Откако на 28 јуни доби зелено светло за преговори со ЕУ, Србија покрај подготовките за преговарачките тимови почна со подготовки и за ветото кон Македонија.
Во духот на регионалните односи и дипломатската традиција, Србија нема да ја пропушти оваа можност, дознава Брејкинг, и своето вето ќе го базира на неколку точки кои ќе ги поврзе со отворањето на неколку поглавја од пристапните преговори. Главното барање во веќе извесното вето за Македонија ќе биде признавање на црквата на Јован Вранишковски и уредување на односите на СПЦ и МПЦ на начин кој ѝ одговара на СПЦ.
Ова ќе биде основата за српското вето кон Македонија, а во тек се дополнителни дискусии за тоа што може да се додаде кон овие базични барања. Некои од идеите кои засега се разгледуваат се: зголемување на бројот на концерти на српските поп и фолк ѕвезди во Македонија, враќање на „Пинк“ телевизиите во понудите на тв-операторите во Македонија, именување на неколку булевари и знаменитости по српски познати дејци, како и поставување на неколку споменици на српски херои во рамките на проектот Скопје 2014.
Составот на тимот кој ќе учествува во подготовката на српското вето за Македонија засега се крие во најголема тајност.
Извор; http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=6&vest=5236