Во издание на Антолог, деновиве од печат излезе книгата „ Патот“ од Борис Митковски која преставува збирка од хаику песни, интересни пред се затоа што за прв пат гледаме хаику со православна содржина.
Претставување на книгата и запознавање со авторот се случи на 13-ти април на Саемот на книгата 2013,
а промоција допрва се очекува. Инаку, Борис Митковски е дипломиран теолог од Трновската Теолошка школа,а сега е запишан на постдипломски студии во Калифорнија.Ова стихозбирка е негово прво објавено дело за која рецензент е Митрополит Американско- канадски г. Методиј Златанов
„ Но, кога станува збор за Патот на Борис Митковски,веднаш ќе кажеме дека тоа е поезија која ниту според формалните поетички одредници,ниту според религиозниот сензибилитет на зенот ниту, пак,според естетиката и фонетиката на јапонските литании на мигот буквално му припаѓа или наликува на хаику. Парадоксот ни ги отвара очите. Нултата гравитација сепак продолжува......“
Митрополит Методиј Златанов
1.
Пак прелестна сенка
треска во моите очи
а лотосот колку ли е убав.
Again the shadow of prelest,
fever in my eyes,
and how beautiful is the lotus
2.
Замисли ,
самурај в црква видов,
се причести.
Imagine,
in the church,a samurai I saw.
he took a holy communion.
3.
Јаворот висок,
Отецот со ангел сe виде,
орелот-рибар риба фати.
High is the mapletree,
the Father met an angel,
the osprey caught a fish.
Преминпортал
Скопје, 14.04.2013 год. - Скопски саем