логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Светиот апостол Вартоломеј    

sv.Vartolomej.jpgЕден од Дванаесеттемина големи апостоли. Вартоломеј и Натанаил по сѐ изгледа се две имиња за едно лице. Заедно со Светиот апостол Филип и со сестрата на Филип, девицата Маријам - а некое време и со Св. Јован Богослов - го проповедаше Евангелието најпрво во Азија, потоа во Индија и најпосле во Ерменија, каде што и заврши маченички. Овие Свети апостоли ја умртвија големата змија којашто незнабожците ја чуваа во храм во Ерапол и ја почитуваа како божество. Во истиот град му подарија вид на Стахиј, слеп четириесет години. Овде на нив се крена толпа народ и ги распнаа на крст Филип и Вартоломеј - Вартоломеј го распнаа со главата надолу. Тогаш затресе земјотрес во којшто загинаа злите судии и многумина од народот. Гледајќи во тоа казна Божја, мнозина притрчаа да ги симнат апостолите од крстовите, но Филип беше веќе издивнал, додека Вартоломеј сѐ уште беше жив. Потоа отиде во Индија, каде што го проповедаше и на индиски јазик го преведе Евангелието на Матеј. По ова прејде во Ерменија, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Но братот на царот, Астијаг, завидливо го фати и го распна Божјиот апостол на крст. Потоа му ја одра кожата и најпосле му ја отсече главата во Албанопол Ерменски. Неговото тело христијаните го погребаа чесно во оловен ковчег. Бидејќи од неговите мошти стануваа многу чуда, незнабожците го зедоа ковчегот и го фрлија в море. А водата го донесе ковчегот до Липарските острови, каде што епископот Агатон, по откровение во сон, го дочека и го погреба во храмот. Свети Вартоломеј му се јави, облечен во бели ризи, на Св. Јован Песнопоец в црква и го благослови со Евангелието за да пее духовни песни: „Нека потечат од твојот јазик водите на небесната мудрост!“ Му се јави уште и на царот Анастасиј (491 г. – 518 г.) и му рече дека ќе му го чува новосоѕиданиот град Дари. Подоцна моштите на овој голем апостол беа пренесувани во Беневент, па во Рим. Од нив стануваа големи и страшни чуда.

Светиот апостол Варнава    

sv.Varnava.jpg

Еден од Седумдесеттемина. Роден на Кипар од богати родители од племето Левиево и заедно со Савле се учеше кај Гамалиил. Се викаше прво Јосиф, но апостолите го завикаа Варнава, Син на Утехата, зашто вонредно умееше да ги теши човечките души. Кога Савле се обрати, тој прв го внесе меѓу апостолите. Потоа со Павле и со Марко го проповедаше Евангелието во Антиохија и по други места. По сѐ изгледа тој прв проповедаше и во Рим и во Милано. Пострада на островот Кипар од Евреите и Марко го погреба на западните порти од градот Саламина со Евангелието на Матеј на градите, коешто самиот рачно го препиша. Неговиот гроб остана непознат неколку векови, но со оглед дека многумина добиваа исцеленија на тоа место, се нарече „место на здравје “. Во времето на царот Зинон, кога беше Халкидонскиот Собор, апостолот му се јави на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објави својот гроб. Ова стана токму во времето кога властољубивиот патријарх Антиохиски Петар бараше Кипарската Црква да биде под власта на Антиохиската столица. Но по јавувањето и откривањето на чудесните мошти на Светиот апостол Варнава беше востановено Кипарската Црква, како апостолска, да биде самостојна занавек. Така настана автокефалијата на Кипарската Црква.

 Светите 222 Кинески исповедници и маченици     24/06/2012

Kineski.222macenici.jpg

Длабоко се трогателни страданијата и исповедништвото на 222 нови исповедници и маченици кои ја прославија Кина пред престолот на Севишниот. Житијата на овие новопрославени светители кои во Пекинг пострадаа за верата Христова за време на Боксерската буна или Јихетуан движењето - како што Кинезите го нарекуваат востанието од 1900 година - оригинално се напишани на руски јазик; извадени се од архивите и за првпат отпечатени во изданието на „Кинески благовесник“ од јануари 2000 година. Во ова Боксерско востание, Мисијата од вкупно 1000 изгуби 300 луѓе. Некои од нив се одрекоа од православието, а другите се покажаа како свети исповедници и маченици заради Христа.

Меѓу нив од Кинезите посебно е почитуван свештеникот Митрофан Ѕи-Чун со целото свое семејство. Роден е во 1855 година. Рано остана без татко, па го воспитаа баба му Екатерина и мајка му Марина, која беше учителка во женското училиште. Уште пред да наполни 20 години беше вероучител, а на 25-годишна возраст е ракоположен за свештеник од самиот свети Николај Јапонски. Тој никако не сакаше да го прими свештеничкиот чин и постојано одбиваше, велејќи: „Како да се осмели малку способен и малку добродетелен човек да го прими овој голем чин?“ Но, од послушност кон Црквата, се потчини. Во 1900 година, на 14 јуни, вечерта, просториите на Мисијата беа запалени од Боксерите. Многумина од христијаните, криејќи се, се собраа во домот на свештеникот Митрофан. Меѓу нив беа и поранешните непријатели на о. Митрофан, од кои беше претрпел многу неволји. И како што порано, кроток и молчалив, не се оправдуваше, така и сега, незлобивиот, им даде закрила, од послушност кон Оној што ни заповеда љубов и кон непријателите (Мат. 5, 44). Гледајќи дека некои паѓаат во малодушност, тој ги поткрепуваше, велејќи дека дошло времето на неволји што тешко дека ќе може да се избегнат. На денот во кој од страна на Боксерите и Кинезите незнабожци маченички пострадаа неговите православни браќа Кинези христијани, о. Митрофан ним им беше ангел-утешител, кој ги бодреше и тешеше пред да го задобијат венецот на славата.

На 23 јуни вечерта војниците и Боксерите го опкружија домот на о. Митрофан. Во тоа време таму беа собрани околу седумдесет христијани. Некои побегнаа, а оние што беа подготвени да ги примат маченичките венци, меѓу кои старецот Митрофан и многу жени и деца, останаа и беа мачени. Боксерите му ги избодоа градите на о. Митрофан, а јеромонахот Аврамиј го зеде телото на свештеникот и во 1903 година, кога за првпат се празнуваше споменот на овие маченици, телото заедно со други беше положено под олтарот на двоспратната камена црква посветена на мачениците. На местото каде што маченички пострада, сега е поставен крст и на празникот на мачениците (24 јуни) тука поминува Литија и се служи Помен.

Многу е впечатливо житието на 8-годишниот Јован. Кога го убија о. Митрофан, Боксерите на Јован му ги расекоа рамениците и му ги отсекоа ножните прсти, носот и ушите. Свршеничката на брат му, Марија, му го спаси животот. Наредниот ден, без облека и обувки, тој седеше на влезот и на прашањето на луѓето дали го боли, одговараше - не. Децата му се потсмеваа, нарекувајќи го „ер-мао-ѕа“, што значи „следбеник на ѓаволот“. Но, тој одговараше: „Јас сум следбеник на Христос Бог“. Јован бараше вода кај соседите, но тие не само што не му ја даваа, туку и го бркаа. Иако раните беа многу длабоки, момченцето не чувствуваше болка и кога повторно го фатија, не покажуваше страв. Придружуван од потсмев и навреди од страна на своите сограѓани безбожници, беше воден како јагне на клање. Божјата благодат, која му беше дадена на малечкиот исповедник во изобилство, го направи нечувствителен за сè од овој свет - раните, потсмевот, стравот од идни мачења.

Љубовта Христова го вдахнови со радост да чекори во пресрет на смртта. 19-годишната Марија, свршеничка на синот на о. Митрофан, дојде во куќата на отецот два дена пред Боксерскиот погром, сакајќи да умре во семејството на својот свршеник. Кога Боксерите ја опколија куќата на о. Митрофан на 23 јуни, таа со голема мажественост им помагаше на оние што не беа подготвени за мачеништво да побегнат од раката на гонителите. Иако другиот син на о. Митрофан, Сергеј, трипати се обидуваше да ја убеди и таа да побегне и да се скрие, Христовата следбеничка одговараше: „Се родив покрај црквата на Пресвета Богородица, тука и ќе умрам“. Ја претпочиташе смртта како заминување во местото на блажениот покој. Таа смело ги разобличуваше војниците и Боксерите за нечовечното мачење на христијаните, кога тие ја провалија вратата и влегоа во дворот. Безбожниците беа стаписани од необичната храброст на младата девојка и не ја убија. Но, раните што ѝ ги нанесоа беа претешки и таа маченички го заврши својот земен живот.

Меѓу постраданите за Христос имаше и Албазинци, потомци на оние славни Албазинци што ја донесоа светлоста на Христовата православна вера во 1685 година во главниот град на Кина, Пекинг, и ја сочуваа верноста кон неа. За верност кон светото православие Господ ги награди нивните потомци со славата на мачеништво и исповедништво. Климент Куј Лин, Матеј Хај Цјуан, неговиот брат Вит, Ана Жуј и многу други Албазинци, не плашејќи се од оние што го убиваат телото, а не можат да ги убијат душите (Мат. 10, 28), без страв ги дочекаа своите мачења и својата смрт заради Спасителот на светот, молејќи Го Бога за просветлување на гонителите и за простување на нивните гревови. Опишувајќи ја нивната маченичка смрт, архимандрит Аврамиј додава: „Упокој ги, Господи, душите на твоите слуги - ереј Митрофан и постраданите со него - и нека им биде вечен споменот!“ Ние денес велиме: „По нивните свети молитви, Господи Исусе Христе помилуј нè!“

 

 

Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 36)

Рече Господ да Своите ученици: „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби. Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите и по синагогите нивни ќе ве бијат. И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците. Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете; бидејќи не сте вие што ќе говорите, а Духот на вашиот Отец ќе говори во вас. И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко - чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат; и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен.“

Старец Ефрем Филотејски

Молитвата е начинот со кој мошне тесно се соединуваме со Бог.

 

Saint Bartholomew, the Apostle


Bartholomew was one of the Twelve Great Apostles. In all probability, it appears that Bartholomew and Nathaniel are one and the same person. He was a companion of the Apostle Philip and Philip's sister, the virgin Mariamna and, for some time, a companion of St. John the Theologian. Bartholomew preached the Gospel first throughout Asia and, after that, in India and finally in Armenia where he died a martyr's death. In Hierapolis, these holy apostles by prayer, caused the death of a large serpent which the heathens kept in their temple and worshipped. In this same city and, by prayer, they restored sight to Stachius who was blind for forty years. It was here that a mob rose up against them and they crucified Philip and Bartholomew (Bartholomew was crucified upside down). At this time, an earthquake occurred in which the evil judges and many people perished. Feeling that this was a punishment from God, many ran to remove the apostles from the crosses but Philip was already dead while Bartholomew was still alive. After this, Bartholomew went to India where he preached and translated the Gospel of St. Matthew into the Indian language. Following this, he entered Armenia where he cured the daughter of the king from insanity. But the envious brother of King Astyages seized God's apostle, crucified him on a cross, skinned him and finally beheaded him in Armenian Albanopolis (Derbend). Christians honorably buried his body in a lead sarcophagus. Because many miracles occurred over his relics, the pagans took the sarcophagus and tossed it into the sea. But the water carried the sarcophagus to the Island of Lipara where Bishop Agathon, through a revelation in a dream, met and buried it in the church. St. Bartholomew, attired in a white garment, appeared in church to Venerable Joseph, the Hymnographer, blessed him with the Gospel that he may be able to sing spiritual hymns saying: "Let heavenly waters of wisdom flow from your tongue!" He also appeared to Emperor Anastasius (491-518 A.D.) and told him that he would protect the newly established town of Dara. Later, the relics of this great apostle were translated to Benevento and then to Rome. Great and awesome miracles have occurred over these relics.


Saint Barnabas, the Apostle


Barnabas was one of the Seventy Apostles. He was born in Cyprus of wealthy parents from the tribe of Levi and studied together with Saul under Gamaliel. At first, he was called Joseph but the apostles then called him Barnabas, Son of Consolation, because he was exceptionally capable of comforting the souls of the people. After Saul's conversion, Barnabas was the first to introduce Saul to the apostles and after that, with Paul (Saul) and Mark he preached the Gospel in Antioch and throughout other places. In all probability, he was the first to preach in Rome and Milan. He suffered on the island of Cyprus at the hands of the Jews and was buried by Mark beyond the western gate of the town of Salamis with the Gospel of St. Matthew on his chest which he, by his own hand, had copied. His grave remained unknown for several hundred years and since many received healing from sickness on this spot, this place was called: "the place of health." At the time of Emperor Zeno and the Chalcedon Council (451 A.D.), the apostle appeared to Archbishop Anthemius of Cyprus on three successive nights in a dream and revealed to him the location of Barnabas' grave. That appearance of the apostle occurred exactly at the time when Peter, the power-hungry Patriarch of Antioch, sought that the church in Cyprus be under the jurisdiction of the throne of Antioch. After the appearance and discovery of the miraculous relics of the holy Apostle Barnabas, it was established that the church in Cyprus, as an Apostolic Church, should always be independent. Thus, the autocephaly of the Church in Cyprus was established.


Commemoration of the Holy Icon "It Is Truly Meet"


AND THE MIRACLE THAT OCCURRED BEFORE IT DURING THE REIGN OF PATRIARCH NICHOLAS CHRYSOVERGES (983-996 A.D.) The miracle consists of this: One night a monk was reading the Canon to the Holy Birth-Giver of God and was singing "More honorable than the Cherubim" in his cell in the monastery of the Pantocrator, now called "Axion Estin" after the icon. His elder had gone to Karyes. Suddenly a man appeared in church and began to sing: "Truly it is Meet." That hymn so far was unknown in the church. The monk upon hearing this hymn, became excited not only because of its contents but also because of the beautiful heavenly singing. "Among us, we sing it in this manner," said the elder to the monk. The monk wanted to have this hymn written down and brought a tablet on which the stranger wrote down this hymn with his finger as though upon wax. Suddenly he vanished. That stranger was the Archangel Gabriel. This tablet was taken to Constantinople and the hymn remains even today in the Church.

Gerontikon

A monk said to Abba Poemen: “When I see a brother about whom I have heard he had committed a sin, I do not want to bring him in my cell; and once I have seen someone who does good, I rejoice together with him.” The Elder told him: “If you do a little good to the good one, make it double for the other one. For he is ill. Namely, there was in the cenobium a hermit called Timothy; and the hegoumen heard about the temptation of a brother, so he asked Timothy about this, and the one gave him a counsel to expel that monk. And when the hegoumen did this, the temptation of that monk befell Timothy, until he found himself in danger. Timothy cried then before the Lord, saying: “I sinned, forgive me”. And he heard a voice saying: “Timothy, do not think I did this to you because of anything else, but only because you did not remember your brother in the time of his temptation”.

 

ОХРИДСКИ ПРОЛОГ 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 † Празнување на чудотворната икона Достојно ест; Св. ап-ли Вартоломеј и Варнава - бдение во свештениот Бигорски манастир

11 ЈУНИ

1.Празнување на чудотворната икона Достојно ест. 
На 11/24 јуни се празнува иконата
“Достојно ест” заради чудото кое се случило пред неа во времето на патријархот
Никола Хрисоверг (983-996). Во близина на светогорскиот манастир Пантократор се
наоѓа голема долина и во неа разни келии. Во една од тие келии, посветена на
Успението на Пресвета Богородица, живеел еден доблесен јеромонах- старец
со својот послушник. Бидејќи во блискиот Скит Протат, на Кареја, секоја недела
се служило бдение. Една сабота старецот, одејќи на бдение, му рекол на
својот ученик: Чедо, јас одам на бдение, а ти потруди се да го направиш
своето правило.
Кога паднало ноќ, некој затропал на вратата од келијата. Братот ја отворил
вратата, и видел еден непознат монах, кој влегол и останал во келијата таа ноќ.
 А кога дошло време за утрена, обајцата се подготвиле да ја пеат утрената.
 Кога требало да ја испеат Честњејшују, монахот послушник ја отпеал до крај
“Честњејшују херувим…” – страта пофална песна кон Богородица од
свети Козма Песнописец. А оној непознат монах  додал друг почетак на песната,
и отпел вака: ”Достојно јест јако воистину блажити Тја Богородицу, присноблаженују
и пренепорочнују, и Матер Бога нашего” (грчки:Άξιον εστίν ως αληθώς μακαρίζειν σε
 την Θεοτόκον, την αειμακάριστον και παναμώμητον και μητέρα του Θεού ημών); a потоа
 го додал: “Честњејшују херувим…” сè до крајот.

dostoino_est_copy.jpg


Слушајќи, монахот послушник се зачудил и му рекол на странецот: Ние пееме само
“Честњејшују…”, а “Достојно јест” никогаш не сме ја чуле.Туку, те молам, напиши
 ми ја таа песна, па и јас да Ѝ ја пејам на Богородица. – Монахот странец рекол:
 Донеси ми мастило и хартија, да ти ја напишам. – Немам ни мастило,
ниту хартија, одговорил послушникот. – Тогаш донеси ми една плоча,
рекол странецот. Монахот отрчал, нашол плоча и ја донел. Непознатиот монах
ја зел и со прст ,како по најмек восок, ја испишал на плочата песната: “Достојно ест”..
 Потоа странецот рекол: Отсега па понтаму  така ќе пеете вие и сите православни и
станал невидлив. А тоа бил свети Архангел Гавриил, испратен од Бога да ја објави
 ова Ангелска песна, најдостоинствена за Пресветата Божја Мајка. Кога старецот
 се вратил од бдението во келијата, послушникот му ја отпеал “Достојно ест”,
како што му наредил Ангелот, и му ја покажал на старецот плочата, испишана
со ангелска рака.
Тогашните отци, празнувајќи го споменот на ова чудо, секоја година вршеле богослужби
 и Света Литургија во споменатата келији, во исто време честувајќи и славејќи го
 светиот Архангел Гавриил, кој од почетокот до крајот, останал боговдахнат славословец
 на Пресвета Богородица, и Нејзин радосен служител и благовесник.
Оттогаш оваа Ангелска песна се разнесла по целиот свет, за сите православни христијани
 да И ја пеат на Пресветата Богомајка. А светата икона на Пречистата Богородица, која се
наоѓала во црквата на онаа келија и пред која се случило ова чудо, била пренесена во
 велелепната црква на Протатот, каде и денес се наоѓа.
Отаму келијата го добила називот “Достојно ест”.

❈✣❈
❖ Пристигнување на иконата „Достојно е“ во Бигорскиот манастир
❖ Празнување на иконата „Достојно е“  бдение 2010г

sv_Nikola_025.jpg

❈✣❈


2. Св. ап. Вартoлoмeј. Eдeн e oд дванаeсeттe гoлeми апoстoли. Пo сè изглeда дeка
Вартoлoмeј и Натанаил e eднo истo лицe. Здружeн сo апoстoл Филип и сo сeстрата Филипoва,
дeвицата Маријама - а за нeкoe врeмe и сo св. Јoван Бoгoслoв гo прoпoвeдал Eвангeлиeтo првo
пo Азија, пoтoа вo Индија и најпoслe вo Eрмeнија, кадe штo и завршил мачeнички. Вo Eрапoл
oвиe свeти апoстoли сo мoлитва умртвилe гoлeма змија, кoја нeзнабoжцитe вo храмoт ја чувалe
и ја oбoжувалe. Вo истиoт тoј град сo мoлитва му далe вид на Стахија, кoј 40 гoдини бил слeп.
Тука на нив сe крeнала маса oд нарoд, та и Филипа и Вартoлoмeја ги распналe на крст
(Вартoлoмeја наoпаку). Вo тoа врeмe настанал зeмјoтрeс, oд кoј загиналe лoшитe судии и мнoгу
нарoд. Пoчуствувајќи гo тoа какo казна Бoжја, мнoгумина притрчалe да ги симнат апoстoлитe
oд крстoвитe, нo Филип вeќe издивнал, дoдeка Вартoлoмeј бил уштe жив. Пoтoа, Вартoлoмeј
oтишoл вo Индија, кадe штo гo прoпoвeдал и на индијски јазик гo прeвeл Eвангeлиeтo спoрeд
Матeј. Пoтoа прeминал вo Eрмeнија, кадe штo ја исцeлил царeвата ќeрка oд лудилo. Нo
завидливиoт царeв брат Астијаг гo фатил Бoжјиoт апoстoл и гo распнал на крст, па пoтoа
кoжата му ја oдрал и најпoслe главата му ја oтсeкoл вo Албанoпoл Eрмeнски. Нeгoвoтo тeлo
христијанитe чeснo гo пoгрeбалe вo oлoвeн сандак. Бидeјќи над нeгoвитe мoшти сe случувалe
мнoгу чуда, нeзнабoжцитe гo зeлe сандакoт и гo фрлилe вo мoрeтo. Нo вoдата гo дoнeсла
сандакoт дo липарскитe oстрoви, кадe штo eпискoпoт Агатoн, пo oткрoвeниe, гo дoчeкал и гo
пoгрeбал вo храмoт. Свeти Вартoлoмeј му сe јавил в црква на прeп. Јoсиф Пeснoписeц, oблeчeн
вo бeли ризи и гo благoслoвил сo Eвангeлиeтo за да мoжe да пee духoвни пeсни: “Нeка oд
твoјoт јазик пoтeчат вoди, oд нeбeсна мудрoст!” Уштe му сe јавил и на царoт Анастасиј (491-518)
и му рeкoл дeка ќe гo чува нoвoизградeниoт град Дари. Пoдoцна мoштитe на oвoј гoлeм
апoстoл билe прeнeсувани вo Бeнeвeнт, па вo Рим. Над нив сe случувалe гoлeми и страшни
чуда.
3. Св. ап. Варнава. Eдeн e oд сeдумдeсeтмината. Рoдeн на Кипар oд бoгати рoдитeли oд
Лeвиeвoтo плeмe и учeл заeднo сo Савлe кај Гамалиил. Првин сe викал Јoсиф, нo апoстoлитe гo
нарeклe Варнава, Син на утeхата, бидeјќи умeeл нeсeкoјднeвнo да ги тeши чoвeчкитe души. Пo
oбраќањeтo на Савлe, тoј прв гo вoвeл мeѓу апoстoлитe; а пoтoа сo Павлe и Маркo гo
прoпoвeдал Eвангeлиeтo вo Антиoхија и пo други мeста. Пo сè изглeда, тoј прв прoпoвeдал и
вo Рим и вo Миланo. Пoстрадал на oстрoвoт Кипар oд Eврeитe и бил пoгрeбан oд Маркo, кај
западнитe врати на градoт Саламин, сo Матeeвoтo Eвангeлиe на градитe штo тoј сo свoја рака
гo прeпишал. Нeгoвиoт грoб oстанал нeпoзнат нeкoлку вeка, нo бидeјќи мнoгумина дoбивалe
исцeлeниe oд бoлeститe на тoа мeстo, тoа e нарeчeнo “Мeстo на здравјeтo”. Вo врeмeтo на царoт
Зинoн и Халкидoнскиoт сoбoр апoстoлoт му сe јавил на архиeпискoпoт кипарски Антим, и тoа
три пати вo три нoќи, и му гo oбјавил свoјoт грoб. Тoа јавувањe на апoстoлoт сe случилo тoкму
вo oна врeмe кoга властoљубивиoт антиoхиски патријарх Пeтар барал Кипарската црква да
бидe пoд власт на антиoхискиoт прeстoл. Нo пo јавувањeтo и oткривањeтo на чудoтвoрнитe
мoшти на св. ап. Варнава, билo вoстанoвeнo Кипарската црква какo апoстoлска да бидe за
навeк самoстoјна. Така пoстанала автoкeфалнoста на Кипарската црква.

РАСУДУВАЊE
Вистинскиoт пријатeл сe мoли на Бoга за свoјoт пријатeл. Вистинскиoт пријатeл сe
грижи за спасeниe на душата на свoјoт пријатeл. Да сe oдвраќа пријатeлoт oд лажни патишта и
да сe управува на патoт на вистината - тoа e драгoцeнo пријатeлствo. Бoжјитe свeтитeли сe
најдoбри пријатeли на луѓeтo. Двајцата млади, Варнава и Павлe, билe пријатeли дoдeка oдeлe
заeднo вo училиштeтoтo на Гамалиил. Кoга Варнава пoстанал христијанин, тoј истрајнo и сo
сoлзи Му сe мoлeл на Бoга и на Павлeта да му гo прoсвeти разумoт и камeнoтo срцe за да
пoстанe и тoј христијанин. Чeстoпати Варнава му гoвoрeл на Павлeта за Христа Гoспoда, нo
Павлe му сe пoтсмeвал и гo смeтал за завeдeн. Благиoт Гoспoд, пак, нe ги oставил мoлитвитe на
Варнава бeз плoд. Благиoт Гoспoд му сe јавил на Павлeта и гo oбратил oд лажниoт пат на патoт
на вистината. Oбратeниoт Павлe тoгаш паднал прeд нoзeтe на свoјoт пријатeл и извикнал: “O
Варнава, учитeлу на вистината, сeга сe увeрив дeка сè штo ми гoвoрeшe за Христа e вистина!”
Варнава заплакал oд радoст и гo прeгрнал свoјoт пријатeл. Пријатeлoт ја спасил душата на
свoјoт пријатeл сo усрдната мoлитва. Варнава да би успeал да гo пoстави Павлeта за римски

цар, пoмалку би му стoрил oткoлку штo сo мoлитвата успeал да гo привeдe кoн вистината.

СOЗРEЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo исцeлувањe на слeпиoт и нeмиoт чoвeк (Мт. 12:22), и тoа:
1. какo Гoспoд гo исцeлил чoвeкoт, кoј бил и слeп и нeм;
2. какo и мoјата душа слeпа и нeма заради oддалeчeнoста oд Христа Гoспoд мoжe

мoмeнталнo да ја исцeли, самo акo јас ја привeдам кoн Гoспoда.

БEСEДА
за гoспoдарoт и слугата
Кoј ја жали прачката свoја, гo мрази синoт свoј, а кoј гo сака, гo
казнува за да гo пoправи (Изрeки, 13:25).
Бoжјoтo чoвeкoљубиe гo надминува чoвeчкoтo чoвeкoљубиe какo штo нeбoтo ја
надминува Зeмјата, па сeпак чoвeкoљубивиoт Бoг ги кара луѓeтo. Бoг ги кара луѓeтo нe за да ги
пoгуби туку да ги пoправи и да ги спаси. O благoслoвeнo карањe oд љубoв! Заштo Гoспoд гo
казнува oнoј кoгo штo гo сака; гo камшикува сeкoј син кoгo штo гo прима (Eвр. 12:6). Сo
штo Бoг казнува? Сo прачка. Сo каква прачка? Прачка на бoлeст, прачка на нeмoќ, прачка на
загуба, прачка на глад, прачка на нeплoднoст, прачка на суша, прачка на пoплава, прачка на
смрт на рoднини и пријатeли, прачка на лoши дeмoни кoга сo oвиe ќe пoпушти власта над
чoвeкoт. Тoа сe прачкитe Бoжји сo кoи Бoг ги казнува свoитe дeца за да ги пoправи, вразуми,
прoсвeти и спаси.
Зoштo рoдитeлoт да нe ги биe свoитe дeца, акo навистина ги сака? Прачката e oрудиe на
гoлeма љубoв и грижа. Акo дeтeтo нe e oсeтливo за духoвнитe карања, тoа e oсeтливo за
прачката. И кoлку штo нeкoe дeтe e нeoсeтливo сo духoт и сoвeста, пooсeтливo e сo тeлoтo.
Тeлoтo и нe e дадeнo на чoвeкoт самo за сeбe нeштo да значи, туку да бидe слуга на духoт, да му
пoмoгнe на духoт, да му кoристи на духoт. Акo тeлeсната казна гo прoбуди духoт вo чoвeкoт, а
сo духoт и сoвeста, тoгаш тeлoтo сoвршeнo ја испoлнилo свoјата дoлжнoст кoн духoт, свoјoт
гoспoдар. Акo спиe гoспoдарoт, тoгаш сe удира на слугитe за да гo разбудат. Акo слугитe гo
разбудат гoспoдарoт вo часoт на oпаснoста, нeма да ги жалат ударитe штo ги дoбилe, бидeјќи
гo спасилe свoјoт гoспoдар. А разбудeниoт и спасeн гoспoдар ќe умee да им сe oддoлжи на
свoитe слуги. Oттука, навистина, кoј ја жали прачката, тoј гo мрази свoјoт син. Кoј гo пoштeдува
слугата, гo издава гoспoдарoт.
O Прeмудар Гoспoди, oтвoри гo срцeтo на рoдитeлитe за да ја примат oваа Твoја свeта
пoука. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2038
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2559
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная