Свештеномаченик Данил Сисоев:
Неколку зборови за најдревниот глобален планетарен проект
Денеска, луѓето многу говорат за глобализацијата и навистина постои светски глобалистички проект, но, ако сакате и јудејско-протестантски. Јудејски е по замислата, бидејќи евреите одамна сакаат да добијат власт над целокупниот финански и политички свет, но истовремено и протестантски.
Се работи за тоа дека на западот и особено во Америка, протестантизмот доби особена нијанса. Таму сметаат дека возвишувањето на јудеизмот претставува знак за приближување на Христа. Во некоја смисла, тоа секако е вистина, затоа што возвишувањето на јудеизмот ќе доведе до доаѓање на антихристот, а потоа ќе дојде Христос. Протестантите сметаат дека возвишувањето на јудеизмот ќе доведе до обраќање на јудеите во христијанство, а потоа божем ќе биде илјада годишното царство на Христа на земјата. Во прашање е ерес, која што повеќе пати е осудувана на Вселенските Собори.
Постои и друга глобализација – муслиманска, за која знаат сите. Муслиманите се обидуваат на ниво на планетата да добијат владеење на исламот. Целокупниот терор кој што сега се случува е насочен кон остварување на оваа исламска идеја - заради планетарно владеење на исламот. Овој програм постои и тој е познат.
Постојат и помалку познати, но поради тоа никако полоши, полошо реализирани програми на планетарното ширење на будизмот и хиндуизмот. Тие се исто така многу ефикасни, можеби дури и поефикасни од исламот, зашто исламот оди на ниво на политиката, а тие се на нивото на човечките умови.
Во Франција, реално има околу 5% христијани (римокатолици и православни коишто одат во храмовите) и околу 13% будисти. Крстени во Франција има околу 52%, но овие луѓе се крстени по нивните ритуали, истовремено и будистите и хиндусите, дури (има и такви) муслимани. Сето тоа не е случајно поврзано со тој глобален проект.
Глобализацијата ги разорува светските култури, единственоста на националните култури, ја разорува нацијата, националната држава. Секаде е McDonald’s, сите џвакаат исти мастики, секаде пеат исти песни.
Меѓутоа, ние забораваме дека постои уште поглобален проект, кој започнал пред американски – јудејската глобализација - во прашање е светската проповед на Православието. Православната Црква е најавтентичната глобална организација која што исто така воопшто не ги уважува културите ако тие Му противречат на Христа. Таа просто може да ги уништи...
Христијанството не ги уништува народите, тоа не ги повикува на уништување, меѓутоа тоа сe опфаќа и воведува во глобалниот планетарен проект, којшто потекнува од Бога. Треба да запомниме дека овој глобален проект се подготвува за време на многу векови пред да започне. Овој глобален проект почнал од моментот на Педесетницата. Меѓутоа, пред него се одвивала долга, подготвителна работа, која што веќе ја воделе нечовечките сили.
Вие сигурно веќе сфаќате дека зад американизацијата и исламизацијата стојат очигледно силите на кнезот на овој свет. Тоа се гледа по нивните плодови: „По нивните плодиви ќе ги познаете“ (Мт. 7,20). Зад христијанството стојат многу поголеми сили, па и подготовката почнала многу порано.
+
Некои говорат дека не треба да студираме, дека да се стекне високо образование е грев, затоа што тоа развратува, затоа што воопшто вметнува лажен систем на вредноста. Ова е лажна претстава. На пример, старец Николај Бурјанов, на сите им благословувал стекнување на високо образование и говорел дека тоа многумина приведува кон Бога.
+
Зошто ние, ако веќе Бог е со нас, изгубивме толку милиони луѓе за еден двесетти век? Мудриот човек би постапил како Азариј и би рекол: ‘Праведни си ги навел на нас сите твои судови, зашто ние навистина беззакооно постапувавме, отстапивме од светите Отци’.
Навистина, пред револуцијата не беше во мода да се говори за Бога, како што и сега во пристојното друштво не е модерно да се говори за Творецот. Јас, едноставно сум сведок за тоа. Кога имав можност да гостувам на телевизијата, како се менува физиономијата на нашите водители кога им зборуваш за Бога. Јас не говорам дури и за директен пренос, туку за тоа што се случува зад камерите. Кај луѓето се создава впечаток дека им говориш за нешто крајно неприлично.
Меѓутоа, за крајното неприлично токму и може да се говори, а ете за Бога не смее, тоа е нешто страшно, луѓето тоа толку ги вознемирува. Кај нив се менува изгледот на лицето. Тоа е навистина така, затоа што за луѓето на врвот на општествената власт, не државната власт, туку токму општествената власт, која што влијае на мислењето на луѓето околу нас, Бог претставува крајно туѓо битие, чија што волја тие не сакаат да ја исполнуваат.
+
Погледнете ја денешната пракса. Доаѓа, на пример, Православен христијанин во ресторан да се напие кафе и се срами да се прекрсти, се срами да се прекрсти пред храмот кога поминува, се срами на работата да стане и да ја прочита молитвата Господова пред јадење. Пророкот Даниил ве изобличува. Ако човекот се срами од името на Христа Спасителот, што рече Христос? „Зошто кој се срами од Мене и од Моите зборови, од него и Синот човечки ќе се посрами кога ќе дојде во Својата Слава и Очева и на светите ангели“ (Лк. 9,26). Не смееме да се срамиме од своето христијанство. Ако луѓето се соблазнуваат затоа што јас се молам, тоа е нивен проблем. Кога Господ проповедал Му рекле: „Знаеш ли дека фарисеите слушајќи го тој збор се соблазнија“(Мт. 15:20), а Господ им одговори: „Секое дрво кое што не го засадил мојот Отец Небесен ќе се искорне. Оставете ги зашто се слепи водачи на слепите, а ако слеп, слепиот го води и обата ќе паднат во јама“ (Мт. 15:13-14).
Господ не говореше дека е потребно да се избегнува соблазната со сите средства. Не смее да соблазнуваме со гревот, но ако човек се соблазнува со добрите дела на друг човек, тоа е само негов проблем, за тоа јасно говори Свети Василиј Велики во моралните правила, кога издвојува три врсти на соблазна. Соблазната на доброто дело кое што не треба да претставува никаква пречка. Соблазната на неутралното дело, кога е потребно да снисходуваме на немоќта на другиот човек и соблазната со гревот, кој претставува двоен грев, кога човекот не само што самиот прави грев, туку и другиот го соблазнува на тоа.
+
Денес современата светска империја исто така ојачува, почнува да ги проголтува луѓето, односно таа бара од луѓето да се зема што повеќе слобода, под предлог на борба со тероризмот. Сега се воведуваат отисоци од палците, електронски пасоши и почнува да се води потполна контрола над човекот, а сѐ тоа под предлогот на борбата за мир.
+
Зошто ќе дојде антихристот? Дали затоа што безбожниците ќе постанат премногу безобразни? Не, воопшто не затоа. Безбожниците се безобразни одсекогаш. На Господа Му е особено одвратно кога луѓето кои постанале Негов народ, постануваат отстапници. Ете тогаш и се случува казната Божја. Се работи за тоа, дека целокупната судбина на светот, по замислата Божја се одвива околу богоизбраниот народ. Сега тој народ е Православата Црква, а во древноста, тоа бил јудејскиот народ. Кога со богоизбраниот народ ќе почнат да раководат отстапници, токму тогаш се појавува злосторникот кој сурово ќе го казнува тој народ.
+
Уште Свети Теофан Затворник забележа дека кога русите почнаа да го сакаат римокатолицизмот, дошле полјаците со војна. Кога почнале да говорат само на француски и да се занесуваат со француската култура дошле французите. Кога луѓето почнале да сметаат дека и јудеите исто така се спасуваат, дека тие речиси и да се ангели, тогаш и тие дојдоа на власт, а кога почнаа да се занесуваат со германската филозофија, дошле германците. Тоа е општ принцип на Бога. Он казнува со тоа, со што човекот ќе почне да се занесува. Он му дава можност на човекот логички да дојде до крајот: „Сакаш рај на земјата – повели, гради го, само ‘малку’ ќе постане сличен на концентрационен логор“. Но, што сакал – тоа и добил!
+
Денеска многумина православни се плашат од техничките новини, но од тоа не треба особено да се плашиме. Не е толку страшен ДИБ, (даночни идентификациони броеви) не е во тоа главниот залог на антихристот. Тој ќе се зацврсти со магија. Ако се говори за знаците на антихристот, тогаш реално нив ги има многу и тие не се наоѓаат само во даночната инспекција.
На секоја станица на метрото, што пред сe лежи на полиците со книгите? Ѓубре од типот на криминални и љубовни романи, а од областа на религијата, магија, вражање, магепсништво. Тоа се тие сами предзнаци на антихристот кои го приближуваат неговото доаѓање, зашто тој ќе ги измами луѓето токму со магиско умеење, тој ќе прави чуда и ќе пушта оган од небото, како што за тоа говори Откровението, правејќи пародија на Благодатниот Оган во Ерусалим.
Власта на антихристот нeма да биде заснована на сила, туку на силата на сатаната кој ќе се наоѓа во него. И токму таа магиска сила ќе ги привлече луѓето кон него. На луѓето ќе им биде важно чудото, не е важно чие е, не е важно под кое име тоа се извршува. Ете тој стремеж, тоа тежнеење кон сензации, таа внатрешна болест на душата, ако така речеме, таа похота, стремеж кон надприродното и ќе го воздигне антихристот на престолот.
Најголем злостор на отстапниците е тоа што тие ќе бараат духовна сила било каде.
Доаѓањето на антихристот го приближува и мислењето дека постојат традиционални и нетрадиционални конфесии. Специјално се брише системот по кој тоа може да се види и оцени, а благодарејќи на тоа се добива дека луѓето со мирна душа можат да бидат вовлечени во секакво служење на сатаната под маската на традицијата. Каква е разликата, ако човекот традиционално, или нетрадиционално му се поклонува на сатаната? Која е разликата?