логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Оттука се гледа дека Македонците не се ниту Бугари ниту Срби ниту Грци, туку дека тоа е само поделба направена од пропагандите во Македонија, зашто глупо е да се докажува дека една мајка и еден татко можат да имаат три деца од разни националности. Пропагандната борба меѓу Србите и Бугарите во Македонија не е национална туку политичко-полициска борба, која со тортури сака од Македонците да направи Срби или Бугари.

Напишал: Блаже Миневски (2012 г.)
Превземено од Денешен.мк

„Почнувајќи од деведесетите години на деветнаесетиот век во Македонија, освен бугарската и српската пропаганда, почнуваат да работат и грчката, романската и австриската пропаганда. Агентите преку црквите наметнуваа народност на припадниците на соодветната црква. Секоја пропаганда, освен австриската, покрај црквата отворала и свои таканаречени народни училишта и примала деца на издржување и воспитување, без оглед на која црква припаѓаат нивните родители. Школите биле пропагандни, ги имало секаде, а многу малку од нив биле квалитетни.

Во Битола, на пример, во 1904/5 година имало осум разни пропагандни средни училишта: пет гимназии – турска, бугарска, грчка, романска и српска; три граѓански училишта – училиште на француските калуѓери Лазаристи, еврејска и американска протестантска мисија. Имало деца кои во текот на школувањето менувале по три-четири училипшта, а со училиштетот ја менувале и својата народност, односно национална припадност. Не биле ретки случаите од една иста куќа едно дете да оди во српско, друго во бугарско училиште, трето во грчко, а по завршувањето да стануваат чиновници и поборници на српството, бугаризмот или грцизмот“, пишува Светозар Томиќ, инспектор во Министерството за просвета и црковни работи на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во книгата насловена како „Македонија и Македонците“, печатена во 1918 година во Државната кралска печатница во Белград.

Заедно со Томиќ, како коавтор на книгата посветена на македонското прашање, едно од најважните политички проблеми, како што велат авторите, за кое многу се пишувало и расправало, е потпишан и Јован Марковиќ, началник во Министерството за надворешки работи на Кралството со кое владеел Петар Први Караѓорѓевиќ. Станува збор за книга составена од многу богат материјал расфрлан по разни списанија, книги, брошури и новински статии, кои го третираат македонското прашање, а според Томиќ и Марковиќ, етнографските статистики и прегледи на македонското население, кои ги средувале Србите, Бугарите и Грците, секогаш биле само пропагандистичка литература без научна база.

ТРОЈЦА БРАЌА – ТРИ НАЦИИ!

„Еден наш професор, – сведочи Томиќ за некој Македонец, српски професор, – роден од Воден, има роден брат кој се изјаснува како Грк, а татко и мајка кои одат во бугарската црква и се изјаснуваат како припадници на бугарската народност. Во Битола, во 1905 година, тројцата браќа Талевче, Стефан, Николас и Димитрије, добри трговци, припаѓаат на три народности: бугарска, романска и грчка народност. Значи, оттука се гледа дека Македонците не се ниту Бугари ниту Срби ниту Грци, туку дека тоа е само поделба направена од пропагандите во Македонија, зашто глупо е да се докажува дека една мајка и еден татко можат да имаат три деца од разни националности. Пропагандната борба меѓу Србите и Бугарите во Македонија не е национална туку политичко-полициска борба, која со тортури сака од Македонците да направи Срби или Бугари. Старите луѓе, – вели Томиќ, – од срам црвенеаја а од страв ги кршеја прстите за делата на своите деца. Многупати, на пример, лично слушав како Младен Рајов од Скопје го проколнува својот син Ѓорѓе, секретар на бугарската митрополија во Скопје, затоа што му ја навлече омразата на целата околина врз куќата.

Објективниот истражувач не може да прифати дека Павле Хаџиевски, српски учител во Галичник, е Србин, а неговиот брат Јосиф Хаџиевски, бугарски учител, Бугарин. Или двајцата браќа се Бугари, или двајцата се Срби, но кога еден е Бугарин а другиот Србин, тогаш очигледно не се ни Бугари ни Срби туку Македонци“, се вели во книгата.

Според Светозар Томиќ, сите Бугари го докажуваат бугаризмот на Македонците со тоа што го прифатиле бугарскиот егзархат во Цариград за поглавар на новосоздадената црква на местото на дотогашната грчка патријаршија, односно, наместо грчка, прифатиле словенска служба. Словенската служба била укината со укинувањето на Охридската архиепископија и Пеќката патријаршија. Значи, вели Томиќ, факт е дека сето она што денес Бугарите го имаат во Македонија, а врз основа на што изведуваат заклучок „дека Македонците се Бугари“ е последница на создавањето на егзархијата во Цариград. Егзархатот го создадоа интересите на официјална Турција и словенофилството на Русија, а Бугарите од него извлекоа корист и со тоа нанесоа најголема несреќа на словенското население во Македонија и Стара Србија. Да не постоеше егзархијата, онаква каква што беше, немаше да ја има онаа жестока прогандистичка хајка во Македонија, а не би се случила ни Втората балканска војна, смета тој.

Според него, христијанството кај македонските Словени е многу постаро од христијанството кај Бугарите. Токму затоа Кирил и Методиј, по враќањето од Моравија, не одат во Бугарија туку во средниот и западниот дел на Балканскиот полуостров, меѓу чистите Словени. Државниот јазик на Бугарската држава во тоа време бил сосема туѓ за словенските проповедници. Бугарскиот двор, владата и болјарите секогаш чувствувале дека Македонците не се нивен народ и токму поради тоа никогаш својот државен центар не го поместувале кон Македонија. Со Македонија владееле како со сите земји надвор од Бугарија, вели Томиќ, давајќи објансување од негова и српска гледна точк за периодите кога бигарската дрќава владеела со Македонија.
Според Томиќ и Марковиќ, српското владеење со Македонија траело 131 година, нешто помалку од бугарското, но владењето било без прекин, и за разлика до Бугарите, како што велат, Србите граделе разни таканаречени задужбини, манастири и цркви, мислејќи дека на таков начин ќе влијаат врз претопувањето на Македонците.

ЕГЗАРХИЈАТА Е РУСКО МАСЛО

Двајцата автори наведуваат дека Бугарија ја изгубила политичката и црковна самостојност во 1393 година; Турците ја окупираат а црквата ја потчинуваат на Цариградската патријаршија. Одеднаш целиот бугарски народ е претворен во раја и сите станале робови. Во текот на 15 и 16-ти век, султаните со сила и специјални укази го населувале Балканскиот полуостров со Турци од Мала Аззија, а тоа населување најмногу ја опфатило Бугарија. Оттаму денес, велат авторите на книгата пред деведесет години, во Бугарија како држвата има 800.000 илјади души, ако не и повеќе, вистински Османлии. До доселувањето на овие населеници, Бугарите ја одржувале својата бројна надмоќност, но по овие преселби тие се губат во јавниот живот.

Освен тоа, Фанар, односно Цариградската патријаршија, за да може да поставува свои луѓе за митрополити, владици, свештеници и игумани во Бугарија, постојано притиска пред Портата дека Словените не се сигурни за да бидат поставени на такви места. Портата тоа го примала како вистина и по само неколку години од окупацијата, сите Бугари, виши црквени службеници, биле заменети со Грци. Патријашијата имала свои привилегии врз основа на кои можела да отвора грчки училишта. Во тоа време пропагандата во Бугарија било толку засилена што само селаните и овчарите говореле бугарски а целото останато население, како градското така и побогатото селско население говорело само грчки и турски. Дури и градските чорбаџии се срамеле да кажат дека се Бугари.

Ваквата состојба во Бугарија траела од крајот на 14-ти век до триесетите години на 19-ти век до кога речиси сосема била уништена бугарската национална свест. Професорот Дринов, опишувајќи го животот на бугарскиот народ под Турците, вели дека Бугарите под турска власт биле подјармени, потиштени и разорени до крајна беда. Не постоеле како нација, јазикот речиси им се изгубил. За разлика во Бугарија, во Македонија никогаш работите не стигнале до ваквата состојба; Македонците, вели Томиќ, постојано се бунтувале, водела борби со Турците, го зборувале својот јазик.

Во Бугарија промени настануваат откако Русија во првата половина на 19 век преку Рутен Венелин и уште неколкумина почнува да работи на будење на Бугарите и ширење на бугаризмот, затоа што тоа одело во нејзина полза. Со тајниот план на Русија, преку дејствувањето на Венелин полека отпочнува таканереченото црковно движење кое се инсистира на словенска служба и народни владици. Словените веќе не можеле да ги трпат митрополите, владиците и свештениците од грчка националност па поради тоа го прифатиле тоа движење и почнале да праќаат пратеници во Цариград и да пишуваат молби до султанот за поставување за владици луѓе од народот кои го знаат народниот јазик. Центар на тоа движење во Македонија бил Велес.

Агитацијата била жива и остра, и тоа траело десетина години од 1860 до 1870 година. Идејата за ослободување од грчките свештеници и желбата за словенска служба, а со тоа и наклонетоста кон Русија како заштитиничка на православието во Турција, ги соединува сите поддржувачи на движењето и сите се почувствувале како една целина. Како центар на тоа движење во Бугарија бил градот Софија, град во кој се говори шопски јазик. Во седумдесетата година на деветнаесетиот век, по силни локални борби и интервенција на официјална Русија, но и наклонетост кон таа идеја на Портата, доаѓа до основање на словенска црква во Турција под назив Бугарска егзархија со седиште во Цариград. Кон егзархатот во Цариград пристапуваат сите епархии во Бугарија, освен неколку во приморјето, потоа нишката епархија со Пирот и Врање во Србија, а од Македонија само велешката. После 1872 година егзархијата добива епископи во Скопје и Охрид а подоцна и во неколку други епарахии.

Факт е дека Патријаршијата и грчкото свештенство го плачкале словенското население но во народот ја зачувале верата и не им наметнувале хеленизам, сметаат српските автори на книгата (во делови од книгата авторите не успеваат да се одвојат од српско-грчката), додека бугарските патриоти веднаш преку црквата почнуваат да наметнуваат бугаризација и бугарска народност. Првите денови по востановувањето на егзархијата ги сменуваат сите свештеници со свои луѓе и сите верници ги заведуваат во книгите како Бугари. Оваа очигледно бугаризирање на Македонците полека предизвика контра-движење, односно многу села и градови отворено почнале да бараат да не се напушта патријаршијата. Меѓу 1870 и 1880 пропагаторите на Егзархијата работеле на тоа што повеќе луѓе во Македонија да ја признаат и прифатат Езархијата. Во тоа помагаат Русија и руската дипломатија, руските интелектуалци и турската власт.

БЕЛА СВИЊА. ЦРНА СВИЊА!

На оваа бугаризација на Македонија за која зборуваат Томиќ и Марковиќ, ни Србите не стоеле со скрстени раце. Од деведесетите години на деветнаесетиот век и тие почнуваат нагло да отвораат свои училишта секаде каде што власта допуштала и, како што велат авторите на книгата, бидејќи српските школи биле многу подобро уредени а наставниците подобро подготвени, одреден број таканачерени егзархиски места почнале да бараат српски свештеници и српски училишта.

Плашејќи се од српски успех на теренот, Бугарите основаат одбори за сузбување на српската пропаганда. Тогаш почнуваат првите убиства на Македонците меѓу себе, затоа што едни следат настава во бугарски а други во српска училипте, односно затоа што одат во српска, или патријашиска, а не во бугарска, егзархиска црква. Така во тие неколку години се убиени Петре Ташев, претседател на српската црковна училиште во Башино село, потоа Ѓорѓе Патриотот од Гевгелија, прота Ташко од Куманово, поп Кочо Минов од Кожле, поп Марко од Кочани, учителот Нешо Георгиевиќ од Чучер. На 18 јануари 1899 година учениците од сите средни бугарски училишта во Скопје, околу 210 ученици, ги нападнале децата од српското нижо училиште во Тафталиџе, па биле ранети 17 деца, а неколку учители одлежале неколку месеци затвор во Куршумли на. Поради убиствата и пресметките меѓу Македонците од разни училишта, тогаш можело да се чуе како Турците велеле: Бела свиња, црна свиња, сеедно, нека се убиваат!

 

https://bukefal.club/2018/07/11/srpska-kniga-za-makedonija-1908-godina-roditelite-bugari-edniot-brat-srbin-drugiot-grk/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная