Четврток, 30 Мај 2013 13:06 Во присуство на бројни гости, меѓу кои и претседателот на Владата на Република Mакедонија, Никола Груевски, академик Митко Маџунков, претседател на комисијата за проектот „Ѕвезди на светската книжевност“, членови на редакцискиот одбор, писатели, преведувачи, лектори и директори, Канческа-Милевска истакна дека оваа едиција нашата држава ја позиционираше меѓу големите сили кои со почит го негуваат и го промовираат наследеното светско книжевно богатство.
-Во изминатиот период беа реализирани неколку навистина крупни зафати кои не само што ни помогнаа да го надминеме повеќедеценискиот застој во македонската преведувачка и издавачка практика, туку овие проекти детерминираа еден нов и траен импулс во културното живеење на нашата држава, рече Канческа-Милевска. Таа појасни дека преку проектот се овозможи за прв пат, на македонски јазик да се преведат книжевни творби кои се од исклучително значење за светската литература.
Проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ претставува културно множество на жанрови од источната култура, старата грчка и римска книжевност, средновековни дела, дела создадени во времето на ренесансата, барокот, класицизмот, предроматизмот, романтизмот и реализмот, 560 литературни преводи на македонски јазик кои ни ги доближуваат културните особености и лингвистичките длабочини на многу автори.
Со промоцијата на денешните 50 дела, на македонската читателска публика и се достапни 149 преведени дела од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“, меѓу кои се и остварувањата на Петрарка, Булгаков, Дефо, Ружди, Џојс, Лесинг, Иго, Дикенс, Кавабата и многу други автори кои се дел од плејадата на великаните кои ја испишаа светската книжевна историја.
Трета по ред Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог Mинистерката за култура оствари билатерална средба со министерот за култура и туризам на Република Турција, Ертугрул Гунај
Министерката за култура на снимањето на првата сцена на филмот „Приказни од дивиот исток“ Промовирана публикацијата „Религијата и културата – нераскинлива врска меѓу народите“
Отворање на изложбата „Презентација на изработени парчиња современ накит“ Доделување на првите 40 решенија за национални пензии
Промовирани четири куќички од проектот за изработка, поставување и ставање во функција на 20 унифицирани објекти наменети за продажба на сувенири Посета на премиерот Никола Груевски на Министерството за култура
„Неговите арии“ меморијален концерт за Тоше Свечено отворање на „Порта Македонија“
Работната посета на националните установи од областа на културата во Битола Петтата по ред изложба „Археологија 2011“
Извор: Министерство за култура