логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Преподобна Ксенија

Родена е во Рим како единица ќерка на прочуен сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители и за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во христовподобувањето. Иако беше жена, имаше машка издржливост во постот, молитвата и бдеењето. Често стоеше на молитва по цела ноќ. Беше облечена посиромашно од сите сестри, а врз лебот што го јадеше често истураше пепел од кадилницата. Во мигот на смртта (+ 455 г.) над манастирот се појави прекрасен знак: венец од ѕвезди со крст во средината, поблескав од сонце. Од нејзините мошти мнозина болни добија исцеление. Нејзините робинки го следеа примерот на својата игуманија и кога умреа беа погребани, според нивната желба, крај нозете на блажената Ксенија.

 

 

Светиот маченик Вавила

Свештеник во Сицилија. Пострада за Христа со двајца свои ученици во 3 век.

Преподобен Македониј

Сириски пустиник. Дури на старост се хранеше со печен леб, а пред тоа јадеше само јачменови зрна наквасени во вода. Се упокои во 418 година.

Преподобен Филон, епископ Кипарски

Посветен за епсикоп од Св. Епифаниј, беше повикан во Рим за со својата молитва да ѝ помогне на сестрата на царот Хонориј. Ги протолкува Петокнижието и Песна над песните. Се упокои мирно во 5 век.

Преподобен Дионисиј Олимписки, Чудотоворец

Се подвизуваше на Олимп. За монах потстрижен на Света Гора, каде што беше игумен на манастирот Филотеј. Пред крајот на животот повторно се повлече во осама на Олимп, каде што и се упокои во 14 век.

Света Блaженa Ксенија Петроградска (Петербуршка)
6 фебруaри
Една од најпочитуваните руски Светителки, чиј спомен сé повеќе се слави во сите православни земји. Иако Црквата во Русија ја канонизирала во последните децении на дваесетиот век, света Ксенија била сметана за светителка неполни два века од страна на рускиот народ, кој секојдневно се обраќал кон неа, просејќи го нејзиното молитвено застапништво. Останувајќи вдовица рано во нејзината младност, оваа исклучителна личност го зела врз себе големиот подвиг на јуродивство Христа ради, облекувајќи го оделото на својот упокоен сопруг. Постојат многу малку податоци за нејзините родители и нејзиниот живот пред бракот. Сепак, некои истражувачи сметаат дека блажена Ксенија е родена 1731 година. Познато е и дека Ксенија Григориевна примила добро воспитување и образование, и уште од детството знаела да чита и пишува. Се омажила на дваесет и две години, што по мерилата на тоа време се сметало за поодминато време. Според кажувањата на жителите од тој крај, кои ја познавале и паметеле Ксенија, таа и нејзиниот маж биле сродни души, и тоа до таа мера, што не можеле да живеат еден без друг. Неговото име било Андреј Фјодорович Петров, и пеел во дворскиот хор на царицата Елисавета Петровна, благочестива императорка во чиј живот црковните богослужби заземале посебно место. Андреј Фјодорович бил често зафатен пеејќи не само на богослужбите, туку и по театарски претстави, концерти и опери; сепак, нивниот брак го чувале како нешто свето и кон него се однесувале како кон „Тајна на нашата вера“. За тоа време, Ксенија Григориевна управувала со домаќинството. Немале деца, а според сеќавањата на нивните современици, и двајцата љубеле да читаат духовни книги, да им помагаат на сиромасите, и да се подвизуваат во подвигот на љубовта кон ближните. Накратко, блажена Ксенија навистина знаела што е тоа брачна среќа и можеби токму затоа често се одзива на молитвите упатени кон неа, со кои се молиме за нашите семејства и ближни. Од 1755 година во Петроград започнале да се шират епидемии на вируси, и токму во таа година, четврта од нивниот брак, Андреј Фјодорович се разболел, и после кратко боледување, откако се исповедал и причестил, ја благословил својата сопруга со зборовите „Служи Му на Господа и Бог наш, слави Го Себлагото име Негово“ и се упокоил.* Расплаканата Ксенија се прилепила до нозете на својот возљубен сопруг, и цела ноќ бдеела до него. Со поминувањето на ноќта, телото се вкочанило, но таа никако не можела да се раздели од него; се чинело дека го изгубила својот разум. Следниот ден било тешко да се препознае: за една ноќ остарела и побелела во косите… Не погребот на Андреј Фјодорович, младата вдовица веќе не изгледала толку очајна како првите денови, иако на очиглед на сите познаници „нешто се случило со неа, и веќе не личела на себе“. Сите кои дошле за последен пат да се поздрават со полковникот биле зачудени од нејзината облека: имено, таа била облечена во камзол (машки прслук), кафтан (старински машки капут од чоја), панталони и капата на својот покоен сопруг. При тоа, им довикнала на присутните: „Андреј Фјодорович не умре. Умре Ксенија Григориевна, а Андреј Фјодорович е овде, пред вас. Tој е жив, и ќе живее уште многу долго, ќе живее вечно“. Дури ги замолила свештениците да се молат за покој на душата на „слугинката Божја Ксенија“. По погребот, сиот свој имот го разделила на сиромасите, а куќата ја подарила на една своја пријателка. За роднините на нејзиниот сопруг тоа било сигурен знак дека Ксенија слегла од умот; тие дури се обратиле на надлежните со цел да го спречат губењето на имотот. Младата вдовица, која врз себе го зела светиот подвиг на јуродивство, била повикана на разговор при што било утврдено дека е потполно здрава. Тоа што роднините на нејзиниот сопруг, а и останатите, не можеле да го сфатат, е дека преку смртта на својот возљубен Андреј, Ксенија ја увидела минливоста и лажливоста на овоземната среќа. И дека преку возвишениот подвиг, сакала да се покае за своите, и гревовите сторени од својот сопруг. Токму оваа мудрост му ја објавила на светот преку маската на лудоста. Изложена на потсмев и презир, блажена Ксенија лутала по улиците на престолнината, дење и ноќе, на студ и жега. Говорела неразбирливи зборови, непрестано молејќи се. За време на градењето на црквата на Смоленските гробишта, каде подоцна и самата го наоѓа својот покој, ноќе потајно им помагала на мајсторите во нивните задачи. Со тек на време граѓаните забележале дека „безумна Ксенија“ не е обичен безумен просјак. Милостиња примала само од добри луѓе, и тоа само по една копејка, која веднаш ја давала на сиромасите. Кога машкото оделo кое го носела се искинало и распаднало, започнала да се облекува во стари, износени алишта, а на босите нозе носела испокинати кондури. Наизменично облекувала црвена блуза и зелено здолниште, и обратно. Додека дење талкала низ градот, ноќе одела надвор од него и се молела, поклонувајќи се на сите четири страни на светот. Кажувала дека на поле присуството Божјо е повидливо. Наскоро многумина започнале да сфаќаат дека во нејзините зборови и постапки се крие таен смисол, и започнале да воочуваат знаци на прозорливост кај неа; започнале да го бараат нејзиниот благослов. Скоро четириесет и пет години блажена Ксенија поминала во таквиот подвиг. Мирно се упокоила во староста, и нејзините мошти почиваат на Смоленските гробишта. Нејзиниот гроб е често посетуван од голем број поклоници, кои земаат земја од него, верувајќи во нејзината спасителна моќ. Во 1902 година на нејзиниот гроб е подигната капела во која се служеле секојдневни богослужби. Тука пишувало: „Кој мене ме знаеше, нека ја спомене мојата душа, за спасението на неговата душа. Амин.“ За време на богоборниот советски режим во Русија, кога таа капела била претворена во ателје, верниот народ и понатаму го посетувал гробот на Светителката, цртајќи мали крстчиња на надворешниот ѕид, молејќи се и оставајќи прилози да се служат парастоси за покој на нејзината душа; на тој начин за помош ѝ се обраќале како обичните селани, така и Царското семејство. Во нејзин спомен царот Александар Трети својата ќерка ја крстил Ксенија. Постојат цели книги кои ги опишуваат многуте чуда доживеани по молитвите на Блажена Ксенија. И затоа слободно може да се каже дека таа е една од најблиските светителки на царска, но и денешна Русија. Руската Задгранична Црква ја вброи во диптихот на светите во 1978 година, а Московската Патријаршија го стори истото десет години подоцна. Нејзиниот спомен се празнува на 6 февруари, и втората недела по Педесетница. * Една поинаква верзија, исто присутна во православната агиологија, нуди поинакво видување: имено, Андреј Фјодорович се упокоил ненадејно на некоја аристократска забава, непокајан од неговиот нетолку благочестив живот. И двете видувања продолжуваат паралелно да опстојуваат и да се пренесуваат во Светото Предание.

 

 Евангелие и поука за 06/02/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 12:38-44

38.     И им рече потоа во Својата поука: „Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат променети и да ги поздравуваат по улиците,
39.     и предни седишта во синагогите, и први места на гозбите.
40.     Тие, што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат, ќе бидат потешко осудени.”
41.     Па седна Исус спроти ковчежето, и гледаше како народот пушта пари во него. Мнозина богати пуштаа многу.
42.     И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што прават еден кодрант.
43.     А Исус, кога ги повика учениците Свои, им рече: „Вистина, ви велам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите, што пуштија во ковчежето;
44.     зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата сиромаштија даде сe што имаше, целата своја прехрана.”

Евангелие на денот: Прво соборно послание на светиот апостол Петар 4:12-19;5:1-5

12.     Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа поради испитувањето, како нешто ново да ви станува;
13.     но, во колку учествувате во страдањата Христови, радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се возрадувате и развеселите.
14.     А ако не укоруваат за името Христово, блазе вам, оти Духот на славата, Духот Божји почива на вас: тие, значи, на Него хулат, а вие – Го прославувате.
15.     Никој, пак, од вас да не страда како убиец, или крадец, или злочинец, ниту како оној што се меша во туѓи работи;
16.     но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за таквото учество.
17.     Оти време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние, кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие?
18.     И кога праведникот одвај се спасува, тогаш безбожникот и грешникот каде ќе се јават?
19.     И така, оние, што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро.
1.     Оние, кои се меѓу вас свештеници, ги молам јас, кој сум и сам свештеник, и сведок на Христовите страдања и соучесник во славата, што ќе се открие:
2.     пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради неправедна корист, туку од добро срце.
3.     И не како да управувате со народот, туку давајќи му пример на стадото.
4.     А кога ќе се јави Пастироначалникот, ќе добиете венец на слава што нема да свене.
5.     Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на свештениците; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобивајте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат”.

Поука на денот: Свети Серафим Саровски
Дали е возможно да не се радуваш кога со сетилните очи го гледаш сонцето? Меѓутоа, колку е поголема радоста кога умот со внатрешното око Го гледа Сонцето на правдата – Христос. Тогаш човекот навистина се радува со ангелска радост.

 

 

 

Старец Паисиј Светогорец

Оној што постојано е горделив, постојано се онеправдува самиот себеси, бидејќи никогаш нема да има духовни подеми, туку постојано падови, сè додека не се скрши, бидејќи нема скрушено срце и смиреноумие. Оние што немаат падови во овој свет, а ја имаат целата негова гордост, нивната горделивост всушност ги надминува границите (достигнува ѓаволски степен), така што нивниот пад е од задната страна на високиот врв (ѓаволски пад).


 
Venerable Xenia


Xenia was born in Rome, the only daughter of a prominent senator. Drawn by love for Christ, she refused to enter into marriage as her parents wished, but rather, to avoid this, she secretly fled from her home with two of her slaves and arrived at the Island of Cos to a place called Mylassa. There she founded a convent for virgins where she lived an ascetical life until her death. Even though she was a frail woman, she possessed a steadfast endurance in fasting, prayer and all-night vigils. She often stood all night in prayer; she was dressed more poorly than all the other sisters; and the bread which she ate, she often sprinkled with ashes from the censer (thurible). At the time of her death (450 A.D.), a wonderful sign appeared over the virgin's convent: a wreath of stars with a cross in the center, brighter than the sun. Many, who were sick, received healing from her relics. Her female slaves (tonsured nuns) continued in the example of their abbess and when they died, and according to their wishes, were buried at the feet of Blessed Xenia (Ksenia).


Holy-Priest Martyr Babylas


Babylas was a priest in Sicily. He suffered for Christ with two of his disciples in the third century.


Venerable Macedonius


Macedonius was a Syrian hermit. Only in his old age did he feed on baked bread, but before that he ate only grains of barley softened with water. He ended his earthy life in the year 418 A.D.


Venerable Philon, Bishop of Cyprus


When St. Epiphanius was summoned to Rome to assist the sister of the Emperor Honorius by his prayer, he consecrated Philon a bishop. Philon exegeted the Pentateuch and the Song of Songs. He died peacefully in the fifth century.


Venerable Dionysius of Olympus


Dionysius was a miracle-worker. He lived an ascetical life on Mt. Olympus. He was tonsured a monk on Mt. Athos (The Holy Mountain) where he was the abbot of the Monastery Philotheou. Toward the end of his life, he withdrew into solitude on Mt. Olympus where he died in the sixteenth century.


Saint Gregory Palamas

When every passion indwelt in the soul is removed from it, and the mind returns to itself, collecting fully all the other powers of the soul as well, then the mind by fulfilling the virtues makes the soul also virtuous, progressing toward ever greater perfection, tending to a further ascent (cf. Ps. 84:5). Moreover, cleansing and washing itself with God’s help the mind not only purifies from demonic deposits, but it also removes from itself all else, even what seems valuable and reasonable. When it ascends beyond all spiritual (intelligible) and beyond the notions of fantasy for itself, denying all for the love and fear of God, then, as said, it stands “deaf and soundless” before God. At that moment it goes beyond the law of the matter and unhindered it assumes its most sublime form, free from all external. This is made possible by the grace within, which transforms into better, and what is more wondrous, with ineffable light illumines the soul’s interior and perfects the inner man.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Прeп. Ксeнија Римјанка, Прeп. Макeдoниј

sv.Ksenija1.jpg
24 ЈАНУАРИ


1. Прeп. Ксeнија Римјанка. Рoдeна e вo Рим какo eдинствeна ќeрка на пoзнат сeнатoр.
Привлeчeна сo љубoвта Христoва, нe сакала да стапи вo брак какo штo сакалe нeјзинитe
рoдитeли, туку, за да гo избeгнe тoа, тајнo пoбeгнала oд дoмoт заeднo сo двe слугинки и дoшла
на oстрoвoт Кoа, вo мeстoтo Милас кадe штo oснoвала манастир на дeвици и кадe штo сe
пoдвизувала дo смртта. Иакo била слаба жeна, сeпак имала машка издржливoст вo пoстoт,
мoлитвитe и бдeниeтo. Чeстoпати пo цeла нoќ стoeла на мoлитва; била oблeчeна најбeднo oд
ситe сeстри, а на лeбoт штo гo јадeла чeстoпати сипувала пeпeл oд кадилницата. Вo часoт на
нeјзината смрт (+ 450 гoдина), сe пoјавил чудeн знак над манастирoт: вeнeц oд ѕвeзди сo крст вo
срeдината пoсјаeн oд Сoнцeтo. Oд нeјзинитe мoшти мнoгу бoлни дoбилe исцeлeниe. Нeјзинитe
рoбинки вo сè гo слeдeлe примeрoт на свoјата игуманија и кoга умрeлe, билe сoхранeти, пo
свoја жeлба, кај нoзeтe на блажeна Ксeнија.

2. Св. мч. Вавила, свeштeник вo Сицилија. Пoстрадал за Христа сo двајца свoи учeници
вo III вeк.

3. Прeп. Макeдoниј, сириски пустиник. Дури вo старoста сe хранeл сo пeчeн лeб, а
прeд тoа јадeл самo зрна oд јачмeн натoпeни вo вoда. Зeмниoт живoт гo завршил вo 418 гoдина.

4. Прeп. Филoн, eп. Кипарски. Пoсвeтeн за eпискoп oд св. Eпифаниј кoга oвoј бил
пoвикан вo Рим сo мoлитва да ѝ пoмoгнe на сeстрата на царoт Хoнoриј. Гo прoтoлкувал
Пeттoкнижиeтo и Пeсната над пeснитe. Сe упoкoил мирнo вo В вeк.

5. Прeп. Диoнисиј Oлимписки, чудoтвoрeц. Сe пoдвизувал на Oлимп. За мoнах бил
пoтстрижeн вo Свeта Гoра, кадe штo бил игумeн на Филoтeeвскиoт манастир. Прeд крајoт на
живoтoт, пак сe пoвлeкoл вo самoтија на Oлимп кадe штo и сe упoкoил вo XVI вeк.

РАСУДУВАЊE

Вo наши дни чeстoпати сe слуша oд рoдитeлитe: “Сакамe да гo oсигурамe живoтoт на
нашeтo дeтe!” Затoа сe трудат сo прeгoлeм труд, натрупуваат бoгатствo, чeстoпати и
нeправeднo гo oбразуваат свoeтo дeтe за oнoј пoзив штo дoнeсува најмнoгу тeлeсна сигурнoст и
матeријална кoрист. И тoа гo прават таканарeчeни христијани. Тиe тoа гo прават затoа штo
нивниoт пoим за вистинскиoт живoт и за вистинскoтo oсигурувањe на живoтoт e пoгрeшeн. А
eвe какo вистинската христијанка гo пoдгoтвува свoјoт син за вистинскиoт живoт: прeд смртта,
блажeна Eфрoсинија му вeлeла на свoјoт син Климeнт Анкирски: “Направи ми чeст, o синe мoј,
и мажeствeнo застани зад Христа и испoвeдај Гo крeпкo и нeпoкoлeбливo! Јас сe надeвам, o
срцe мoe, дeка на тeбe скoрo ќe расцути вeнeцoт на мачeништвoтo и вo мoја чeст, и за спасeниe
на мнoгумина... Нe плаши сe ниту на закана, ниту на мeч, ниту на рани, ни на oган. Ништo да
нe тe oддвoјува oд Христа, нo глeдај кoн нeбoтo и oттаму oчeкувај гoлeма, вeчна и бoгата
награда oд Бoга. Плаши сe oд Бoжјoтo вeличиe, плаши сe oд Нeгoвиoт суд, трeпeри oд
Нeгoвoтo сeвидливo oкo, бидeјќи oниe кoи ќe сe oдрeчат oд Нeгo ќe примат нeугаслив oган и
нeуништив црв. Oва нeка ми бидe награда oд тeбe, синe мoј сладoк, за мoитe пoрoдилни маки
и трудoт oкoлу твoeтo вoспитувањe - да сe нарeчам мајка на мачeникoт... Крвта штo ја прими
oд мeнe, нe штeди ја туку прoлeј ја, та oд тoа и јас да примам пoчeст. Пoдади гo тeлoтo на маки,
oд тoа и јас да сe зарадувам прeд нашиoт Гoспoд какo и јас да сум пoстрадала за Нeгo!”

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за Гoспoда Исуса какo учитeл, и тoа:
1. какo учитeл Кoј учи какo чoвeкoт трeба да мисли за да сe спаси;
2. какo учитeл Кoј учи какo чoвeкoт трeба да збoрува за да сe спаси;
3. какo учитeл Кoј учи какo чoвeкoт трeба да дeлува за да сe спаси.

БEСEДА

за највидoвитиoт Прoрoк
Зoштo мислитe лoшo вo срцата ваши (Мт. 9:4)?
Кoга Гoспoд пoсакал да ги укoри фарисeитe и книжницитe, oвиe вo тoј час никoгo нe
убилe, ниту прeлажалe, ниту oграбилe. И нe самo тoа, туку вo тoј час тиe никoгo сo збoр нe гo
наврeдилe. Зoштo, тoгаш, Гoспoд ги укoрил кoга тиe нe направилe ниeдeн грeв, ни сo дeлo ни
сo збoр? Затoа штo пoмислилe злo.
И злoбната пoмисла e грeв. Тoа e гoлeма нoвина штo Христoс ја дoнeсoл вo свeтoт.
Заправo, злoбната пoмисла e извoрeн грeв за сeкoј грeв, бидeјќи чoвeкoт прeд да кажe или да
направи нeштo грeшнo, тoј пoмислува грeшнo. Пoмислата e причински грeв, oстанатитe
грeвoви сe самo слeдствeни грeвoви. Кoј сака да ги уништи oвиe другитe, мoра да ги искoрeни
oвиe првитe. Кoј сака да ги запрe тeкoвитe на вoдитe, мoра првин да ги исуши извoритe. Никoј
нeка нe сe oправдува: јас нe сум грeшeн бидeјќи никoгo нe сум убил, ниту сум украл, ниту сум
oсквeрнил, ниту измамил. Глeдај, ниe смe пoлни сo убиствeни, крадачки, сквeрни и
измамнички пoмисли! Акo сo дeлo нe смe направилe грeв, тoа e самo рабoта на милoста Бoжја
и надвoрeшнитe прилики. Акo Бoг пoпуштил или пак приликитe oдгoвoралe, ниe би ги
направилe ситe oниe грeвoви штo смe ги пoмислилe. Змијата нe e oтрoвна самo кoга каснува,
туку и кoга нe каса, бидeјќи таа нoси oтрoв вo сeбe.
Значи, нe самo штo пoмислата e грeв, туку таа e извoр на грeвoт, пoчeтoк на грeвoт, сeмe
и кoрeн на грeвoт. Eтe зoштo Гoспoд, Кoј сè глeда и сè знаe, ги укoрил oниe кoи пoмислилe злo.
Зoштo мислитe лoшo вo срцата ваши?
O Гoспoди, Кoј сè глeдаш и сè знаeш, пoмoгни ни да гo исчистимe срцeтo и умoт наш oд
лoши пoмисли, та така и збoрoвитe и дeлата да ни бидат чисти. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2027
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2547
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная