логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Adam.Praotec

Тропар, глас 4.

Пророче и претечо на Христовото пришествие,
не знаеме како достојно да те восхвалиме,
ние кои со љубов те почитуваме,
со твоето славно и чесно рождество,
се разреши неплодството на онаа што те роди,
и татковото безгласие, и на светот му се проповеда,
воплотувањето на Синот Божји.

 

 Raganje.sv.JovanKrst.jpg

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов    

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем се  до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напиша на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори.

 Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јави ангелот Божји, дека онеме, а потоа му се одврза јазикот штом го напиша името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод.

Затоа Ирод, кога испрати да се заколат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован. Но Елисавета благовремено го сокри детето. Разјарен од ова, царот Ирод испрати џелати кај Захарија во храмот (зашто се погоди тој повторно беше чреден за служење во ерусалимскиот храм) да го убијат. Захариј беше убиен меѓу притворот и храмот, а неговата крв се засири и се скамени на плочите и остана како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се скри во една пештера, во којашто набрзо таа умре. Младенецот Јован остана сам во пустината, препуштен на грижа на Бога и Неговите ангели.

Свети Никита, епископ Ремесијански

Другар и врсник на Св. Павлин Нолски (кој се слави на 23 јануари). Веројатно бил Словенин, а го проповедал Евангелието меѓу Словените во нишко-пиротската област. Св. Павлин му испеа песна во која покажа какво дело овој свет Никита изврши меѓу Словените: „Каква промена! И колку среќна! Непроодни што беа крвавите гори, сега кријат разбојници во монаси претворени - ах, питомци на мирот. Кај што беа обичаите ѕверски, сега ликот ангелски е. Праведникот во пештера се крие, онде кај што злостор порано пребиваше.“ Столица на Свети Никита беше градот Ремесијан, под којшто некои го препознаваат Пирот. Освен својата мисионерска служба, Свети Никита напиша и неколку книги: шест книги за верата, книга за паднатата девојка (којашто мнозина ги побуди на покајание). Овој светител се упокои во 5 век.

Светите маченици Орентиј, Фарнакиј, Ерос, Фирмос, Фирмин, Киријак и Лонгин

Родени браќа. Беа римски војници во времето на царот Максимијан. Во војната на Римјаните против Скитите околу Дунав, Свети Орентиј му излезе на мегдан на скитскиот голијат Марот и го уби. За ова целата римска војска им принесуваше жртви на боговите, но Орентиј и неговите браќа изјавија дека се христијани и дека не можат да им принесат жртва на глувонемите идоли. И покрај нивните војнички заслуги беа осудени на прогонство во Касписките предели, но патем сите седуммина, еден по друг, од глад и маки го завршија животот и се преселија во Царството

Евангелие и поука за 07/07/2020
 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 1:1-25;1:57-68;1:76-80

1.     Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас,
2.     како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на словото,
3.     намислив и јас, откако испитав сe од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле,
4.     за да ја разбереш основата на учењето, на кое си се учел
5.     Во деновите на Ирода, царот Јудејски, живееше еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Елисавета.
6.     И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови без погрешка.
7.     Тие немаа деца, оти Елисавета беше неплодна; а обајцата беа веќе стари.
8.     Еднаш, кога тој служеше пред Бога по својот ред,
9.     според обичајот на свештениците, нему му се падна ждреб да влезе во храмот Господов и да покади.
10.     А целиот народ се молеше однадвор, за време на кадењето.
11.     Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник.
12.     Захарија се уплаши кога го виде, и страв го опфати.
13.     Но ангелот му рече: „Не бој се, Захарија, зашто се услиша твојата молба и жена ти Елисавета ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован.
14.     И ќе бидеш радосен и весел, и мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање.
15.     Зашто тој ќе биде голем пред Господа и нема да пие вино ни сикер, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си;
16.     и многу Израилеви синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог;
17.     и тој ќе врви пред Него во духот и силата на Илија, за да ги обрати срцата на татковците кон децата, и непокорните – кон разумот на праведните, па да Му приготви на Господа народ совршен.”
18.     И му рече Захарија на ангелот: „По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе доста возрасна.”
19.     Ангелот му одговори и рече: „Јас сум Гавриил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да те известам за оваа радост;
20.     и ете, ти ќе онемиш и не ќе можеш да говориш до оној ден, кога ќе се исполни тоа, оти не поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.”
21.     Народот го чекаше Захарија и се чудеше што се забави во храмот.
22.     А кога излезе, не можеше да зборува со нив; и разбраа дека имал видение во храмот; тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем.
23.     И штом изминаа деновите на неговата служба, тој се врати дома.
24.     По тие дни зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи:
25.     Така ми направи Господ во деновите, во кои ме погледа, за да го отстрани укорот меѓу луѓето.
57.     А на Елисавета ? дојде времето да роди, и таа роди син.
58.     И чуја оние, што живееја околу, и роднините нејзини, дека ја увеличил Господ Својата милост над неа, и се радуваа со неа.
59.     На осмиот ден дојдоа да го обрежат младенецот, и сакаа да му го дадат името на татка му Захарија.
60.     Но мајка му одговори и рече: „Не, туку да се нарече Јован!”
61.     И рекоа нејзе: „Никој нема во твојот род, кој се вика со такво име.”
62.     И го прашаа со знаци татка му, како би сакал да го наречат.
63.     Тој побара штичка и ги напиша зборовите: „Јован му е името.” И сите се зачудија.
64.     И веднаш му се одврзаа устата и јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога.
65.     И се уплашија сите што живееја околу; и прикажуваа за сето тоа по целиот крај Јудејски.
66.     Сите, што чуја, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?” И раката Господова беше со него.
67.     А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи:
68.     Благословен е Господ, Бог Израилев, оти го посети и избави народот Свој;
76.     А ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Севишниот, оти ќе одиш пред лицето на Господа за да Му ги приготвиш патиштата Негови;
77.     и да го вразумиш народот Негов за спасение, преку проштавање на гревовите нивни,
78.     заради големата милост на нашиот Бог, со која нe посети Исток од висините,
79.     за да ги просвети оние, што седат во темнина и сенка смртна, и да ги упати нозете наши по патот на мирот.”
80.     А детето растеше и крепнеше со духот, и остана во пустина до денот, кога им се јави на Израелците.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 12:14-16;12:22-30

14.     А фарисеите, штом излегоа, се договорија како да Го погубат. Но Исус, кога разбра, се оддалечи оттаму.
15.     И тргна по Него многу народ и Он ги исцели сите;
16.     и им забрани да разгласуваат за Него;
22.     Тогаш доведоа при Него еден бесен, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот прогледа и проговори.
23.     И сиот народ се чудеше и велеше: „Не е ли Овој Христос, синот Давидов?”
24.     А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: „Он не ги истерува бесовите по друг начин освен преку Велзевула, началникот на ѓаволите.”
25.     Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство, ако се раздели, запустува; и секој град или дом, ако се раздели на противни групи, ќе пропадне.
26.     И, ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш како може да се запази царството негово?
27.     И ако Јас истерувам бесови преку Велзевула, а синовите ваши преку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии.
28.     Ако, пак, Јас истерувам бесови со Духот Божји, тоа значи дека дошло царството Божјо до вас.
29.     Или, како може да влезе некој во куќата на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот и тогаш да му ја ограби куќата?
30.     Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура.

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 13:11-14;14:1-4

11.     Па, знаејќи го ова време дека дошол веќе часот, тоа да се разбудиме од сонот, оти спасението е сега поблиску до нас, отколку кога поверувавме.
12.     Ноќта помина, а денот се приближи: да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
13.     Да одиме чесно како дење – не во срамни гоштавки и пијанство, не во блуд и нечистотија, ниту, пак, во препирка и завист;
14.     туку облечете се во Господа нашиот Исуса Христа, и грижата за телото не претворувајте ја во похоти.
1.     Слабиот во вера примајте го без расправии за мислењата,
2.     оти некој верува дека може да јаде сe, а немошниот јаде зелје.
3.     Кој јаде, нека не го укорува оној, што не јаде; и кој не јаде, нека не го осудува оној, што јаде, бидејќи Бог го примил.
4.     Кој си ти што му судиш на туѓ слуга? Пред својот господар тој стои или паѓа. Но ќе биде исправен, зашто Бог е моќен да го исправи.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 14:9-18

9.     Бидејќи Христос затоа и умре и воскресна и оживе, за да господари и над мртвите и над живите.
10.     А ти, зошто го осудуваш братот свој! Или ти, што го укоруваш братот свој? Зашто сите ќе застанеме пред судот Христов.
11.     Оти е напишано: „Жив сум Јас, вели Господ, пред Мене ќе се преклони секое колено и секој јазик ќе Го исповеда Бога”.
12.     И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.
13.     Затоа, пак, да не судиме еден друг, а подобро судете за тоа – на брата си да не му поставувате сопка или соблазан.
14.     Знам и уверен сум преку Господа Исуса Христа дека нема ништо нечисто само по себе; освен кога некој мисли дека е нешто нечисто, за него тоа е нечисто.
15.     А ако, пак, братот твој е огорчен поради јадење, ти веќе не постапуваш според љубовта. Не погубувај го со своето јадење оној, за кого Христос умре.
16.     Гледајте да не се хули на вашето добро.
17.     Оти царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух.
18.     Зашто, оној кој Му служи на Христа со овие работи, тој Му е угоден на бога и мил на луѓето.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Ако се молите и ако вашата молитва не се слуша, размислете да не сте случајно непослушни. Ако се молите во текот на ноќта, а не сте внимавале на својот живот во текот на денот, тоа е како истовремено да градите и да уривате. Ако сте небрежни во ситниците, сигурно ќе подлегнете и ќе паднете и во големите работи. Внимавајте на себе.


Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Кој пример би бил поубав од Господ Исус! Зарем послушноста кон Отецот не Го одведе до Крстот и до смртта? Зарем Тој, бидејќи единосуштен на Отецот, не можел да се спротивстави на ова? Тој, меѓутоа, тоа не го стори. Додека се качувал на Голгота, чекорел во пот и паѓал на колена со болка, под бремето на отсекувањето на сопствената волја. Требало Тој да се искачи, да го досегне нејзиниот врв и да биде воздигнат на прославениот и за демоните страшен Крст, да го покаже совршеното и апсолутно послушание и да се здобие со непропадливиот венец на вечната слава. На тој начин се здобиваме со воскресението на душата, а не со самоволно колебање меѓу послушанието и непослушанието. Нема да стекнеме венец така, туку со драговолно жртвување. Сите пречки се совладуваат со цврстата решеност попрво да се умре одошто да се изневери должноста на послушанието.

Старец Ефрем Филотејски

Името на Исус Христос што го повикуваме во молитвата, во себе содржи самобитна и самодејствена сила на исправување.

 

The Nativity of Saint John the Forerunner and Baptizer of the Lord


Six months before his appearance in Nazareth to the All-holy Virgin Mary, the great archangel of God, Gabriel appeared to Zacharias the high priest in the Temple at Jerusalem. Before he announced the miraculous conception to the unwed virgin (Mary), the archangel announced the miraculous conception to the childless old woman (Elizabeth). Zacharias did not immediately believe the words of the herald of God and this is why his tongue was tied with dumbness and remained as such until eight days after the birth of John. On that day, the relatives of Zacharias and Elizabeth gathered for the young child's circumcision and for the sake of giving him a name. When they asked the father what name he wishes to give to his son and being dumb, he wrote on a tablet: "John." At that moment his tongue became loosed and he began to speak. The home of Zacharias was on the heights between Bethlehem and Hebron. The news of the appearance of the angel of God to Zacharias was spread throughout all of Israel, as well as of his dumbness and the loosening of his tongue at thee moment when he wrote the name "John." The news concerning this even reached Herod. Therefore, when Herod sent soldiers to slay the children throughout Bethlehem, he directed men to the hilly dwelling place of the family of Zacharias to kill John also. However, Elizabeth promptly hid the child. Enraged, at this King Herod sent his executioners to Zacharias in the Temple to slay him (for it happened that it was Zacharias' turn again to serve in the Temple of Jerusalem). Zacharias was slain between the court and the temple and his blood coagulated and petrified on the stone pavers and remained a perpetual witness against Herod. Elizabeth hid with the child in a cave where she died soon after. The young child John remained in the wilderness alone under the care of God and God's angels.


Saint Nicetas, Bishop of Remesiana


Nicetas was a friend and the same age as St. Paulinus of Nola (January 23). It appears that he was a Slav and, as such, preached the Gospel among the Slavs in the region of Nish and Pirot. The kind of change that St. Nicetas did among the Slavs is best shown in the hymn which St. Paulinus composed about St. Nicetas: "O what a change! And how fortunate!" Until then the impassable and bloody mountains concealing robbers now converted into monks; cadets of peace. Where once the habits of wild beasts, there is now the feature of angels. The righteous one hides in a cave where earlier, the evildoer dwelled. The episcopal see of Nicetas was Remesiana which some understand to be Pirot. Along with his missionary service, St. Nicetas also wrote several books such as the six books about Faith and a book about a fallen maiden (which aroused many to repentance). Saint Nicetas reposed in the Lord in the fifth century.


Holy Martyrs Orentius, Pharnacius, Eros, Firmus, Firminus, Cyriacus and Longinus


They were all brothers and Roman soldiers during the reign of Emperor Maximian. When the Romans were waging war against the Scythians beyond the Danube river, St. Orentius came forth to battle with Marathom, the Scythian Goliath, and slew him. Because of this, the entire Roman army offered sacrifices to the gods but Orentius, with his brothers, declared that they were Christians and could not offer sacrifices to the deaf and dumb idols. Regardless of their military merits, they were condemned to exile to the Caspian region however, along the way, all seven, one after the other, died from hunger and sufferings and took up habitation in the Kingdom of Christ.

Gerontikon

Saint Syncletica would say: “Great struggle and strife undergo in the beginning those who approach God, and then inexpressible joy. They who want to light a fire at first are engulfed in smoke and shed tears, and thus they accomplish what they wanted to, for it is said: ‘Our God is a consuming fire’ (Heb. 12:29); so should we, apart from tears and labour, we should stir up the Divine fire.”

 

 

ОХРИДСКИ ПРОЛОГ 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 Иванден - бдение во свештениот Бигорски манастир

24 ЈУНИ

1. Раѓањe на св. Јoван Прeтeча и Крститeл Гoспoдoв. Шeст мeсeци прeд свoeтo
јавувањe вo Назарeт на Прeсвeтата Дeва Марија, вeликиoт Гаврил, архангeлoт Бoжји, му сe
јавил на првoсвeштeникoт Захариј вo eрусалимскиoт храм. Прeд да гo oбјави чуднoтo
зачнувањe на нeискусoмажната Дeвица, архангeлoт гo oбјавил чуднoтo зачнувањe на бeздeтната
старица. Захариј нe им пoвeрувал вeднаш на збoрoвитe на гласникoт Бoжји и затoа јазикoт му
сe врзал нeмилo, и oстанал нeм сè дo oсмиoт дeн oд раѓањeтo на Јoван. Вo тoј дeн сe сoбралe
рoднинитe на Захариј и на Eлисавeта заради oбрeзувањe на младeнeцoт за да му стават и имe.
Па кoга гo прашалe таткoтo каквo имe ќe му дадe на синoт, тoј, бидeјќи нeм, напишал на eдна
штичка: Јoван. Вo тoј миг му сe oдврзал јазикoт и тoј пoчнал да збoрува. Дoмoт на Захариј бил
на eдна oд висoчинкитe пoмeѓу Витлeeм и Хeврoн. Пo цeлиoт Израил сe разнeслo глас за
јавувањeтo на ангeлoт Бoжји на Захариј, за нeмилиoт случај и за oдврзувањeтo на нeгoвиoт
јазик вo часoт кoга гo напишал имeтo Јoван. Гласoт за тoа дoшoл и дo Ирoд. Затoа Ирoд, кoга
испратил луѓe да ги искoлат дeцата вo Витлeeм, испратил луѓe и вo ридскиoт крај, вo дoмoт на
Захариј да гo убијат и Јoвана. Нo Eлисавeта благoврeмeнo гo засoлнала дeтeтo. Разјарeн пoради
oва, царoт Ирoд испратил џeлати вo храмoт кадe штo служeл Захариј, oти на Захариј пoвтoрнo
му паднала жрeпката за служeњe вo eрусалимскиoт храм, да гo убијат. Захариј бил убиeн
пoмeѓу притвoрoт и храмoт, а крвта нeгoва сe згрутчила и сe скамeнила на плoчитe и oстанала
така какo пoстoјан свeдoк прoтив Ирoда. Eлисавeта сo дeтeтo сe скрила вo eдна пeштeра, кадe
штo наскoрo пoчинала. Младeнeцoт Јoван oстанал вo пустината сам на грижа на Бoга и на
ангeлитe Бoжји.

2. Св. Никита eп. Рeмeсијански. Другар и врсник на св. Павлин Нoлски (види, 23
јануари). Изглeда дeка бил Слoвeн и какo такoв дeка гo прoпoвeдал Eвангeлиeтo мeѓу
Слoвeнитe вo oбласта НишкoПирoтска. Каква прoмeна направил мeѓу Слoвeнитe најдoбрo
пoкажува пeсната штo св. Павлин му ја испeал на Никита:
“Каква прoмeна! И какo срeќна! Дoтoгаш нeпрooдни и крвави гoри, сeга кријат
разбoјници oбратeни вo мoнаси, питoмци на мирoт.
Кадe штo имашe ѕвeрски oбичаи, сeга таму има лик ангeлски. Правeдник сe криe вo
пeштeра, кадe штo пoранo живeeшe злoтвoр”.
Прeстoлница на св. Никита му бил градoт Рeмeсијан, пoд кoј нeкoи луѓe гo
пoдразбираат Пирoт. Пoкрај свoјата мисиoнeрска служба, св. Никита има напишанo и нeкoлку
книги, и тoа: шeст книги за вeрата, книга за дeвoјката кoја паднала вo грeв (кoја штo мнoгумина
пoбудила на пoкајаниe). Свeти Никита сe упoкoил вo В вeк.
Дeка св. Никита бил Слoвeн и дeка живeeл вo Пирoт тврди св. Филарeт вo книгата
“Свeтитeли на јужнитe Слoвeни”.

3. Св. маченици Oрeнтиј, Фарнакиј, Eрoс, Фирмoс, Фирмин, Кириак и Лoнгин. Ситe
билe браќа. Билe римски вoјници вo врeмeтo на царoт Максимијан. Кoга Римјанитe вoјувалe
прoтив Скититe за Дунав, св. Oрeнтиј му излeгoл на мeгдан на скитскиoт гoлијат Марoт и гo
убил. Пoради тoа сeта римска вoјска им принeсла жртви на бoгoвитe, нo Oрeнтиј сo браќата
изјавил дeка сe христијани и дeка нe мoжат да им принeсуваат жртви на глувитe и нeми идoли.
Бeз oглeд на нивнитe вoјнички заслуги, билe oсудeни на прoгoнствo вo каспискитe прeдeли, нo
пo пат ситe сeдуммина, eдeн пo друг, oд глад и маки гo завршилe свoјoт живoт на Зeмјата и сe
прeсeлилe вo царствoтo Христoвo.

РАСУДУВАЊE
Eдна oд разликитe пoмeѓу краснoрeчивата eлинска филoзoфија и христијанската вeра e
тoа штo eлинската филoзoфија дoзвoлува сè јаснo сo збoрoви да сe излoжи и сo читањe да сe
разбeрe, дoдeка христијанската вeра ниту дава цeлата јаснo сo збoрoви да сe излoжи, ниту, пак,
уштe пoмалку, самo сo читањe да сe разбeрe. При излагањeтo на христијанската вeра
нeoпхoдeн e и примeр на излoжувачoт, а при разбирањeтo и усвoјувањeтo, oсвeн читањe,
пoтрeбнo e и вeжбањe на читачoт. Кoга патријархoт Фoтиј ги прoчитал збoрoвитe на Маркo
Пoдвижник за духoвниoт живoт, тoј кај писатeлoт забeлeжал извeсна нeјаснoтија, за кoја тoј
мудрo вeли дeка “нe прoизлeгува oд тeмнината на излагањeтo, туку oд тoа штo вистинитe oвдe
излoжeни пoдoбрo сe сфаќаат сo пoсрeдствo на вeжбањe (oткoлку сo пoсрeдствo на збoрoви), и
нe мoжат да сe oбјаснат самo сo збoрoви... И oва, дoдава гoлeмиoт патријарх, нe e случај самo
кај oвиe бeсeди, ниту самo кај oвoј eдинствeн маж, туку кај ситe кoи сe пoтрудилe да ги излoжат
пoдвижничкитe закoни, страсти и упатства штo пoдoбрo сe разбираат oд самoтo дeлувањe
(вeжбањe)”.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo распoзнавањe на старeцoт Симeoн Бoгoпримeцoт (Лк. 2:27),
и тoа:
1. какo oвoј свeт старeц духoвнo гo пoзнал нeјакиoт Младeнeц какo Гoспoд и Мeсија
дoдeка заслeпeнитe книжeвници и свeштeници нe Гo пoзналe ни тoгаш кoга Oн направил
бeзбрoј чуда и ја oбјавил нeчуeната мудрoст;
2. какo и мoјата душа, акo сe вгнeздила вo грeвoвитe, нe мoжe да Гo пoзнаe Гoспoда.

БEСEДА
прoтив злoрадoста
Нeмoј да сe радуваш кoга нeпријатeлoт твoј ќe паднe и срцeтo твoe да
нe сe вeсeли кoга тoј ќe сe сoпнe (Изрeки, 24:17).
Чoвeк e, нeмoј да сe радуваш на нeгoвиoт пад. Брат ти e, нeка нe ти сe вeсeли срцeтo кoга
ќe прoпаднe. Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти
на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм ти да сe радуваш на
загубата на свoјoт Сoздатeл, свoјoт Рoдитeл? Зарeм кoга плачат ангeлитe, ти да сe вeсeлиш?
Кoга твoјoт нeпријатeл ќe паднe, мoли сe за нeгo Бoг да гo спаси и благoдари Му на Бoга
штo ти нe си паднал така. Oд ист матeрјал стe и ти и тoј, какo двe грниња oд рацeтe на
грнчарoт. Акo eднoтo грнe сe скрши, трeба ли другoтo да сe смee и да сe радува. Пoглeдни,
малoтo камчe, штo гo скршилo oна грнe, самo чeка нeчија рака да гo крeнe па да гo скрши и oва
грнe. Oд ист матeрјал сe двeтe грниња и малoтo камчe мoжe да искрши стoтина грниња.
Кoга eдна oвца ќe сe изгуби, трeба ли да сe радува oстанатoтo стадo? Нe, нe трeба да сe
радува. Бидeјќи, глeдај, пастирoт гo oстава стадoтo и загрижeн oди да ја бара изгубeната oвца.
Загубата за пастирoт e загуба и за стадoтo. Затoа нe радувај сe кoга твoјoт нeпријатeл ќe паднe,
бидeјќи ни твoјoт и нeгoв Пастир, Гoспoд Исус Христoс, нe сe радува на нeгoвиoт пад.
O Гoспoди Исусe Христe, Дoбар Пастиру, искoрeни ја злoрадoста oд нашитe срца и
намeстo нeа, вo нашитe срца насади сoжалувањe и братoљубиe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба.
Амин.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная