Спомен на преподобната мајка наша
Марија Египетска
Во тебе, мајко, верниот образ Божји засветли, земајќи го крстот и следејќи Го Христа. Со делата си подучувала како се скротува телото, како минливо и да се цени душата како бесмртна. Затоа и твојот дух, преподобна Марие, се радува со ангелите.
Тропар
Почнувајќи ја ревносно, верни луѓе, шестата седмица од Чесниот пост, подготвувајќи се за Цветници, да Му испееме песна на Господа, Кој славно во силата на Божеството, во Ерусалим влегува, да ја погуби смртта. Побожно да ги подготвиме гранчињата на добродетелите, како знамение на победа и да воскликнеме: Осана на Творецот на сè!
Вечерна, петта недела од Постот
Молитва:
Господи Исусе, ветив дека до крајот верно ќе Ти служам. Помогни ми со Твојата благодат, да го одржам ова ветување. Прости ми кога не успевам во тоа пред Тебе и биди ми секогаш близу, како мој Пријател и Владика. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Послание до Евреите 9, 11-14
Свето Евангелие по Марко 10, 32-45
Созерцание: Колку ли повеќе крвта на Христа, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела, за да Му служиме на живиот и вистински Бог.
Послание до Евреите 9, 14