логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Esen.vopark4.jpg

ЕДИНСТВОТО НА ХРАБРИТЕ


Штом меѓу вас има завист, кавга и неслога, не сте ли телесни?
И не живеете ли како обични луѓе?
1 Коринтјаните 3:3-4

Законот на практичната психологија и на духовниот живот гласи: човекот кај другите го разобличува она во што самиот е грешен, и се бори против она што не може да го разбере (проекција). Затоа некои луѓе би сакале да ја видат Православната Црква во вид на некаква полукатакомбна секта, непријателски расположена спрема надворешниот свет.
Позната е дефиницијата на Црквата како собрание на верни, водени од Светиот Дух.200 Истакнатиот руски богослов А. С. Хомјаков говорел за Црквата како за единство на Божјата благодат, којашто пребива во мноштвото разумни созданија.201 Тие дефиниции се засновани на учењето на Спасителот: „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив“ (Матеј 1:20).
Тоа, всушност, е она новото коешто го вдахнало христијанството во светот  не изолирање и одвојување, туку соединување во името на љубовта. Сите ние сме роднини еден со друг по Адам и сите сме спасени со новиот Адам  Христос. Затоа во Црквата е толку жива идејата за единството на сета твар, на сиот видлив и невидлив свет.
Притоа, мошне тесното слевање во областа на духот не треба да ја осакатува нашата индивидуалност. За да со сиот свој живот го прославуваме Бога „со една уста и со едно срце“  не мора задолжително да имаме едно лице, едни навики и еден карактер. „Едномислието“, коешто се споменува на Литургијата, не претставува малодушна еднобразност на помислите. Како резултат на влегувањето во Црквата, човекот е должен да стане „духовна личност со неразделив, свештен центар, со индивидуален карактер, со способност духовно да твори и да ги исполнува со дух општествениот живот, слободата, семејството, татковината...“202
На тој начин, црковната заедница е способна да го подигне човекот, да го препороди и да го возобнови. Но, тоа е можно само тогаш кога ќе се запази еден важен услов: луѓето се собираат во името на Христос, давајќи го еден на друг најдоброто делче од самите себе, збогатувајќи ја „заедничката маса“ со своите скапоцени приноси. Ако таквата заедница (и таквата маса) ја води искусен и смирен пастир, ние реално ќе го видиме пројавувањето на најголемото чудо на Црквата Христова, којашто никогаш не старее, туку е вечно млада.
„Вистинското духовно соединување е можно таму каде што секој човек стои духовно и религиозно на сопствени нозе, односно во самиот себе носи живи извори на духовно искуство и на религиозна вера. Таму, каде што тоа го нема, таму соединувањето нема да биде на вистинската височина; а тоа значи дека таму е неопходен стремеж кон таа лична самостојност и внатрешна слобода на луѓето.“203
За жал, тоа се случува мошне ретко... Многу почесто се среќаваме со мноштвото „болести“ на црковните заедници. И тие слабости претставуваат продолжеток на оние болести на душата, коишто ги внесуваат нејзини одделни членови. Често таквите заедници никнуваат стихијно. Бидејќи не се раководени од свештеник, тие се развиваат според сите закони на групна психологија и патопсихологија.
Однесувањето на човек во неорганизирана заедница на луѓе („толпа“) е мошне своеобразно. Обичен човек почнува да покажува неочекувано ниско ниво на интелект, станува агресивен и нетрпелив.204
Познато е дека во толпа човекот е подложен на непотребно фантазирање, измислување, дека посакуваното често го смета за реално. „Толпата не го разликува сонот од реалноста“  тврди истакнатиот современ психолог С. Московичи.205 Толпата, според него, не е само човек на плоштад, туку и човек пред ТВ-екран, човек на избор на убавица, и во други обезличувачки ситуации на кои тој доброволно им го посветил своето внимание и им ја отворил душата. Истиот автор констатира дека „секогаш кога луѓето се собираат заедно, кај нив наскоро почнува да се оцртува и да се наѕира толпата.“206
„Спасенето наше се извршува преку ближниот“  милувал да каже преп. Амвросиј Оптински. Тоа значи дека во односите со луѓето се откриваат сите наши квалитети и страсти, меѓу нив и оние скришните. Се случува човекот самоуверено да изјави: „Да, јас ги знам своите слаби страни и гревови, но не сум завидлив.“ Значи ли тоа дека во него навистина нема завист? Може да се случи, по Божја промисла, тој човек да се најде во ситуација којашто во него ќе пробуди дотогаш непројавен порок. И во тоа постојат позитивни страни. Ако непријателот ја кренал главата, можеме да го забележиме и да ги започнеме борбените дејствија.
Да спомнеме, патем, како се појавиле термините коишто денес му се познати на секој ученик  „екстраверт“ и „интроверт“. К. Г. Јунг забележал дека кај сите луѓе, коишто запаѓаат во проблематична ситација, доминирачки мотив за дејствување ќе биде барањето на празнење (заземјување). Бидејќи ситуациите зависат, главно, од луѓето од околината, едните ги избегнуваат оние коишто (нив) не ги признаваат (интроверти), а другите  ги бараат оние што ги признаваат (екстраверти).
Во најголем број случаи, повеќето од нашите односи со луѓето се изградени врз основа на принудување: надворешно или внатрешно (самопринудување). Ние сме мошне различни меѓу себе, во нас живеат множество чувства, желби, помисли, склоности, навики. При секој однос со друг човек ние сме во ситуација на надворешен притисок: нам ни се наметнува нешто што може да не е во согласност со нашата внатрешна состојба. Всушност, принудувањето е притисок на волјата на друг човек врз нашата волја, со цел да повлијае врз изборот на решенијата во конкретна ситуација. И ние самите вршиме притисок врз другите. „Принудувањето постои и во такви блиски односи, какви што се односите меѓу двајца вљубени, меѓу родители и деца, меѓу пријатели: под сопружнички пар, семејство или пријателство се подразбираат одредени постапки и одредени мненија.“207
Поради неопходноста да работат врз својата волја, многумина подвижници им советувале на монасите почетници во почетокот да се „исшлифуваат“ во некој општожителен манастир. Тука подобро се забележуваат таквите карактерни црти како што се мрзливоста, чувствителноста на навреди, раздразливоста, зависта, скржавоста и сл. Во пустина, пак, неочистеното срце ризикува мошне брзо да се зарази со опасен вид прелест  вообразеност.
Православието го повикува човекот и кон зачувување на индивидуалноста, кон развој на своите најдобри квалитети, и кон мистично соединување со Христос. Тоа е идеалот. Во практика, пребивајќи во обична заедница, ние често стануваме просечни, се вклопуваме во сивилото, ја губиме индивидуалноста, и далеку сме од тоа да ги усвојуваме најдобрите манири, вкусови и предности на нашето блиско опкружување. Повторно ќе споменеме дека, доколку соединувањето се одвива на духовен план, дури и недоразбирањата се од полза. Така, односите меѓу луѓето ја тренираат и ја чистат совеста, помагаат да се погледне на себе од страна. Состојбата на човекот во толпа е споредлива со колективната невроза за која е карактеристично напуштањето на логичкото размислување, а исто така и разидување меѓу рационалното и ирационалното во човекот, меѓу неговиот внатрешен и надворешен живот.
Под дејство на овие психолошки феномени, човекот станува член на група којашто живее по законите на толпата (што е особено воочливо во сектите).
Православието лесно го превладува синдромот на толпата, зашто во вистинска заедница на верни се исполнува ветувањето на Христос: „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив“ (Матеј 18:20). Во бедниот интериер на стражарницата при храмот се формираат такви духовно силни заеници и израснуваат такви светилници на верата, што е тешко човек да не се исполни со радост при средба со тоа вистинско чудо на Православието  соединувањето во Христа.
Во нашето време станува сè поизострен проблемот на општата невротизација во услови на долготрајно дејство на психотрауматизирачки ситуации на социјален, семеен и на личен план. Човекот бара не само „пријатно“ место на кое може да сретне истомисленици, туку и глобална, вистинска заштита од жестоките бури на надворешниот свет. Црквата ја дава таа заштита, но не во таква форма каква што очекуваат голем број луѓе коишто пристапуваат кон неа.
„Моето царство не е од овој свет“ (Јован 18:36)  вели Христос, наидувајќи на целосно неразбирање од страна на Евреите, коишто ја очекувале надворешната сила на Царот-Месија и резрешување на своите социјални и политички проблеми. Многумина современи „Евреи“ гледаат на Христос со истиот прашален поглед: „Направи да ми биде сè како што треба“. Неразрушлив ѕид, кој заштитува од светот, од неговите бури и бранувања, се издига во срцето од Светиот Дух, при што надворешните удири и грижи имаат исцелувачко, преобразувачко значење.
Да спомнеме дека апостолите, за да го видат Преображението Господово, три дена напорно се искачувале по стрмната и каменита планина Тавор. „На човек ... му е потребен камен на верата кој вечно би бил со него  и во песочна пустина, и во снежна бура, и во непроодна шума, и во осаменоста на темнината на општата клевета и злоба; таков камен, којшто секогаш би можеле да го почувствуваме како непоколеблива тврдина и да застанеме на него како на некаков столб на тврдината.“208
Во една црковна заедница (особено ако е новоформирана) можат во мнозинство да бидат оние што бараат, пред сè, надворешна поддршка, сочувство, внимателен собеседник. Тие се подготвени со часови да раскажуваат за своите проблеми, коишто не им се многу интересни на другите. Оттука стремежот да се дојде што е можно поблиску до „старецот“, да се слушнат неговите одобрувања, што понекогаш прераснува во зависност па дури и во човекоугодие. За таквите луѓе велат дека свештеникот им го заменува Христа... Секако, никој од пастирите не е заштитен од „суптилната сладострасна желба да овладее со душата на членот од паствата, особено со женска душа, и особено со предадена душа.“209
Како резултат на долготрајно пребивање во група луѓе (во конкретниот случај  во црковна заедница), врз човекот се пренесува нејзината емоционална настроеност. Тоа го определува самочувството на човекот во колективот. Психолозите се користат со терминот „психолошка клима“ за да ја означат севкупноста на духовната и емоционалната страна, на взаемните односи меѓу луѓето, на моралните норми и вредности „со коишто се раководат членовите на групата во своите односи спрема делото што ги обединува, како и меѓусебните односи“.210
Основното влијание на колективот е создавањето морална и емоционална настроеност. Човекот секогаш го оценуваме според своето чувствување на светот, преку своите принципи, преку својот систем на морални вредности. Чистиот, непоматен поглед преку призмата на Евангелието ни овозможува во секој човек да видиме образ и подобие Божјо (макар и искривени поради гревот), да почувствуваме жалост или сочувство кон него, а во идеален случај  да го возљубиме со вистинско христијанско милосрдие и со љубов. Добро е ако ние, погледнувајќи на човекот, почувствуваме дека имаме нешто заедничко со него, ја почувствуваме заедничката несреќа  гревот што нè поробил и нè оддалечил од Бога. Тоа ни овозможува спрема ближниот да се однесуваме макар со разбирање, ако веќе не можеме со љубов. Тоа не ни дозволува да постапиме лошо спрема него, не ни дозволува да го осудуваме (зашто и јас сум ист таков грешник, па дури и поголем).
Тргнувајќи од тоа, му советуваме на песимистот да спознае, пред сè, дека дошол до Христос. Кон Него дошле и други што страдаат и што се осакатени духовно и душевно. Процесот на исцелување е долг, но тој е можен единствено пред нозете на Спасителот. Секогаш треба да се има на ум дека искуството на конкретен парохијанин не е идентично со искуството на Православието. Во богословието постои дури и посебен термин за означување на овој феномен: „парохијализам“  сведување на светот на размери на парохијата.211
Но, за жал, често може да се види како православните заедници, братства или, едноставно, група парохијани обединети со заедничка идеја, бргу се трансформираат во слабоорганизирана заедница, а понекогаш и во толпа. „Кога живото Предание умира за луѓето, тие се обидуваат да го оживеат, акцентирајќи го својот традиционализам, измислувајќи различни „...изми“. Не дишат воздух, но ја образлагаат и ја пропагираат неопходноста од дишењето“.212
 „Разединувањето можеме да го наречеме магистрална (главна) тенденција на современиот свет. Тоа не е оддалечување на човекот од надворешна суета, при што сеопштото единство и соучествувањето се доживуваат поостро. Тоа е затвореност и одделеност на човекот од другите луѓе, некаков духовен аутизам , ограничена самодоволност. Притоа човекот се смета себеси  но и своите интереси, своите потреби, вкусови, успеси и непријатности  за центар, за дел од животот и за мерка за сите вредности... Ако тој аутизам се вовлече во самиот религиозен живот, тогаш религиозното искуство почнува да се извртува: луѓето „веруваат“ како алчни молители.“213 Личниот интерес во односите со луѓето, за жал, воопшто не е ретка појава и во православната средина. Стереотипите на надворешниот свет функционираат и внатре во заедниците на верните.
„Колку е лесно да се префрли одговорноста врз законот, врз другите, врз околностите, врз своето бессилие, врз што-годе друго, само да не ја преземеме врз нас онаа одговорност којашто во нас би можела да биде признак на нашата човечка благородност.“214
Имавме прилика да набљудуваме дури и случаи на „дедовштина“ во парохиските заедници, кога авторитетот на една или на друга личност се определува според „стажот“ во заедницата, според блискоста со „старецот“ и според степенот на учествувањето во активностите на парохијата. Оние луѓе, пак, коишто подоцна станале членови на таа заедница, па макар и да се духовно поискусни, морале да си го заземат своето „место“ во хиерархијата. Кога постои слична диференцијација според надворешни, „световни“ критериуми, не можеме да зборуваме за каков и да е здрав дух во заедницата (да се потсетиме на зборовите на апостол Павле: „бидејќи уште сте телесни“ (1 Коринтјаните 3:3). Тоа може да се нарече само повеќе или помалку организирана толпа. Според сведоштвото на И. А. Иљин, луѓе коишто се членови на слична таква толпа, се лишени од вистинска духовна култура и фактички не водат личен духовен живот. Затоа тие се обединуваат „на ниско ниво на восприемање и на доживување, ... воодушевувајќи се и разгорувајќи се еден со друг.“215
Kарактеристичните црти на рускиот човек, како што се искреноста, топлина во односите, засновани на совеста, на соработката, на милосрдието, веќе одамна му се туѓи на западниот свет. „Просечниот Европеец,  пишува И. А. Иљин,  се срами од искреноста, од совеста и од добрината, како да се „глупости“; рускиот човек, обратно, очекува од човекот пред се добрина, совест и искреност.“216 Според сведоштвото на нашите сонародници, во последнава декада во Европа почнало да се враќа поимањето на единството, соработката и блискоста меѓу луѓето. Само што тоа не се заснова на христијанското онтолошко поимање на единството  „Да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно“ (Јован 17:21), туку на сеопштиот страв, којшто ја леденее душата, пред иднината на светската цивилизација, изградена на песокот (Матеј 7:26-27) на „општочовечките вредности“.
Во Црквата, пак, луѓето, соединети со Божествената љубов, го доживуваат мистичното чувство на соединувањето. Според сведоштвото на св. Тихон Задонски, зборот „Црква“, има уште еден превод од грчки, освен „еклесија“ (заедница). Тоа е „призив“.217 Ние сме повикани да сочиниме од неправилните редици на толпата  којашто по широк пат се движи кон пропаст  „единствена благодатна заедница, обединета и одухотворена од единствениот Извор на сите добра  Спасителот на светот“.218
Соединувањето на одделните членови на Црквата, што се доживува на високо духовно рамниште, носи со себе сосема реално чувство дека сме членови еден со друг, и јасно чувство на секого за сите, и на сите за сите заедно, и поединечно за секого.
Во голем број од своите беседи, кои подоцна биле објавени во низа книги, митрополитот Антониј (Блум) настојувал да ја прикаже токму психолошката страна на човечките односи, пронижани со евангелската жива вода. За означување на спознавањето на човек со човек, со чувство за учество во онтолошкото единство на Црквата и на нејзината Глава, тој користи термин од хуманистичката психологија  „средба“.219 Митрополитот Антониј, често прекоруван поради претераниот „психологизам“ и „душевност“, свесно го насочува вниманието на психологијата на човечките односи во Црквата. Тој чука на вратата којашто не може а да не се отвори. Зашто, тој „психологизам на раскажувањето“ во неговите беседи му помага на човекот да почне да го восприема Евангелието преку можеби најразвиениот дел од нашата природа  преку чувствата. Ако „цивилизираниот“ човек на современиот свет сепак ја напушти психологијата на дивјакот од племето на човекојадците и ја развие во себе способноста да се среќава, да гледа и да слуша, тоа ќе биде негова голема победа. Победата над сопствениот егоцентризам и над егоцентризмот на сегашниот век. „Ние, во најголема мера, се однесуваме еден спрема друг, спрема оние што нè опкружуваат, како да се околности на нашиот живот. Ние сме  во центарот, и околу нас се одвиваат  или не се одвиваат  разни настани... Некој човек ни е полезен, а некој не, од некого доаѓаат непријатности... Во односите спрема нив сме  во најдобар случај, се разбира  милостиви, милосрдни, дружељубиви. Но, што значи тоа? Тоа значи дека на оние, коишто се околу нас, им посветуваме извесно внимание.“
На семожните итрини во општењето и во однесувањето, коишто овозможуваат умешно да се броди во заедницата, избегнувајќи непотребни судири и конфликти, и не земајќи ништо блиску при срце, им се посветени голем број книги и учебници. Некои од нив директно учат како да „манипулираме“ со луѓето околу нас, за остварување на наши лични интереси. Особено се популарни делата на Д. Карнеги, апологет на „мачкањето на плакарите со восок“, како што таквиот начин на однесување го нарекувал митрополитот Антониј Сурошски. Суштината е во тоа што ние спрема оние што нè опкружуваат се однесуваме како спрема мебел, наместо во нив да гледаме наши ближни (в. Лука 10:30-37). Но, колку ли е далеку тоа од исполнувањето на Христовата заповед: „Кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга“ (Матеј 20:26). Самото поимање на тоа колку нашиот секојдневен живот е далеку од евангелскиот идеал на целосно служење на Бога и на луѓето, може да биде прва станица на патот кој води кон Царството на вечната љубов.

 

 (Продолжува)


ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНА  ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев

 Издавач : Преминпортал

(Превел од руски: Михајловиќ С. Драган)

 

ПРЕДГОВОР

Да се каже дека живееме во сложено време значи  ништо да не се каже. Според зборовите на блажениот Августин, ние сме времиња. Имено, од нас зависи какво ќе биде нашето време. Но, сепак, не можеме а да не забележиме дека односот на Црквата спрема современиот свет е мошне сложен. Макар што е модерно во информативните медиуми грубо да се напаѓа Православието, гледиштата на нашите сонародници, макар што самите тие не се секогаш свесни за тоа, сепак се свртени кон Православната Црква. И макар што христијаните не се секогаш издигнати на доволно високо ниво, „Исус Христос е ист вчера, и денес и во веки“ (Евреите 13:8), а Црквата била и ќе биде Столб и Тврдина на Вистината (1 Тимотеј 3:15).

Повод за пишување на оваа книга е пријателството со еден виден човек кој во почетокот на својот црковен живот ја поминал „школата“ на служење како „младостарец“. Тој се заинтересирал за анализата на односот на луѓето, коишто пристапуваат кон Црквата, спрема многубројните феномени со коишто се среќаваат на тој пат. Резултатот на извршената анализа е мало психолошко истражување коешто ги одразува „сломовите на душата“ на современите православни верници. Ние се обидовме да ја истакнеме мислата дека Црквата е чиста и непорочна, и дека не треба да се поистоветуваат гревовите и проблемите на нејзините членови со некакво „разградување“ на Црквата. Затоа не треба да нè чуди што во гледиштата изнесени во оваа книга има толку многу описи на негативните карактеристики на луѓето коишто пристапуваат кон Црквата. Тоа воопшто не е проблем на самото Православие. Црквата е мајка, лекар, духовна тврдина кон која прибегнуваат оние што имаат потреба од исцелување. За луѓе со суштински проблеми и со аномалии во душевната сфера, само Православната Црква може да им даде сè што е неопходно за духот, без оглед на многубројните слабости на нејзините членови.

Гледано од страна, луѓе со различни отклонувања многу почесто се среќаваат во православната средина отколку во другите христијански конфесии. Таквото тврдење е само делумно точно. Зашто, каде на друго место ќе сретнеш толку многу духовно здрави луѓе? Каде на друго место сме виделе да се пројавува дејствувањето на вистинските благодатни дарови? Истовремено, се чувствува потреба да се постави прашањето: а каде на друго место треба да појде болниот, ако не во болница? „Денес во светот има мошне многу душевно болни луѓе. И особено многу ги има во Црквата“  смета протојерејот Владимир Воробјов.

Но, на оваа појава може да се гледа и од друг аспект. Се работи за тоа дека семожните патопсихолошки феномени се во разногласие со духот на Православието и јасно се видливи на неговиот фон. Навистина, карактеристично за Православната Црква е што таа јасно ги расветлува недостатоците и дисхармоничните црти на личноста. Како здрава средина, Православието не може да поддржува и да одгледува во себе каква и да е патологија.
За нас е очигледно дека Православието во целост го запазило вистинското Христово учење и дека претставува најздраво општество. Затоа, имено, во него  и никаде на друго место  јасно се забележуваат сите човечки слабости, меѓу кои и душевните, од кои произлегуваат пороците и телесните страдања (психосоматика).

И уште една теориска премиса од која тргнавме. Разгледувајќи ги акцентуациите и, воопшто, аномалиите на личностите, можеме да истакнеме два важни момента.
Како прво, сите тие се развиваат врз основа на одредени гревовни страсти, растат според мерата на нивното продлабочување и се намалуваат според мерата на борбата со нив.
Како второ, сите аномални црти имаат механизми на заштита од нападите на совеста и на чувството за покајание. А таа заштита не може лесно да се совлада. Тука спаѓаат сублимацијата, истиснувањето, проекцијата  нешта коишто не ги разбираме во смисла на фројдовската психоанализа, туку како психопатолошки механизми коишто овозможуваат да ја избегнеме духовната работа.

И така, Православната Црква ја има полнотата на благодатта којашто го храни човековиот дух. Меѓутоа, работите се посложени кога е во прашање организацијата на душевниот живот, зашто таа сфера директно зависи од оние луѓе коишто ја сочинуваат заедницата, парохијата, од личноста на духовникот.

Во процесот на пишувањето, оваа книга стана поопширна одошто планиравме. Во неа ги додадовме поглавјата за алкохолизмот и за психологијата на болеста. За жал, денес кај нас има многу малку целосни, завршени трудови од областа на православната психологија. Затоа и нашиот труд, кој ни најмалку не претендира на сеопфатност и на непогрешност, ги повикува читателите на размислување, па дури и на полемика.
Кратките поглавја „Ако заминуваш  заминувај“, „Пијанството и алкохолизмот“, „Гласот на песимистот“, „Психологија и психопатологија на духовното раководство“ и „Некои аномалии на личноста од гледна точка на православната психологија“, коишто влегоа во оваа книга, се посветени на анализата на дисхармоничните црти на личноста, со цел да се помогне во понатамошниот избор на правилен пат и на правилни средства за исправање на состојбите.

Описите на растројствата на личноста ги наведуваме како според одделните симптоми, така и според крупните синдроми, користејќи ги термините „хистероиден“, „параноиден“ или „депресивен“ тип на карактерот. Но, во практиката ретко се среќаваат апсолутно чисти типови. Најчесто во секој од нас, во чудни комбинации, се помешани аномалните и вредните својства, така што можеме да воскликнеме заедно со св. Теофан Затворник: „Еве ред во гревовната сфера! Секој грешник е целиот во неа, но главно се фаќа за еден грев!“Не треба да се заборави и на заострените црти на карактерот кои се резултат на одредени ситуации. Така, научник што работи на нова статија може со месеци да остане заглавен во својата тема, претставувајќи на тој начин упорна личност. Човек што претрпел тежок губиток може долго време да пројавува црти на депресивна личност, и сл.
Прашањето за тоа што се смета за норма, а што за патологија, секогаш било мошне сложено. Методолошкиот арсенал на православниот психолог е збогатен со такви јасни аскетски поими како што се грев, страст, гревовни навики и сл. Тоа знаење го става во поповолна положба во споредба со световните научници, коишто не ги разграничиле нормата и патологијата. Да се потсетиме дека во современото општество постои тенденција психичкото растројство да се смета како некаква варијанта на нормата, со тоа што таа не е применлива на доминантен општествен стереотип. 

Уште една премиса од којашто тргнавме. Еден од важните поими во Православието е преобразбата  не претворањето, туку одухотворувањето, возвишувањето, облагородувањето на сè што е природно, на сите нешта што се во човекот, меѓу другото и на неговите душевни сили. Ова пресудно влијаело врз утврдувањето на насловот на книгата.

Како автори, не направивме ниту најмал обид да ги класифицираме аномалиите користејќи се со веќе познати термини и поими. Не си го поставивме како цел ниту описот на сите можни патокарактеролошки феномени. Темите на нашите поглавја се ограничени на проблемите на патопсихологијата во контекстот на православниот поглед на душевниот живот на човекот. Тоа се нафрлени анализи на портрети на аномалните, невротичните, акцентуираните „стилови“  на егзистирање во ентериерот на црковниот начин на живеење, напишани со перото на православен психолог.

Меѓу задачите на оваа книга е и утврдувањето како се формираат одредени акцентуирани карактери, како личностите со таков карактер дејствуваат во условите што владеат во црковната заедница, со какви тешкотии се среќаваат, кои се патиштата на хармонизацијата на личноста и на преобразувањето на душата.

Во сферата на нашето интересирање најчесто влегуваа акцентуирани личности . Ние се обидувавме да ја разгледаме врската на акцентуацијата со гревовните навики, не заборавајќи дека и „здравиот“ човек може да биде голем грешник, без притоа да покажува знаци на растревоженост или грижа на совеста. Од друга страна, човек со сериозно нарушено психичко здравје може да биде значително почист и подлабок од т.н. просечен, „нормален“ човек.

Авторите воопшто не претендираат на оригиналност и на систематичност на излагањето. Оваа книга попрво претставува збирка огледи, обединети во една општа идеја. Освен тоа, ние намерно не го упростувавме материјалот, зашто за длабоките појави најдобро може да се зборува на јазикот на професионалниот психолог. Се смета дека е полезно секој човек, којшто се интересира за православната психологија, да влезе во светот на најдобрите достигнувања на психолошката наука. Од друга страна, сите психолошки феномени се разгледуваат во книгава од гледна точка на православната антропологија, затоа во текстот има толку многу повикувања на богословски текстови. Соодветно, оваа книга е наменета за луѓе коишто размислуваат и творат.

 +++

 а. Антипсихијатриска струја во 60-70-тите години во Западна Европа и во САД, а во почетокот на 90-тите години и во Русија.
 б. Поимот „стил на личноста“ е авторски термин на современиот психотерапевт Д. Шапиро.
ц.Термин предложен од страна на германскиот психијатар Karin Leonhard.


Друго:

apostol.Timotej.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: АКО ЗАМИНУВАШ - ЗАМИНУВАЈ

apostol.Timotej.jpg

http://preminportal.com.mk/content/view/5879/54/

apostol.Timotej.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: Психологија и психопатологија духовното раководство

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: МОТИВОТ НА ДЕПРЕСИЈА

 Stefan.zaBozik1.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: ВЕЧНИОТ МОТИВ ИЛИ НАМЕТЛИВИ ЛИЧНОСТИ 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2026
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2546
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная