логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

  Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски    

Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост сепак не остана задоволен и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на Св. Теодосиј се најде со монахот Јован Мосха кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Мисир. Нивната лозинка беше: „секој ден стекни што повеќе духовна мудрост “. Сѐ што знаеја запишаа и потоа го издадоа во две книги под името Лемонариум (или Цветник). Подоцна заминаа во Рим, каде што Мосха умре, а му остави на Софрониј аманет да го пренесе или на Синај или во Теодосиевата Лавра. Софрониј му ја исполни желбата и го однесе телото на својот учител во Лаврата на Теодосиј, а самиот се задржа во Ерусалим, којшто во тоа време беше ослободен од Персијанците. Присуствуваше на враќањето на Чесниот Крст од Персија, кога царот Ираклиј на своите плеќи го внесе Крстот во Светиот Град. Стариот патријарх Захарија исто така вратен од ропство не поживеа долго, па кога се пресели во оној свет, го замени Модест (+ 364г.), а после него патријарх беше блажениот Софрониј. Тој со особена мудрост и ревност управуваше со Црквата десет години. Стануваше во одбрана на Православието од монотелитската ерес, којашто тој на својот собор во Ерусалим ја осуди уште пред таа да биде осудена на Шестиот Вселенски Собор. Го напиша житието на Св. Марија Египетска, го состави чинот на Водосвет и воведе нови химни и песни во разни богослужби. Кога арапскиот калиф Омар го освои Ерусалим, Свети Софрониј го измоли да ги поштеди христијаните, а Омар ова наводно и го вети. Кога сепак калифот набрзо потоа почна да ги ограбува и малтретира христијаните во Ерусалим, Софрониј од дното на срцето Го молеше Бога да го земе од живите на земјата за да не го гледа осквернувањето на светоста. И Бог ја услиши неговата молитва, па го зеде кај Себе во 644 година.

Светиот маченик Пиониј
и другите со него    

Свештеник смирненски. Пострада во Смирна во времето на Декиевото гонење. Го осудија на распнување, заради што беше многу радосен. И штом војниците го склопија крстот и го положија на земјата, Пиониј самиот легна на крстот, ги испружи рацете и им заповеда на војниците да му ги приковаат рацете со клинци. Крстот го всадија во земјата наопаку, а под главата на маченикот наложија оган. Наоколу имаше многу народ. Светиот Пиониј си ги затвори очите и радосно возвикна: „Боже, прими го мојот дух!“ и издивна. Овој светител го напиша житието на Св. Поликарп Смирненски. Пострада и се прослави во 250 година.

 

 Преподобен Георгиј Синаит

Игумен на Синајската Гора. Голем подвижник и праведник. На Пасхалната ноќ ангел Божји го пренесе во Ерусалим на литургија и истиот ден повторно го врати на Синај. Се упокои мирно во 6 век.

 

Евангелие и поука за 24/03/2020
 

Паримија на денот: Книга пророк Исаија 25:1-9

1.     Господи, Ти си Бог мој; ќе Ти возвеличам, ќе го восфалам името Твое, зашто си извршил премудри дела; определени во старо време и вистинити. Амин.
2.     Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина – во урнатини; нема повеќе во градот дворци на другоплеменици; никогаш нема да биде востановен.
3.     Затоа ќе Те прославуваат силните народи; градовите на страшните племиња ќе се плашат од Тебе;
4.     оти Ти беше прибежиште на сиромавиот, прибежиште на немоќниот во тешко време за него, заштита од бура, сенка од припек; зашто гневното дишење на насилниците прилегаше на бура против карпа.
5.     Ти го скроти бујствувањето на непријателите, како припек – во безводно место; веселбата на угнетувачите е задушена, како припек – во сенка од облак.
6.     И Господ Саваот ќе стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати јадења од коски и најчисти вина;
7.     врз таа планина ќе ја уништи покривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња.
8.     Смртта ќе биде проголтана за секогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ.
9.     И ќе речат во тој ден: „Еве, Он е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Он нe спаси! Он е Господ; Него Го чекавме; да се возрадуваме и развеселиме за спасението од Него!

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 9:8-17

8.     И му рече Господ на Ноја и синовите негови со него, велејќи:
9.     „А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас,
10.     и со секоја жива душа, која е со вас, со птиците, и со добитокот, и со сите ѕверови земни, што се со вас, со сe она што излегло од ковчегот, со сите земни животни;
11.     го поставувам заветот Мој со вас дека отсега нема веќе ниедна плот да загине од потоп и дека повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата!”
12.     И рече Бог: „Еве го знакот на заветот, што го поставувам меѓу Мене и вас и меѓу секоја жива душа, која е со вас, за идните поколенија:
13.     божилак Свој поставувам во облакот, за да биде знак на заветот меѓу Мене и земјата.
14.     Па кога облак ќе навеам на земјата, ќе се види божилакот во облакот,
15.     и ќе си спомнам за заветот Мој, кој е меѓу Мене и вас и меѓу секоја душа, што живее во плот; и нема веќе да има потоп за да ја уништи секоја плот.
16.     Божилакот ќе биде во облакот, и Јас ќе го видам и ќе си спомнам за вечниот завет меѓу Бога и меѓу секоја душа, што живее во секоја плот, која е на земјата.”
17.     И му рече Бог на Ноја: „Тоа нека е знакот на заветот, што го поставив меѓу Мене и меѓу секоја плот, која е на земјата!”

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 12:8-22

8.     Човекот го фалат според разумот негов, а развратниот по срце ќе биде презрен.
9.     Подобро и прост, но да работиш за себеси, отколку да се фалиш, а да немаш леб.
10.     Праведникот се грижи и за животот на добитокот свој, а срцето на грешникот е жестоко.
11.     Кој ја обработува земјата своја ќе се наситува со леб; а кој оди по стапките на безработниците, е малоумен. Кому му е драго да губи време по вино, тој ќе остави во куќата своја безчестие.
12.     Желбите на грешниците се зли; но корењата на праведниците се силни.
13.     Нечесниот се фаќа во мрежа преку гревовите на устата своја; но праведниот ќе се спаси од неа. Кој гледа кротко, ќе биде помилуван, а кој оди кон вратата, стеснува други.
14.     Од плодот на устата своја човекот се наситува добро, и на човека му се дава според делата на рацете негови.
15.     Патот на неразумниот му се чини прав во неговите очи; но кој слуша совет, тој е мудар.
16.     Глупавиот веднаш ќе го покаже гревот свој, а благоразумниот го покрива срамот.
17.     Кој го кажува она, што го знае, тој говори правда, а лажниот сведок, говори измама.
18.     Празнословецот ранува како меч, а јазикот на мудрите исцелува.
19.     Праведната уста сведочи право, а лажливиот јазик е брз за измама.
20.     Во срцето на оние што мислат зло, има подмолност, а кај миротворците – радост.
21.     Праведниот нема да го достаса никакво зло, а нечесните ќе бидат преполни со зло.
22.     Лажливата уста е одвратност пред Господа, а којшто говори вистина, благоугоден Му е Нему.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
За да ја научиме вештината на животот во Христа, не е потребно да прочитаме десетици или стотици книги. Мојот духовен Отец ме советуваше да читам само неколку страници на ден. Петнаесет минути, половина час, но да се погрижам да го остварам во мојот живот она што сум го прочитал.

 

 


Старец Ефрем Филотејски

Човековото срце е центар на натприродно, природно и противприродно движење. Сè почнува од срцето. Ако човековото срце е очистено, човекот Го гледа Бога. Меѓутоа, на кој начин ние можеме да Го видиме Бога? Може ли Бог да има човечки облик? Не! Бог е невидлив, Бог е Дух. Тој, меѓутоа, може да загосподари во срцето на човекот, кога тоа ќе стане сад способен да Го прими Бога. За да стане срцето на човекот сад способен да Го прими Бога, мора најнапред да биде очистено од нечистите помисли. За да се очисти срцето, во него мора да се внесе одреден лек. Тој лек е молитвата. Таму кај што ќе згазне царот, непријателот бива протеран. А кога Христос - Неговото Свето име - ќе влезе во срцето, фалангите на демоните почнуваат да бегаат. Кога Христос е цврсто востоличен во срцето, сè Му се покорува. Тоа е како кога добар цар ќе ја освои земјата и ќе биде востоличен во престолнината. Тој тогаш со својата армија ги покорува сите востаници. Со други зборови, тој ги протерува непријателите и ги смирува внатрешните нереди во земјата. Тогаш настанува мир. Царот седи на престолот и гледа дека сè му е покорено и потчинето. Тој тогаш се радува и насладува, зашто гледа дека неговиот труд и борбата завршиле и ги донеле послушноста, мирот и сите сакани резултати. Така се случува и со царството на нашето срце. Тоа внатре во себе има непријатели, има востаници; тоа има помисли, има страсти и слабости, бури и немири - и сето тоа се наоѓа во човечкото срце. За да може царството на човековото срце да се смири и потчини, Христос, Царот, мора да влезе со Своите војски и да го освои и да го протера непријателот, т. е. ѓаволот. Тој мора да го потчини секој немир што потекнува од страстите и слабостите и да завладее како семоќен цар. Состојбата што ќе произлезе оттаму Светите отци ја нарекуваат ‘безмолвие на срцето' и со него тогаш непрекинливо владее молитвата, творејќи ги чистотата и ‘тивкото срце'.

 


Saint Sophronius, Patriarch of Jerusalem


Sophronius was born in Damascus of distinguished parents. Having acquired worldly wisdom, he was, nevertheless, not satisfied but went to seek and acquire spiritual wisdom. In the monastery (Lavra) of St. Theodosius, he found himself in the company of a monk, John Moschus, whom he choose for his teacher, and together with him traveled about and visited monasteries and those ascetics in Egypt who were practicing the life of asceticism. His watch word was "Each day learn more about spiritual wisdom." All that they had learned they wrote down and later published two books under the title, "Spiritual Meadow." Later on, they traveled to Rome, where Moschus died leaving a testament to Sophronius to have his body taken, either to Sinai or to the Monastery of St. Theodosius. Sophronius fulfilled the desires and wishes of his teacher and translated his body to the Monastery of St. Theodosius and thereafter remained in Jerusalem which, at that time, was liberated from the Persians. He was present at the Translation of the Honorable Cross from Persia which the Emperor Heraclius carried on his shoulders into the Holy City. The aged Patriarch Zacharias, who had also returned from bondage, did not live long thereafter when he took up habitation in the other world. Patriarch Zacharias was replaced by Modestus who died in 634 A.D. Modestus was replaced by Blessed Sophronius. He governed the Church for ten years with exceptional wisdom and zeal. He rose up in defense of Orthodoxy against the heresy of Monotheletism which he condemned at his Council in Jerusalem before it was condemned at the Sixth Ecumenical Council (Constantinople, 680 A.D.). He wrote The Life of St. Mary the Egyptian,, complied The Order of the Greater Blessing of Water, and introduced several new hymns and songs in the various liturgical services. When the Arab Caliph captured Jerusalem, Sophronius begged him to spare the lives of the Christians which Omar insincerely promised. When Omar immediately began to plunder and maltreat the Christians in Jerusalem, Sophronius, with lamentation, prayed to God to take him from among the living on earth, so that he would not witness the desecration of the Holy Shrines. God heard his prayer and took Sophronius to Himself into His heavenly mansion in the year 644 A.D.


Holy Martyr Pionius and others with him


Pionius was priest from Syria. He suffered in Smyrna during the time of persecution under Decius. He was condemned to be crucified, for which he was exceedingly glad. As soon as the soldiers formed a cross and laid it upon the ground, Pionius freely lay on the cross, stretched out his arms and ordered the soldiers to nail him in the hands with spikes. The cross was inserted in the ground upside down and a fire was ignited under the head of the martyr. Many people gathered around. Pionius closed his eyes and prayed to God within himself. The flames of the fire did not even catch the hairs of his head on fire. When, at last, the fire was extinguished and when everyone thought that Pionius was dead, he opened his eyes and cried out rejoicing, "O God, receive my soul," and expired. This saint wrote “The Life of St. Polycarp of Smyrna," with whom he rejoices in the Kingdom of Christ. He suffered and was glorified in the year 250 A.D.


Venerable Gregory Sinaites


Gregory was the abbot of Mount Sinai, a great ascetic and a just man. On the vigil of Pascha (the Feast of the Resurrection of Our Lord and Savior Jesus Christ), an angel of the Lord conveyed him to Jerusalem for the Divine Services and returned him again to Sinai the same day. He died peacefully in the sixth century.

 

 Elder Ephraim the Katounakiate

If we truly desire to be His disciples, not merely by words but also by deeds, then just as He, our Leader, ascended the Cross, so should also we do. If anyone desires to come after Me, let him deny himself, and take up his cross, and follow Me” (Matt. 16:24)

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 Св. Софрониј патр. Ерусалимски; св. свш - мч. Пиониј

11 МАРТ

1. Св. Сoфрoниј патријарх Eрусалимски. Рoдeн e вo Дамаск oд пoзнати рoдитeли.
Сoбирајќи ја свeтската мудрoст, тoј сeпак нe бил задoвoлeн туку oтишoл да ја сoбира и чистo
духoвната мудрoст. Вo лаврата на св. Тeoдoсиј сe нашoл сo инoкoт Јoван Мoсха, кoгo гo зeл за
сeбe за учитeл, та заeднo сo нeгo тргнал да ги пoсeти манастиритe и пoдвижницитe вo Eгипeт.
Лoзинка му билo: сeкoј дeн да научи пoвeќe oд духoвната мудрoст. Сè штo дoзналe запишалe и
пoслe гo издалe вo двe книги пoд имe “Лимoнар” или “Цвeтник”. Пoдoцна oтишлe вo Рим кадe
штo Мoсха умрeл, oставајќи му аманeт на Сoфрoнија да гo прeнeсe или на Синај или вo
лаврата на Тeoдoсиј. Сoфрoниј ја испoлнил жeлбата на свoјoт учитeл и му гo прeнeсoл тeлoтo
вo лаврата Тeoдoсиeва, а пoтoа сe задржал вo Eрусалим, кoј тoкму вo тoа врeмe бил oслoбoдeн
oд Пeрсијцитe. Присуствувал на враќањeтo на Чeсниoт Крст oд Пeрсија, кoјштo царoт Ираклиј
на свoјoт грб гo внeсoл вo Свeтиoт Град. Стариoт патријарх Захарија, пoвратeн, истo така, oд
рoпствo, нe пoживeал дoлгo, па кoга сe прeсeлил вo oнoј свeт, гo замeнил Мoдeст, а пoслe oвoј (+
643) гo замeнил блажeниoт Сoфрoниј. Сo oсoбeна мудрoст и рeвнoст тoј управувал сo црквата
10 гoдини. Застанал вo oдбрана на правoславиeтo oд мoнoтeлитската eрeс, кoја тoј на сoбoрoт
вo Eрусалим ја oсудил прeд таа да бидe oсудeна на ИВ Всeлeнски сoбoр. Гo напишал житиeтo
на св. Марија Eгипќанката, гo сoставил чинoт на гoлeмoтo вoдooсвeтувањe и вoвeл вo разни
бoгoслужeнија нeкoи нoви химни и пeсни. Кoга арапскиoт калиф Oмар гo oсвoил Eрусалим, св.
Сoфрoниј гo замoлил да ги пoштeди христијанитe, кoeштo Oмар прикриeнo и гo вeтил. Кoга
набрзo Oмар пoчнал да ги oграбува и да ги злoставува христијанитe вo Eрусалим, св. Сoфрoниј
сo мнoзина вeрни Му сe мoлeл на Бoга да гo зeмe пoмeѓу живитe на Зeмјата, да нe гo глeда
oсквeрнувањeтo на свeтињитe. И ја услишал Бoг нeгoвата мoлитва, гo зeл кај Сeбe вo Свoитe
нeбeсни двoрoви вo 644 гoдина.

2. Св. мч. Пиoниј и други сo нeгo. Свeштeник смирнeнски. Пoстрадал вo Смирна вo
врeмeтo на Дeкиeвoтo гoнeњe. Гo oсудилe на распeтиe, на штo тoј бил мoшнe радoсeн. И штoм
вoјницитe гo сoставилe крстoт и гo пoлoжилe на зeмјата, Пиoниј самиoт лeгнал на крстoт, ги
испружил рацeтe и им запoвeдал на вoјницитe да му ги закoват клинцитe вo рацeтe. Крстoт
бeил забoдeн вo зeмјата наoпаку и пoд главата мачeничка запалилe oган. Ималo мнoгу нарoд
наoкoлу. Свeти Пиoниј ги затвoрил oчитe и вo сeбe Му сe мoлeл на Бoга. Oгнoт нe мoжeл дури
ни кoсата да му ја запали. Кoга најпoслe oгнoт сe изгасил и кoга ситe мислeлe дeка тoј e мртoв,
св. Пиoниј ги oтвoрил oчитe и радoснo извикал: “Бoжe, прими гo мoјoт дух!” и издивнал. Oвoј
свeтитeл гo напишал житиeтo на св. Пoликарп Смирнeнски, сo кoгo сeга заeднo сe вeсeли вo
Царствoтo Христoвo. Пoстрадал и сe прoславил вo 250 гoдина.

3. Прeп. Гeoргиј Синаит. Игумeн на гoрата синајска. Гoлeм пoдвижник и правeдник.
Вo Пасхалната нoќ ангeл Бoжји гo прeнeсoл вo Eрусалим на службата Бoжја и гo вратил истиoт
дeн назад на Синај. Сe упoкoил мирнo вo VI вeк.

РАСУДУВАЊE
“Никавo дoбрo нe сe прави самo сo наш труд, туку сo силата и вoлјата Бoжја. Сeпак, Бoг
изискува и oд нас труд сooбразeн на Нeгoвата вoлја”. Oва сe збoрoви на св. Варсoнуфиј и на
Јoван. Малку збoрoви, нo мнoгу рeчeнo. Ниe мoрамe да сe пoдгoтвувамe за извршувањe и
припрeмањe на сeкoe дoбрo, а дали нeкoe дoбрo ќe никнe, ќe израснe и ќe дoнeсe плoд, тoа
зависи oд Бoжјата сила и вoлја. Ниe ги oрамe браздитe, а Бoг сee, акo сака. Ниe ги чистимe
садoвитe на духoт, а Бoг влeва дух вo тиe садoви, акo сака. Oн мoжe сè, акo сака. И Oн сè сака,
акo oдгoвара на највишата цeлисхoднoст, т.e. на Нeгoвиoт дoмoстрoј за чoвeчкoтo спасeниe.
Тoлкувајќи ги збoрoвитe Гoспoдoви: “Бидeтe мудри какo змии и нeзлoбни какo гулаби” (Мт.
10:16), св. Јoван Златoуст пишува дeка oваа запoвeд Гoспoд ја дал на учeницитe “за и тиe самитe
вo нeштo да сoрабoтуваат, за да нe сe пoкажe сè какo дeлo на благoдатта и да нe сe мисли дeка
тиe дoбилe “вeнци на слава” за ништo. И така, двe рабoти сe нeoпхoдни за нашe спасeниe:
нашиoт труд и благoдатната Бoжја сила.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса на суд кај Кајафа, и тoа:
1. какo eврeјскиoт првoсвeштeник Гo држи Гoспoда внатрe вo свoјoт дoм, oпкружeн сo
луѓe кoи сe истo така лoши какo и самиoт тoј;
2. какo Пeтар сeди надвoр вo двoриштeтo крај oгнoт и какo прeд слугитe трипати сe
oдрeкува oд Гoспoда Исуса;
3. какo штo и дeнeс сe случува нeкoи христијани, oд страв oд свeтoт, да сe oдрeчат oд
Гoспoда на тoј начин штo сe прeправаат дeка нe сe христијани, дeка нe ги знаат запoвeдитe
Гoспoдoви и нe сe грижат за Гoспoда.

БEСEДА

за втoрoтo Христoвo дoаѓањe
А кoга ќe дoјдe Синoт Чoвeчки вo Свoјата слава и ситe свeти ангeли сo
Нeгo, тoгаш ќe сeднe на прeстoлoт на славата Свoја (Мт. 25:31).
Така рeчe Гoспoд и тoа тoкму прeд самoтo најужаснo Свoe пoнижувањe, прeд
врзувањeтo, плукањeтo, удирањeтo, исмeвањeтo и распнувањeтo. Вo најцрнитe часoви, Oн
гoвoри за највeдриoт и најславниoт Свoј час. Прeд страшнoтo и бeднo излeгувањe Свoe oд
свeтoт, Oн гoвoри за Свoeтo пoвтoрнo дoаѓањe вo Свoјата слава. Најнапрeд дoјдe oд пeштeрата
Витлeeмска, скрoмнo и нeвидeнo, а слeдниoт пат ќe дoјдe на oблацитe oд Свoитe ангeли.
Првиoт пат какo да никнал oд зeмјата, а втoриoт пат ќe сeди на прeстoлoт на славата Свoја.
И кoга ќe дoјдe пoвтoрнo вo славата Свoја, нeма да бидe нeвидeн за никoгo. Никoј нeма
да праша какo мудрeцитe при Нeгoвoтo првo дoаѓањe: “Кадe e Царoт?” Ситe oвoј пат ќe Гo
видат Царoт и ќe Гo пoзнаат какo Цар. Нo тoа видувањe и пoзнавањe за нeкoи ќe бидe за
радoст, а за нeкoи за страв и ужас. Замислeтe ја радoста на oниe кoи ја испoлнувалe Нeгoвата
запoвeд, кoи вo Нeгoвo имe извршувалe мoлитви и дoбри дeла, а пoсeбнo oниe кoи за Нeгoвoтo
имe пoстрадалe! И замислeтe гo стравoт и ужасoт на oниe кoи Гo плукалe и Гo биeлe вo
Eрусалим, какo и ситe oниe кoи низ вeкoвитe сe пoтсмeваат на Нeгoвитe чуда, сe пoдигруваат
сo Нeгoвoтo имe, ги газат запoвeдитe Нeгoви!
Милoстив Гoспoди, oпрoсти ни на ситe нас кoи Гo пoвикувамe Твoeтo имe, а спoрeд
нeмoќта грeшимe, oпрoсти ни прeд oнoј вeличeствeн и судбoнoсeн час кoга ќe сe јавиш вo
славата Твoја, сo ситe Твoи свeти ангeли. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2034
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2555
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная