85 години од раѓањето на академик Матеја Матевски
13.03.2014
85 години живот, 65 години творештво, над 600 песни преведени на 30-тина јазици. Во знакот на овие бројки, МАНУ денеска го прослави роденденот на Матеја Матевски.
Скромно и задоволно, Матевски им се заблагодари на МАНУ и на Фондацијата „Трифун Костовски“ за укажаната чест.
Матеја Матевски често е нарекува најпознат македонски поет во светот. Автор е на 21 оригинална книга поезија, кои се објавувани на сите континети. 40 негови дела се преведени на 30-тина светски јазици.
Матевски е носител на повеќе од 20 високоугледни светски награди и признанија, меѓу кои и „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2011 година. Беше номиниран е и како македонски кандидат за Нобеловата награда за литература.
Текст: 85 години од раѓањето на академик Матеја Матевски