логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ЕКСКЛУЗИВНО: МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА НАУКА ПРЕД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА


Старословенскиот јазик не потекнува од Бугарија

Македонија е присутна во европската наука многу години пред формирањето на државите по Втората светска војна. Дел од фактите, кои се од огромно значење за нас, наскоро ќе бидат печатени од МАНУ, во делото "Откривање и проучување на Македонија во европската наука до формирање на македонските државни институции". ВЕЧЕР ексклузивно пренесува дел од книгата што ќе се појави следната година, преку презентациите на научниците присутни на истоимениот меѓународен собир

Оспорувањето на македонската теорија како долгогодишна официјална политика на повоената Бугарија, и потеклото на старословенскиот svkiril.svmetodij.jpgјазик се темите за кои говори и професор д-р Влоџимјеж Пјанка од Варшава.

- Мјечислав Малецки, првиот полски македонист, во својата незавршена книга за најстариот словенски книжевен јазик (1947 г.) подвлекува дека до почетокот на ХIХ век не се чувствувала потребата старословенскиот јазик, како и во кирило-методиевата доба, да се нарече поинаку отколку словенски. Тој генетски не бил поврзуван со бугарскиот јазик, како што се случи тоа при крајот на тој век, вели професорот Пјанка. Тој ја коментира и грешката на чешкиот филолог Јозеф Добровски, кој се смета за татко на славистиката. - Во 1822 г. Добровски изрази мислење дека старословенскиот јазик потекнувал од Бугарија (или од бугарско-македонско-српско наречје"). Меѓутоа тој немаше уште доволни знаења за тоа, бидејќи тогаш немаше уште ниту дијалектолошки испитувања, ниту доволни познавања од историјата на словенските јазици, а покрај тоа тој ги поистоветуваше предците на Србите со Прасловените, тврди полскиот професор, кој, како и многу научници, обрнува внимание и на книгите од Словенецот Облак и Малецки од Полска. "Македонската теорија, конечно, се потврди со објавувањето на двете студии од македонската дијалектологија. Авторот на првата (издадена посмртно) беше Словенецот Ватрослав Облак (Macedonische Studien - посмртно 1896 г., македонски превод: "Македонски студии", 1994 г.), а на втората Полјакот Мјечислав Малецки (Dwiegwary macedonskie (Suche i Wysoka), И дел 1932 г., II дел 1934г.), вели Пјанка.

Тој дава осврт и на политичкиот фактор во лингвистиката, кој, како што вели, трае и денес. "Пред повеќе од два века пред славистичката наука се постави прашањето за потеклото на старословенскиот јазик. Најголемиот дел од словенското население живееше тогаш, покрај малку достапната за европските научници Турција, во Русија и во многуте други германскојазични држави, од кои најголеми беа Австрија и Прусија, за кои земјите населени со словенските народи беа од голем политички интерес. Политичкиот фактор (од различни побуди и интереси) влијае врз оваа научна дисциплина се до нашето време", коментира Пјанка.

Оспорувањето на Македонската теорија од Бугарија
- И кога беше веќе утврдено дека основата на старословенскиот јазик е солунскиот говор, непризнавањето на постоењето на македонскиот јазик како посебен словенски јазик пречеше еднозначно да се уточни потеклото на старословенскиот јазик. Состојбата се промени по прогласувањето на македонскиот јазик како официјален јазик на Македонија во состав на Југославија во 1945 година. Меѓутоа оспорувањето на македонската теорија долги години беше официјална политика на повоената Бугарија, објаснува професор Пјанка.

За Русија старословенски - за Бугарија староблгарски!?
Во втората половина на ХIХ век се појавуваат првите старословенски граматики, хрестоматии и речници. Тие излегуваат на руски, француски и германски јазик. Руските научници се служат со термините како црковно-словенски или старословенски јазик. Во француските изданија е општо прифатено le vieux Slave. Во германскиот се јавува Kirchenslavisch, Altkirchenslavisch, но исто така Altbulgarisch и тоа кај А. Лескин (шест изданија од 1871 до 1922). Од Лескин овој назив го презеде Полјакот С. Слоњски, кој студираше кај него во Лајпциг (staroslowianski (starobulgarski)), но кај другите полски автори се употребуваа термините staroslowianski или staro-cerkiewno-slowianski. Терминот старословенски е прифатен во чешкиот и во хрватскиот јазик (staroslavenski), како и во другите словенски јазици. "Како што се гледа, терминот "староблгарски език", воведен официјално во Бугарија, потекнува од германскиот славист Аугуст Лескин (1840-1916). Тој се употребува и во наше време од некои западноевропски (главно германскојазични) лингвисти, како на пр. Ото Кронштајнер или Рудолф Ајцетмилер", вели професор д-р Влоџимјеж Пјанка.

Дејан ТРАЈКОСКИ
Вечер



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 12, 2025
Default Image

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на Комисијата за доделување на годишната награда „Ладислав Баришиќ“, која оваа година ѝ се доделува на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект„Вознемирен…
Септември 23, 2025
TviTER929

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги…

Денес, кога болката е наша

Јул 20, 2025 Ставови 818
TviTER777
Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше…

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Апр 17, 2025 Музика 1432
Festival.Simeon
Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1777
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1870
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

Беседи

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.Да повторам:...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети великомаченици Екатерина и Меркуриј

Во денешно време се водат кампањи за рамноправен третман на лицата со посебни потреби од типот на оваа подгрбавена жена. Но дали ние не сме тие кои покрај овие луѓе...

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно...

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и...

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Но, оној што ќе го стави својот ум во процес на исцеление - преку послушание кон духовниот отец, и кој правилно чекори по патот на очистување на своето срце од...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

11/12/2025 -четврток

Божикен пост; (на масло)

Преп. маченик Стефан Нови; Св. новомаченик Христо; Преп. Ана; Св. благоверен цар Маврикиј; Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици  11 декември/28 ноември  2025

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 11 декември/28 ноември 2025

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Тропар на светиот Христов вмч. Јаков Персијанец 10 декември/27 ноември  2025

Тропар на светиот Христов вмч. Јаков Персијанец 10 декември/27 ноември 2025

Сите се восхитија на доблесното трпение, кое ти многустрадален го покажа во неискажливите страдања: прекрасни благодарствени молитви вознесуваше кон Господа,

Тропар на свети Алимпиј столпник 9 декември/26 ноември  2025

Тропар на свети Алимпиј столпник 9 декември/26 ноември 2025

Столб на трпение стана, кога преподобно ревнуваше како праотците,Јов во маките, Јосиф во искушенијата,и живот на бесплотните во тело.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная