Истражувањето спроведено во лабораторијата на медицинско - биолошките технологии НИИ за индустриска и морска медицина, станале вистинска сензација - пишува во весникот 'ЖИВОТ”. Научниците експериментално докажале дека крсниот знак ги убива микробите и ги менува оптичките особини на водата.
- " Потврдивме дека древниот обичај храната и пијалакот да се крстат пред јадење, има длабок мистичен смисол" - вели физичарката Ангелина Малаховска. - Зад тоа се крие практична корист: храната се очистува буквално во миг. Тоа е чудо кое се случува секој ден.
Своите истражувања за силата на крсниот знак оваа физичарка ги спроведувала 10 години и резултатите се феноменални: откриени се единствени бактериолошки својства кои водата ги поседува после осветувањето со молитва и крсниот знак. Откриена е нова особина на Божјиот збор да ја преобразува структурата на водата, зголемувајќи ја нејзината оптичка густина во ултравиолетовата област.
За тимот физичари, самата можност на тие истражувања постанала чудо: тие не биле финансирани, туку својата работа ја работеле бесплатно нудејќи им на луѓето можност да ја почувствуваат исцелителната Божја сила.
Научниците го провериле дејството на молитвата “Оче наш' и на крсниот знак врз патогени бактерии. Земени се примероци вода од разни места: бунари, реки, езера. Сите примероци содржеле златна стафилокока и уште еден вид секогаш присутна бактерија. Се покажало дека после прочитаната молитва Оче наш и осенувањето на водата со крсниот знак, таа количина штетни бактерии се намалувала за 7,10,100 па дури и 1000 пати. Според условот на експериментот, молитвата ја читале и оние кои веруваат и оние кои не веруваат; покрај се, бројот на патогени бактерии се намалувал во споредба со контролните вредности.
Исто така е воочливо и благотворно влијание на молитвата врз човекот: кај сите испитаници се стабилизирал крвниот притисок и се подобрени резултатите од анализата на крвта. Восхитуваки е фактот дека показателите се менувале во точно потребниот правец за исцеление: притисокот кај хипотониците се зголемувал, а кај хипертониците се намалувал. Исто така е приметено дека ако човек неправилно се прекрсти тогаш и резултатите изостанувале. Бидејќи човечкиот организам се состои нешто повеќе од 2 третини вода, тоа значи дека при создавањето Бог во нас вградил таков систем од физички канали, кој ги регулира сите биохемиски процеси во организмот и кој јасно го препознава името на Исус Христос.
Може да се каже дека крсниот знак е генератор на светлината. Оптичката густина на водата не се променила при ниту една друга положба на прстите освен со крсниот знак.
Навистина - "според верата ваша - нека ви биде"! АМИН!
Посети: {moshits}