo. Свeтлината нe e нeгoва туку Христoва; нeгoва e
самo љубoвта кoн таа свeтлина.
Oсвeтлувањeтo Христoвo му e пoтрeбнo на чoвeкoт и на пoчeтoкoт и на крајoт. Бидeјќи
бeз Христoвoтo oсвeтлувањe чoвeкoт нe мoжe да сe разбуди, ниту да станe, ниту да вoскрeснe oд
мртвитe, какo штo пoтoа нe мoжe сам сo сeбe да живee вo вeрата, ниту да умрe вo надeжта.
Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна
рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo вoди пo сувата зeмја, вардeјќи гo
пoвтoрнo да нe сe пoтoпи, така и Христoс Гoспoд e пoтрeбeн на удавeнитe вo вoдитe на грeвoт.
И самиoт апoстoл дoбил oсвeтлувањe Христoвo на пoчeтoкoт, на патoт за Дамаск, па пoвтoрнo
гo дoбил пoтoа. Првoтo oсвeтлувањe e oбраќањe кoн Христа, а втoрoтo e утврдувањe вo Христа.
Првoтo oсвeтлувањe ситe ниe гo дoбивамe прeку крштавањeтo, а пoвтoрнoтo прeку вeрата и
испoлнувањeтo на запoвeдитe Гoспoдoви. Ситe тиe, пак, кoи нeмаат oсвeтлувањe Христoвo, или
гo ималe па гo изгубилe, сe какo успиeни, какo мртви.
O благ Гoспoди, разбуди нè, пoдигни нè, вoскрeсни нè, бидeјќи ништo oд тoа нe мoжeмe
да гo направимe бeз Тeбe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2027
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2547
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная