Ова е прво ЦД од предвидената едиција која ќе содржи 15 циклуса, а ќе биде посветена на македонската култура, литература и традиција, поточно своевидна антологија на културата и традиција на градот Струмица
Во издание на виртуелната електронска библиотека за културата и традицијата на Македонија, која постои веќе една година преку проектот "Растко-Македонија" го издаде ЦД-то насловено како 15 роднокрајци, посветено на писатели од Струмица. Целиот овој проект, според концептот треба да опфати 15 ЦД-а, што би претставувало своевидна антологија на културата и традицијата на Струмица.
Во ова прво издание се опфатени 15 наши писателски имиња Стојчо Балкански, Бранко Бјадов, Иван Василевски, Вања Изова-Велева, Киро Донев, Васил Дрвошанов, Ѓорѓи Калајџиев, Васе Манчев, Митко Маџунков, Никола Маџиров, Виолета Танчева-Златева, Љубен Ташковски, Видое Подгорец, Никола Сарајлија, Кочо Урдин.
- Нека ова наше електронско издание биде посветено на сите вљубеници на бесмртноста на зборот. Овој избор на автори не е конечен, и ќе биде надополнет со нови авторски имиња во идните авториски изданија на оваа едиција, која ја промовираме преку ова ЦД. Како посебно изненадување по повод годишнината на овој македонски проект, го објавивме и сараевското издание на култниот роман за Егејците, "Магла" од Иван Чаповски, дигитализирана верзија според раритетниот сочуван примерок сочуван од 1991 год., изјави координаторот на овој голем дигитален проект Софија Тренчовска.
Вечер