19.04.2016 год.
Во селекцијата македонски филмови на годинашниот Скопски филмски фестивал, кој ќе почне во петок, ќе биде прикажан филмот „И фабриките имаат душа“ по оригинална идеја, режија, продукција на Јане Алтипармаков и фотографија и ко-режија на Наташа Гелева.
Проект координатор на филмот е Јан Харлан, извршен продуцент на Стенли Кјубрик. Монтажата е на Дарко Стефановски, а музиката е компонирана од Игор Василев – Новоградска.
Во оваа селекција ќе биде прикажан и филмот „Лазар“ на Светозар Ристовски, како и новиот филм на Елеонора Венинова „Борба за смрт“.
На фестивалот македонска премиера ќе има шведскиот филм „Затнати усти“, по сценарио и режија на Карл Абрахамсон, во кој Јане Алтипармаков учествува како камерман и асистент, а улогите ги толкуваат Лин Шпаренборг, Теа Шалдева, Стојан Николиќ и Вера Николиќ.
Во склоп на фестивалот режисерот Абрахамсон ќе одржи работилница за експериментален филм, а музичарот Игор Василев - за филмска музика.
Извор: Утрински весник