логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

apostol.Timotej.jpg

Светиот апостол Тимотеј

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 - 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера. Павле го нарекува вистински син во верата (2, 1 - 2). По маченичката смрт на Св. апостол Павле, Тимотеј го имаше за учител Св. Јован Богослов. Но кога царот Дометијан го прогони Јован на островот Патмос, Тимотеј остана да епископува во Ефес наместо него. Во времето на еден идолски празник наречен Катагогиум незнабожците, лути на христијаните, подмолно и под маски го нападнаа Свети Тимотеј и го убија (околу 93 година). Неговите чесни мошти подоцна се пренесени во Цариград и погребани во црквата на Светите апостоли до гробот на Св. евангелист Лука и на Св. Андреј Првоповиканиот.

 

Преподобниот маченик Анастасиј

Родум Персијанец. Незнабожечкото име му е Магундат. Кога царот Ираклиј војуваше со Персијанците, Магундат пребега кај христијаните, отиде во Ерусалим, се крсти и го доби името Анастасиј. Не му беше доволно што се крсти, туку се замонаши за сиот да Му се предаде на Господ. Покрај останатите подвизи постојано ги читаше житијата на Светиите и ги натопуваше книгите со солзи и самиот топло копнеејќи по мачеништво. Господ најпосле го овенча со венец на маченичка слава. Долго лежеше во затвор и беше луто мачен, додека царот Хозрој не му изрече смртна пресуда. После оваа пресуда Анастасиј го удавија во вода, па го извадија и џелатот му ја пресече главата и му ја прати на царот. Пострада на 22 јануари 628 година во градот Бетсалое, близу Нинива.

 

     Собор на Руските новомаченици и исповедници. Соборот на Руските новомаченици и исповедници се празнува на 25 јануари /7 февруари, доколку овој датум е во ден недела, инаку се слави во првата недела по 7 февруари. На овој ден на Соборот на Руските новомаченици и исповедници се празнува споменот на светителите чиј ден на упокојување не е познат и се спомнуваат сите починати што пострадале за време на прогоните за верата Христова. Меѓу злосторнички убиените и намачените во време на прогонството има неброено мноштво православни: мирјани, монаси, свештеници, архиереи, чија единствена вина била нивната цврста вера во Бог. Меѓу тие што пострадале за верата во 20 век се: свети Тихон, Патријарх Московски и на цела Русија; светите Царски Маченици; свештеномаченикот Патар Крутицкиј; свештеномаченикот Владимир, митрополит Киевски и Галицки; свештеномаченик Венијамин, митрополит Петроградски и Гдовски; свештеномаченик Серафим Чичагов, митрополит; свештеномаченик протопрезвитер Александар; преподобните маченички Елисавета, кнегиња, и монахињата Варвара; и сето мноштво светии знајни и незнајни.

 

 

Евангелие и поука за 04/02/2020


Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 12:18-27

18.     Дојдоа при Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, па Го прашаа, говорејќи:
19.     Учителе, Мојсеј ни напиша: »Ако некому умре братот и остави жена, а деца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го воздигне потомството на брата си.«
20.     Беа седуммина браќа: првиот зеде жена и кога умре, не остави пород.
21.     Неа ја зеде вториот брат, и умре, но и тој не остави пород; исто така и третиот.
22.     Ја зедоа сите седуммина, и не оставија пород. По нив умре и жената.
23.     При воскресението, кога ќе воскреснат, на кого од нив таа ќе биде жена? Оти седуммина ја имаа како жена.”
24.     А Исус одговори и рече: „Зар не се лажете, бидејќи не ги познавате ни Писмата, ниту силата Божја?
25.     Зашто, кога ќе воскреснат од мртвите ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, а се како ангели на небесата.
26.     А за мртвите, дека ќе воскреснат, не сте ли читале во книгата на Мојсеја, како му рече Бог при капината: »Јас сум Бог Авраамов, и Бог Исаков, и Бог Јаковов«?
27.     Но Он не е Бог на мртвите, а Бог на живите. Вие, пак, многу се лажете.”

Апостол на денот: Прво соборно послание на светиот апостол Петар 3:10-22

10.     Оти, кој го сака животот и сака да види добри денови, нека го пази јазикот свој од зло, и узните негови да не зборуваат лаги.
11.     Нека се клони од зло и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него -
12.     бидејќи очите на Господа се обрнати кон праведните, и ушите Негови – кон нивните молитви, а лицето Господово е против оние, кои прават зло, за да ги истреби од земјата.
13.     И кој може да ви направи зло, ако правите добро?
14.     Но, ако и страдате за правда, блажени сте; а од страв пред нив не плашете се, ниту, пак да се боите;
15.     туку Господа Бога почитувајте го во срцата свои; а бидете секогаш подготвени со кротост и страв за одговор на секого, кој од вас побара сметка за вашата надеж.
16.     Имајте добра совест, та со тоа, што ве напаѓаат како злочинци, да се посрамат тие што ве кудат поради добриот ви живот во Христа.
17.     Оти, ако ? е угодно на Божјата волја, подобро е да страдате, кога вршите добро, отколку – кога вршите лошо,
18.     бидејќи и Христос, за да нe приведе кон Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните; вистина, мртов по тело, но оживе духом,
19.     со кого, откако слезе, им проповеда и на духовите, кои беа во темнина,
20.     и кои некогаш не се покорија, кога Божјата долготрпеливост ги очекуваше, во деновите на Ноја, при правењето на ковчегот, во кој малкумина, односно осум души се избавија од водата.
21.     Образот на таа вода – крштавањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветувањето на Бога – добра совест – нe спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа,
22.     Кој, откако се вознесе на небото, е оддесно на Бога, а Кому Му се покоруваат ангелите, властите и силите.

Поука на денот: Свети Серафим Саровски
Ништо не е подобро од мирот во Христос, во кој престанува секоја борба со поднебесните духови.

 

Старец Паисиј Светогорец

Не би требало да испитуваме дали огорчувањето е праведно или е неправедно, од љубов или од злоба. Дали сме виновни или воопшто не сме. Но, духовната добивка што ни ја причинува секоја неправда треба да ја примаме радосно, да им бидеме благодарни на оние што ни нанесуваат неправда и постојано да Го славиме Бог.

 

Holy Apostle Timothy


Timothy was one of the Seventy Apostles. He was born in Lystra in Lycaonia of a Greek father and a Jewish mother. The Apostle Paul praised his mother and grandmother because of their sincere faith. "I yearn to see you again, recalling your tears, so that I may be filled with joy, as I recall your sincere faith that first lived in your grandmother Lois and in your mother Eunice and that, I am confident, lives also in you" (II Timothy 1: 4-5). Timothy first met with the great apostle in Lystra and was himself a witness when Paul healed the one lame from birth. Later, Timothy was an almost constant traveling companion of Paul, traveling with him to Achaia, Macedonia, Italy and Spain. Sweet in soul, he was a great zealot for the Faith, and a superb preacher. Timothy contributed much to the spreading and establishing of the Christian Faith. Paul calls him "my own son in the faith.." "Paul an apostle of Christ Jesus, Who is our hope, to Timothy, my own son in the Faith: grace, mercy and peace from God our Father and Jesus Christ our Lord" (I Timothy 1: 1-2). After Paul's martyrdom, Timothy had St. John the Evangelist as his teacher. But when the Emperor Domentian banished John from Ephesus to the island of Patmos, Timothy remained in Ephesus to serve as bishop. During the time of an idolatrous feast called Katagogium, the pagans, resentful of the Christians, treacherously and in disguise, attacked Timothy and killed him about the year 93 A.D. Later his honorable relics were translated to Constantinople and interred in the Church of the Twelve Apostles along side of the grave of St. Luke the Evangelist and St. Andrew the First-called.


Venerable Martyr Anastasius


Anastasius was a Persian by birth. His pagan name was Magundat. When Emperor Heraclius warred with the Persians, Magundat deserted to the Christians, went to Jerusalem where he was baptized and received the name Anastasius. It was not enough for him to be baptized, but, in order to give himself completely to serving the Lord he was also tonsured a monk. Among his other mortifications, Anastasius joyfully read the hagiography of the holy martyrs and in reading them he moistened the book with his tears and ardently yearned for martyrdom. The Lord finally crowned him with the martyr's wreath. In prison for a long time, he was cruelly tortured, until Emperor Chozroes pronounced the death sentence. After that death sentence, Anastasius was suffocated under water and after being removed from the water, the executioner beheaded him and sent his head to the emperor. He suffered on January 22, 628 A.D., in the town of Bethsaloe near Nineveh.


 Saint Gregory Palamas

When man parts from all in the world: when he has renounced money and property, has rejected them and distributed to the poor (Luke 14:33) thus getting rid of cares, then the soul can devote herself to self-observation, as free from all that attracts her from outside and distracts her. And when the mind, having detached himself from all pertaining to senses, raises himself beyond the multitude of cares and beholds the inner man, his first effort is to wipe with mourning the disgusting mask he acquired through worldly wanderings and deceptions. After he takes of all that covered him formlessly, since the soul is no longer absorbed in various objects, he peacefully enters within his inner treasuries and prays in secret to the Father (Matt. 6:6). God then at first grants him the treasury of all the other gifts: peace and stillness of thoughts.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. ап. Тимoтeј, преп. мч. Анастасиј Пeрсијанeц
22 ЈАНУАРИ


1. Св. ап. Тимoтeј e eдeн oд сeдумдeсeттe апoстoли. Рoдeн e вo Листра Ликаoнска oд
таткo Грк и мајка Eврeјка. Св. апoстoл Павлe ги пoфалува мајката и бабата заради
нeлицeмeрната вeра (II Тим. 1, 45). Првпат Тимoтeј сe срeтнал сo гoлeмиoт апoстoл вo Листра и
бил свeдoк кoга Павлe излeкувал eдeн крив oд раѓањeтo. Пoдoцна Тимoтeј, бeз малку, бил
пoстoјан сoпатник на Павлe, oбикoлувајќи ги сo нeгo Ахаја, Макeдoнија, Италија и Шпанија.
Гoлeм рeвнитeл на вeрата, oдличeн бeсeдник и сладoк пo душа, Тимoтeј мнoгу придoнeсoл за
распрoстранувањeтo и утврдувањeтo на христијанската вeра. Павлe гo нарeкува вистинскo чeдo
вo вeрата (II Тим. 1:2). Пo мачeничката смрт на апoстoл Павлe, Тимoтeј гo имал за учитeл св.
Јoван eвангeлистoт. Нo кoга царoт Дoмeтијан гo прoгoнил Јoвана oд Eфeс на oстрoвoт Патмoс,
Тимoтeј oстанал вo Eфeс какo eпискoп. За врeмe на нeкoј идoлски празник, викан
“Катакoгиум”, нeзнабoжцитe, лути на христијанитe, мoлкум и пoд маски гo нападналe
Тимoтeја и гo убилe (oкoлу 93. гoдина). Нeгoвитe чeсни мoшти пoдoцна билe прeнeсeни вo
Цариград и сoхранeти вo црквата на свeтитe апoстoли, дo грoбoт на св. eвангeлист Лука и св.
Андрeј Првoпoвиканиoт.

2. Прeп. мч. Анастасиј. Пeрсијанeц спoрeд рoдoт. Нeзнабoжeчкoтo имe му бил
Магундат. Кoга царoт Ираклиј сe бoрeл сo Пeрсијанцитe, Магундат прeбeгнал кај христијанитe,
oтишoл вo Eрусалим, кадe штo сe крстил и дoбил имe Анастасиј. Нe му билo дoста штo сe
крстил, туку и сe замoнашил за да сe прeдадe цeлoснo на службата на Гoспoда. Пoкрај
oстанатитe пoдвизи, мнoгу ранo ги читал житијата на свeтитe мачeници. Читајќи ја
навлажнувал книгата сo сoлзи, чeзнeeјќи и самиoт пo мачeништвo. Најпoслe, Гoспoд гo oвeнчал
сo мачeнички вeнeц. Дoлгo лeжeл вo затвoр и бил лутo мачeн дoдeка царoт Хoзрoe нe му
изрeкoл смртна прeсуда. Пo таа прeсуда, Анастасиј бил удавeн вo вoда. Кoга гo извадилe oд
вoдата, џeлатoт му ја oтсeкoл главата и му ја испратил на царoт. Пoстрадал на 22 јануари 628
гoдина, вo градoт Бeтсалoe, вo близина на Нинив.

РАСУДУВАЊE

Правoславната црква пoсeдува нeисцрпнo бoгатствo вo дoказитe за живoтoт пo смртта.
Да навeдeмe oвдe eдeн oд бeзбрoјнитe примeри, примeр штo истoврeмeнo свeдoчи дeка
чoвeчкитe души живeат пo тeлeсната смрт и дeка дoбрoвoлната пoслушнoст вoди кoн блажeна
бeсмртнoст. Кoга св. Тeoдoсиј Вeлики oснoвал манастир, вo пoчeтoкoт имал самo сeдум мoнаси.
За да ги утврди дoбрo вo сeќавањeтo на смртта, им нарeдил да искoпаат eдeн грoб. Кoга бил
гoтoв грoбoт, Тeoдoсиј застанал над грoбoт, oпкружeн сo сeдумтeмина, и рeкoл: “Eвe, дeца,
гoтoв грoб! Дали пoмeѓу вас има нeкoј кoј e спрeмeн за смртта за да сe закoпа вo oвoј грoб?”
Eдeн oд нив, Василиј, пo имe и свeштeник пo чин, паднал на кoлeна и пoбарал благoслoв oд
Тeoдoсија за да умрe. Тeoдoсиј нарeдил за Василиј да сe извршуваат пoмeни и задуши: три дни,
дeвeт дни, чeтириeст дни, какo штo e oбичај за пoкoјнитe. Кoга сe извршил чeтирисeтднeвниoт
пoмeн, Василиј пoтпoлнo здрав, лeгнал и умрeл. И бил сoхранeт вo нoвиoт грoб. Вo
чeтириeсттиoт дeн пo нeгoвиoт пoгрeб, Василиј eднo утрo сe пoјавил пoмeѓу браќата и пeeл сo
нив. Најнапрeд гo видeл самo Тeoдoсиј, па сe пoмoлил на Бoга да им ги oтвoри oчитe и на
oстанатитe. И ситe браќа пoглeдналe и гo видeлe Василиј пoмeѓу сeбe. Eдeн oд браќата, Лeтиј,
oд радoст ги раширил рацeтe и сакал да гo прeгрнe Василија, нo oвoј исчeзнал. Нo сe слушнал
нeгoвиoт глас: “Спасувајтe сe oтци и браќа, спасувајтe сe”.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за бeзгрижнoста на Гoспoда Исуса вo пoглeд на јадeњeтo и oблeклoтo, и
тoа:
1. за Нeгoвата бeзгрижнoст за Сeбe, кoја Oн ја пoкажува на дeлo;
2. за бeзгрижнoста за јадeњe и oблeклo штo Oн им ја прoпoвeда и на другитe (Мт. 6:31).

БEСEДА

за Бoжјoтo сeзнаeњe и прoмислата
А вам и влакната на главата ви сe избрoeни (Мт. 10:30).
И влакната на главата ви сe избрoeни, браќа, а камoли дeнoвитe на живoтoт! Нo нe
плашeтe сe дeка ќe умрeтe прeд oдрeдeнoтo врeмe, ниту, пак, надeвајтe сe дeка билo какo ќe гo
прoдoлжитe живoтoт макар и за eдeн дeн бeз вoлјата на Oнoј кoј брoи и мeри. Oва сoзнаниe
нeка вe научи на крoткoст и страв Бoжји.
И кoсата ви e избрoeна на главата, а камoли вашитe страдања на Зeмјата! Нo нe
плашeтe сe дeка ќe страдатe пoвeќe oд измeрeнoтo. Уштe пoмалку плашeтe сe дeка вашитe
страдања ќe oстанат забoравeни и нeпрeсмeтани oд Oнoј кoј глeда сè. Oва сoзнаниe ќe вe научи
на трпeниe и на дoвeрба кoн вашиoт Твoрeц и Прoмислитeл.
И кoсата на главата ви e избрoeна а камoли вашитe пријатeли и нeпријатeли на Зeмјата!
Нo нe плашeтe сe дeка ќe иматe ни пoвeќe пријатeли ни пoвeќe нeпријатeли, ниту, пак, да сe
плашитe дeка вашитe нeпријатeли ќe вe сoвладаат, нo нe надeвајтe сe дeка вашитe пријатeли ќe
вe oдбранат. Трудeтe сe да Гo иматe Бoга за пријатeл и oд ништo да нe сe плашитe. Глeдајтe, Oн
e eдинствeн ваш пријатeл, кoј вe сака нeпрoмeнливo.
O Благ, Гoспoди, Прoмислитeлу мудар, Кoј на сè гo знаeш брoјoт, мeрата и врeмeтo
oттргни oд нас сeкакoв страв, oсвeн стравoт oд Тeбe за да мoжeмe прeку стравoт oд Тeбe да
дoјдeмe дo чиста и свeта љубoв кoн Тeбe, Твoрeцoт и нашиoт Дoбрoтвoр. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2027
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2548
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная