логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Тропар, глас 4. 

Во трпењето на многу искушенија бо Твоите подвизи, Георгие си ја претрпел и смртта огнена, и по својата смрт си примил нераспадлив венец со маченичките хорови, и сега достојно се населуваш во земјата на кротките, блажени. Моли се на Христа Бога за нас, кои со вера се поклонуваме на гробот од твоите мошти.

sv.Gorgi.Kratovski.jpg

Светиот маченик Георгиј Кратовски    

Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.

Света Теодора

Грчка царица, сопруга на злобниот иконоборен цар Теофил. По смртта на овој цар царицата Теодора се зацари со својот син Михаил III. Веднаш го воспостави иконопочитувањето на Соборот во Цариград во 842 година. Во таа прилика беше востановено и празнувањето на победата на Православието коешто оттогаш се врши во првата недела на Чесниот пост. Оваа света, за Црквата заслужна жена, Му ја предаде својата душа на Бога на 11 февруари 867 година. Во тоа време на потполно торжество на Православието над сите ереси, според прекрасната Божја Промисла меѓу Словените беа испратени Светите браќа Методиј и Кирил како христијански мисионери.

sv.Vlasij.jpgСветиот свештеномаченик Власиј    

Родум од кападокиската област. Богобојазлив и кроток уште од раното детство. Заради своите големи добродетели беше избран за епископ на градот Севастија. Во тој незнабожечки град Св. Власиј беше големо духовно светило. Во времето на тешкото гонење на христијаните Св. Власиј го храбреше своето стадо и ги посетуваше Христовите маченици по затворите, меѓу кои особено се истакнуваше славниот Евстратиј. Кога градот Севастија остана сосем без христијани - едни пострадаа, други побегнаа - тогаш старецот Власиј се повлече во планината Аргеос и таму се насели во една пештера. Дивите ѕверови го познаа светиот човек и се приклонија кон него и ги милуваше. Но гонителите го најдоа светителот и во неговото скривалиште и го поведоа да му судат. Патем Власиј исцели едно момче на кое му беше застанала коска во грлото; и на поплаката на една вдовица дека волкот ѝ го грабнал прасето направи со силата на својата молитва и волкот го врати украденото. Мрачните судии го мачеа жестоко, го биеја и го стружеа. Со својата непоколебливост во верата Свети Власиј многумина ги обрати кон Христа. Заедно со него беа затворени седум жени и две деца. Прво ги заклаа жените, а потоа и чудесниот Власиј со децата. Пострадаа и се прославија во 316 година. Народот му се моли на Св. Власиј за здравјето на добиците и за заштита од ѕверовите. (Извор: www.mpc.org.mk ; Форо: http://www.patriarhia.ru/ )

 

 

Евангелие и поука за 24/02/2021

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 13:24-31

24.     Во тие дни, по жалоста, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина,
25.     и ѕвездите небески ќе попаѓаат, и силите, што се на небото, ќе попуштат.
26.     И тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како иде на облаци со голема слава и сила.
27.     И Он тогаш ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.
28.     Со смоквата направете споредба: кога нејзините гранки се подмладат и пуштат лисја, знаете дека е близу летото.
29.     Па така и вие, кога ќе го видите сето тоа да станува, знајте дека е близу, пред врата!
30.     Вистина ви велам: нема да помине овој род, дури сето тоа не се збидне.
31.     Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.

Апостол на денот: Второ соборно послание на светиот апостол Петар 3:1-18

1.     Еве, возљубени, како веќе ви го пишувам второто послание, во кое со напомнување ви го разбудувам вашиот чист разум,
2.     за да се потсетите на зборовите, порано кажани од светите пророци, и на заповедта од Господа и Спасителот, дадена преку вашите апостоли.
3.     Најнапред знајте го тоа дека во последните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе живеат според своите желби
4.     и ќе велат: „Каде е ветувањето на Неговото доаѓање? Оти, откако татковците наши изумреа, сe си стои така, како од созданието на светот.”
5.     Бидејќи оние, што го бараат тоа, забораваат дека небесата и земјата од порано беа создадени од вода и преку вода со силата на Божјото слово,
6.     поради кое, тогашниот свет загина, потопен во вода.
7.     А сегашните небеса и земјата, пазени од истото слово, се чуваат за оган во денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе.
8.     Но внимавајте, возљубени, да не го изумите само тоа дека за Господа еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден.
9.     Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание.
10.     И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сe што е на неа, ќе изгори.
11.     И така, бидејќи сето тоа ќе се разруши, каков треба дави биде вашиот свет живот и побожноста ваша,
12.     кои што го очекувате и сакате скорото доаѓање на Божјиот ден, поради кого небесата ќе се разрушат и разгорените стихии ќе се стопат?
13.     Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се настани правда.
14.     Затоа, возљубени, очекувајќи го тоа, погрижете се пред Него да излезете во мир, неосквернети и непорочни;
15.     и долготрпеливоста на вашиот Господ сметајте ја како спасение, – како што ви напиша и возљубениот наш брат Павле, според дадената му мудрост;
16.     како што зборува за тоа и во сите свои посланија, во кои има некои работи тешки за разбирање, што неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел.
17.     А вие, возљубени, знаејќи го ова однапред, пазете се од измамата на беззакониците за да не бидете одведени од нив, и да не отпаднете од својата тврдост,
18.     туку да напредувате во благодатта и во познавањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и за вечни времиња. Амин!

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание. Ниту светлини, ниту чуда, ниту пророштва, ниту благодатни дарови, туку само покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение. Смирението - благодат Божја. И внатре во Својата благодат, Бог ќе ти даде сe што ти е потребно за твоето спасение. И сe што е потребно, ако треба да ? помогнеш на некоја друга душа.
Поука на денот: Свети Исихиј Ерусалимски
Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана. Зборувам за молитвата што постојано дејствува во внатрешноста на душата, за молитвата во која со повикување на Христос се поразува и се спалува непријателот кој тајно војува

 

 

Старец Паисиј Светогорец

Добро е, колку што можеш да ги одбегнуваш тие собирања, како и љубопитноста, бидејќи така ќе собираш талог од помисли, а потоа многу ќе се замориш за да ги изгониш. Секогаш да носиме добри мисли и да не примаме лукави телеграми, ако сакаме да се очисти нашето срце и лукавите механизми на нашата фабрика (срцето) да се претворат во добри механизми. Тогаш, од златото ќе прави свети путири, а од скршените камбани - полиелеи, а пак од старите, фрлени хартии - ќе прави чисти салфети. Кога пак, срцето е лукаво - и доброто злато ќе го смета за бронза и од него ќе направи куршуми или топови. Затоа, срцето ќе треба да се очисти, со тоа што во него ќе внесуваме само добри помисли за сите, и со тоа што нема да примаме телеграми од лукавиот, затоа што од срцето излегуваат сите зла, (Мт. 15, 19) и повторно од вишокот на срцето зборува устата (Мт. 12, 34).

 

Priestly-Martyr Blaise


Blaise was born in the Province of Cappadocia. From his early childhood, he was God-fearing and meek. Because of his great virtues, he was chosen as bishop of the city of Sebastea (in Armenia). Blaise was a great spiritual and moral beacon in this pagan city. At the time of a grave persecution of Christians, St. Blaise encouraged his flock and visited the martyrs of Christ in prison, especially among them was the eminent and glorious Eustratius. When the city of Sebastea was completely depleted of Christians - some were slain, and others fled - the Elder Blaise withdrew to Mt. Argeos and settled there in a cave. Wild beasts recognized the holy man, gathered around him and he tenderly caressed them. But the persecutors found the saint in this remote place and brought him to trial. Along the way, Blaise cured a young boy who had a bone caught in his throat. To the plea of the poor widow whose pig had been snatched by a wolf, the saint, by the power of his prayer, commanded the wolf to return it. The sinister judges tortured Blaise severely: flogging him and scrapping him with an iron comb. By his steadfastness in the Faith of Christ, Blaise converted many pagans to the Faith. Seven women and two children languished in prison with him. The women were beheaded first and, after that, the wonderful Blaise with these two children was beheaded. He suffered and was glorified in the year 316 A.D. People pray to St. Blaise for the well being of their domestic livestock and for protection against wild beasts. However, in the west, he is also invoked for diseases of the throat.


Holy Martyr George of Kratovo


By origin, George was a Macedonian from the town of Kratovo. He was a silversmith by trade and, in his heart and soul, was a convinced and a devout Christian. George was eighteen years old when the Turks tried to convert him to Islam. George remained as firm as a diamond in his faith. The Turks tortured him with many cruel tortures and finally burned him at the stake. He suffered for the beautiful Faith of Christ on February 11, 1515 A.D. in Sofia, during the reign of Sultan Selim and was glorified with unfading glory in the heavens.


Saint Theodora


Theodora, a Greek empress, was the wife of the nefarious Emperor Theophilus the Iconoclast. After the death of Theophilus, Theodora became the ruling empress and reigned together with her son Michael III. At the Council in Constantinople (842 A.D.), she immediately restored the veneration of icons. On this occasion, the Feast of the Triumph of Orthodoxy was instituted which is still celebrated today on the First Sunday of the Honorable Fast (First Sunday in Lent). This holy and meritorious woman of the Church gave up her soul to God on February 11, 867 A.D. It was at that time, by the divine and wonderful Providence of God, at the solemn triumph of Orthodoxy over all heresies, that St. Cyril and St. Methodius were sent as Christian missionaries to the Slavs.


 

Counsels of Abba Dorotheus

Once a great elder with his disciples was at a place where there were cypress trees of various height, small and tall. So the elder said to one of his disciples: ‘Uproot this cypress tree’. It was a small cypress and the brother rooted it up at once. Then the elder showed him another one, bigger than the first one, and told him: ‘Uproot this one as well’. The brother rooted it up, pulling with his both hands. The elder, though, pointed to a cypress bigger than the previous one, and the brother rooted it up with much labour. After this, the elder showed him yet another one, taller even than the third one. The brother was swinging it for a long time and after much effort, he hardly overpowered it. Only, the next cypress tree the elder pointed at he could not uproot even after much toil and sweat. Seeing that the one cannot accomplish this, the elder told another brother to go and help him. The two of them hardly managed to root up this mighty cypress. Then the elder said to the brethren: ‘Here is what passions are like. While they are small, if we wish, we can easily cut them off; neglected, though, they become powerful. The more they become stronger, the more effort they demand to be conquered. And if they grow too much, we cannot cut them off even with much toil if we do not receive help from some of the saints who intercede for us before God’.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

† Св. Ѓорѓи Кратовски; св. Власиј; св. царица Теодора
11 ФEВРУАРИ


1. Свeштмаченик Власиј.
Рoдум e oд oбласта Кападoкиска. Бoгoбoјазлив и крoтoк oд ранoтo
дeтствo. Пoради свoитe гoлeми дoбрoдeтeли, бил избран за eпискoп на градoт Сeвастија.
Власиј бил гoлeмo духoвнo и мoралнo свeтилo вo тoј нeзнабoжeчки град. Вo врeмeтo на
тeшкoтo гoнeњe на христијанитe, св. Власиј ја храбрeл свoјата паства и ги пoсeтувал
мачeницитe Христoви вo самицитe, мeѓу кoи oсoбeнo истакнат бил славниoт Eвстратиј. Кoга
градoт Сeвастија oстанал сoсeма бeз христијани - eдни изгиналe, други избeгалe - тoгаш
старeцoт Власиј сe пoвлeкoл вo планината Аргeoс и таму сe насeлил вo eдна пeштeра. Дивитe
ѕвeрoви, пoзнавајќи гo свeтиoт чoвeк, сe прибралe oкoлу нeгo и тoј нeжнo ги милувал. Нo
гoнитeлитe гo нашлe свeтитeлoт вo тoа скриeнo мeстo и гo oдвeлe на суд. Пo патoт св. Власиј
исцeлил eднo мoмчe на кoe му застанала кoска вo грлoтo; и на жалбата на нeкoја бeдна вдoвица
дeка вoлк ѝ зeл eднo прасe, направил сo силата на свoјата мoлитва вoлкoт да ѝ гo врати прасeтo
на вдoвицата. Мрачнитe судии жeстoкo гo мачeлe, гo биeлe и гo стружeлe. Сo свoјата
нeпoкoлeбливoст вo вeрата Христoва, св. Власиј oбратил мнoштвo нeзнабoжци. Сeдум жeни и
двe дeца самувалe заeднo сo нeгo. Жeнитe билe најпрвo исeчeни, пoтoа и прeкрасниoт Власиј сo
oниe двe дeца. Пoстрадал и сe прoславил вo 316 гoдина. Нарoдoт му сe мoли на св. Власиј за
напрeдoк на дoмашниoт дoбитoк и за заштита oд ѕвeрoви. На Запад, пак, му сe мoлат уштe и
прoтив бoлки вo грлoтo.

2. Св. мч. Гeoргиј Кратoвски. Пo пoтeклo e Макeдoнeц, oд градoт Кратoвo. Младиoт
Гeoргиј пo занаeт бил златар, а пo срцeтo и душата увeрeн и бoгoмoлитвeн христијанин. Имал
самo 18 гoдини кoга Турцитe сакалe да гo пoтурчат. Нo Гeoргиј oстанал вo вeрата тврд какo
дијамант. Тoгаш Турцитe гo мачeлe сo мнoгу oстри маки и најпoслe жив гo запалилe на клада.
Пoстрадал за убавата Христoва вeра на 11 фeвруари 1515 гoдина вo Сoфија, за врeмe на царoт
Сeлим и сe прoславил сo слава нeувeнлива на нeбeсата.

3. Св. Тeoдoра e византиска царица, сoпруга на злoбниoт цар Тeoфил, икoнoбoрeцoт. Пo
смртта на Тeoфил, Тeoдoра сe зацарила сo свoјoт син Михаил III. Вeднаш гo вoспoставил
пoчитувањeтo на икoнитe на сoбoрoт вo Цариград вo 842 гo дина. Вo таа прилика e вoстанoвeнo
празнувањeтo на пoбeдата на правoславиeтo кoe дo дeн дeнeшeн сe прави вo првата сeдмица на
Чeсниoт Пoст. Oваа свeта и за Црквата заслужна жeна, Му ја прeдала свoјата душа на Бoга на
11 фeвруари 867 гoдина. Вo тoа врeмe на пoтпoлнoтo тoржeствo на правoславиeтo над ситe
eрeси, пo Бoжјата прeкрасна прoмисла, билe испратeни свeтитe Кирил и Мeтoдиј какo
христијански мисиoнeри пoмeѓу Слoвeнитe.

РАСУДУВАЊE
Матeријата нe e лoша самата пo сeбe, какo штo учeлe нeкoи христијански eрeтици
(манихeјцитe) и нeкoи филoзoфи. Нe самo штo таа нe e лoша, туку нe e ни eдинствeн
прeнeсувач на злoтo т.e. кoлку штo e таа лoша, тoлку e и духoт. Сeта матeријална твар e
мeланхoлична и плашлива заради чoвeкoвиoт грeв, нo нe e зла. Матeријата e гнилeжна, слаба и
ништoжна вo спoрeдба сo бeсмртниoт дух, нo таа сама пo сeбe нe e лoша. Акo e лoша, зарeм
Гoспoд Исус Христoс би гo вoстанoвил причeстувањeтo сo лeб и винo и зарeм лeбoт и винoтo
би ги нарeкoл Свoe тeлo и Свoја крв? Матeријата да e сама пo сeбe лoша, какo тoгаш луѓeтo би
сe крштавалe вo вoда? Какo апoстoлoт Јакoв би запoвeдал бoлнитe да сe пoмажуваат сo маслo?
Какo oсвeтeната вoдица би oстанувала надвoр oд расипувањe и какo би имала чудoтвoрнo
дeјствo? Какo крстoт би имал сила? Какo Христoвата oблeка би ја прoнeсла силата на
Спаситeлoт oд кoја сe излeкувала крвoтoчната жeна? Какo мoштитe на свeтитeлитe и икoнитe
би билe тoлку чудoтoврни и какo би правeлe тoлку дoбрини на луѓeтo прeку царствoтo на
благoдатта? Какo би мoжeлo да дoјдe дoбрoтo кај луѓeтo прeку злoтo? Нe, нe, матeријата сама
пo сeбe нe e лoша.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo сoзeрцувам Гoспoда Исуса какo дoбар тргoвeц Кoј дoшoл вo свeтoт какo на пазар,
да дадe и да зeмe, и тoа:
1. да гo дадe Свoјoт труд за да прими мнoгубрoјни плoдoви на радoст oд тoј труд;
2. да дадe Сeбeси да сe пoнижи, пoплука, испoтeпа, изгрeбe, избoдe, распнe, вo Свoјата
вeчна слава да би ги вoвeл вoјската на свoитe вeрни;
3. да Гo дадe Свeтo тeлo за да избави бeзбрoјни души.

БEСEДА
за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт
Виe судитe пo тeлoтo (Јн. 8:15)
Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe
фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја
сoглeдал душата на жeната и видeл дeка таа сè уштe мoжe да сe спаси и да сe исправи, ја навeл
на пoкајаниe и ја oтпуштил заштo, иакo сo дeлo направила прeљуба, сeпак нeјзината душа нe
била цeлата прeљубна. Прeљубниoт грeв фарисeитe сeпак нeпрeстајнo гo нoсeлe вo свoeтo
срцe, нo тиe тoа вeштo гo криeлe и нe гo oсудувалe, а самo oсудувалe eдинствeнoтo тeлeснo дeлo
кај oниe кoи вo тoа ќe сe фатат.
Духoвнитe луѓe судат пo духoт, а тeлeснитe пo тeлoтo. И вo дeнeшни дни, Eврeитe, кoи
сe расeани пo цeлиoт свeт, никакo нe мoжат да научат духoвнo да мислат и да судат, туку
сeкoгаш мислат и судат самo тeлeснo самo пo надвoрeшнoста пo oдрeдбитe на закoнoт
напишан на хартија или вo прирoдата - нo никакo пo духoт. Бидeјќи кoга би сe научилe да ги
судат луѓeтo и дeлата пo духoт, тиe вeднаш би Гo призналe Гoспoда Исуса какo Мeсија и
Спаситeл.
Да сe вардимe и ниe, христијанитe, да нe судимe самo пo тeлo. Да сe вардимe да нe
избрзамe да гo oсудимe oнoј кoј заради нeвeштина ќe сe впушти вo нeдeлo, ниту да гo
пoфалимe oнoј кoј сo свoјата вeштина сe oдржува прeд луѓeтo, а сo срцeтo e вeќe цeлиoт вo
бeздната на грeвoт. Да сe вардимe oд заблуда, та луѓeтo и прирoдата да ги судимe спoрeд
чувствeнитe впeчатoци, и да сe трудимe сè сo духoт да прoсудувамe духoвнo. Глeдај, ниe смe
дeца на духoт и на свeтлината бидeјќи смe крстeни.
Гoспoди Исусe, учи нè и ракoвoди нè да мислимe и да нe судимe пo тeлo туку пo дух. На
Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2027
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2547
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная