Весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Македонија. Веруваме дека истата реакција е предизвикана и меѓу македонското население во Република Албанија, како и меѓу македонската дијаспора ширум светот, се вели во соопштението потпишано од претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана Никола Ѓурѓај.
Досега се излезени седум броја на весникот, кој, генерално, објавува теми од животот на Македонците во Албанија, теми кои се однесуваат на политичките случувања кои директно влијаат на животот на македонското население во оваа земја.
Издвачите на весникот очекуваат ваквата активност да биде соодветно поддржана, не само од научната, туку и политичката јавност во Република Македонија, како и од Македонците ширум светот.