логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Фестивал на европска литература
ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ
Приказни вредни за раскажување

Најдоброто од „Европски приказни“ го оставивме за крај – од 25 до 27 септември, во Јавна соба, го одржуваме Фестивалот посветен на оригиналната едиција на книги која донесе вистинска свежина на нашата книжевна сцена. Гостување на две големи авторски имиња, изложба на дизајнерски решенија на корици, предавања, дискусии и работилници посветени на книжевниот превод ќе бидат во центарот на случувањата на „ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ – приказни вредни за раскажување“ – фестивал преку кој ќе се потрудиме да ви го доближиме најдоброто од европската литература и да ви понудиме поинакво книжевно искуство.

Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на Европската Унија и Министерството за култура, воведува нови практики и поставува повисоки стандарди во издаваштвото во нашата држава, со кои се задоволуваат очекувањата на љубопитната публика и се привлекуваат нови читатели.

Проектот го заокружуваме со ТРИ централни фестивалски настани:
-    25.09. (среда), 20 часот – Изложба на сите графички решенија за објавените книги и запознавање со актуелните имиња на уметничко-дизајнерската сцена.

-    26.09. (четврток), 19.30 часот – Гостување на АФОНСО КРУШ и промоција на неговиот роман „Да купиме поет“. Промотори: Владимир Мартиновски, Наташа Сарџоска (преведувач).

-    27.09. (петок), 19.30 часот – Гостување на КАЛИЈА ПАПАДАКИ и промоција на нејзиниот роман „Снегулки“ (добитник на Европската награда за литература). Промотори: Елизабета Баковска, Емилија Мајсторова-Стојановска (преведувач).
-    
Дополнителни настани
-    Работилница за превод и толкување со Наташа Сарџоска, на 26.09.
-    Работилница за превод и толкување од француски јазик во соработка со проф. д-р Ирина Бабамова, на 27.09.


*Настаните се посветени на книжевниот превод, спецификите и предизвиците во преведувањето на книжевни дела на македонски јазик и се насочени кон преведувачката заедница, јазичните редактори, уредниците, како и сите заинтересирани за оваа професија.

 

Извор:

ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР ТРИ

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…
Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…

Беседи

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Свети Јован Крстител е и икона и почеток на тајната на новозаветното и есхатолошко свештенство, и почеток на крајот на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти...

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да  ни се...

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

« »