логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Годинава помина во знакот на филмските адаптации на славите романи, од „Хобитот“ на Џ.Р.Р. Толкин, преку „Игри на гладните“ според трилогијата на Сузан Колинс, до екранизациите на класиците „Клетници“ на Виктор Иго и „Ана Каренина“ на Лав Толстој... Нашата читателска публика е по малку мрзлива, претпочита да потроши два часа на филм наместо неколку дена во читање, велат домашните издавачи .

„Ана Каренина“ на Лав Толстој, во режија на Џо Рајт

ДВЕ ИЛЈАДИ И ДВАНАЕСЕТТА - ГОДИНА НА ФИЛМСКИ АДАПТАЦИИ

Годинава што изминува беше одбележана со екранизирањето на славните романи, почнувајќи од познатите класици до новите бестселери. Холивуд донесе актуелни изданија на големото платно:
светските премиери на филмските адаптации на „Хобитот“ според романот на Џ.Р.Р. Толкин, во режија на Питер Џексон (се очекува набргу да дојде и кај нас); „Игри на гладните“ според трилогијата на Сузан Колинс, во режија на Гери Рос; класиците „Клетници“ според истоименото дело на Виктор Иго, а во режија на Том Хупер, и „Ана Каренина“ според книгата на Лав Толстој, во режија на Џо Рајт. Идната година се очекува да излезе и филмот „Големиот Гетсби“, во режија на Баз Лурман, според книгата на Френсис Скот Фицџералд.

Откако ќе се појави филмот, некои читатели брзаат да ја купат книгата според која е снимен, но повеќето се задоволуваат со два часа удобно залегнати во киносала, велат нашите издавачи, кои следејќи ги светските трендови во својата продукција неизоставно ги вклучуваат популарните наслови.

Филмот маркетиншки помоќен од книжевноста

Филмот како медиум има поголема маркетиншка моќ од книгата иако таа е посуштинска и подлабока, но кога би требало да се избере помеѓу филм и книга, предноста е на страната на седмата уметност, вели Винка Саздова од издавачката куќа „Три“.

Оваа издавачка куќа ги објави двете најпопуларни книги на Ден Браун - „Кодот на Да Винчи“ и „Ангели и демони“, по кои беа снимени и филмските мегахитови. Книгите одлично се продаваа, бидејќи се појавија пред светските филмски премиери.

И Дејан Павлевски од издавачката куќа „Матица“, која го отпечати бестселерот „Јади, моли се, уживај“ на Елизабет Гилберт, по кој режисерот Рајан Марфи направи филм, се согласува дека филмот има поголема популарност.

- Интересот за романот порасна по светската премиера на филмот, а книгата беше меѓу најпродаваните изданија во „Матица“ минатата година. Секако дека филмот има поголема моќ. Ако книгата излезе пред филмот, нормално дека таа ќе се чита, но ако е обратно, за жал, луѓето нема да трошат време да читаат, туку одат на полесната варијанта - вели Павлевски.

Уметности што си одмагаат

Иако секогаш сум мислел дека книгата и филмот се компатибилни, практиката покажува обратно, вели Христо Петрески од издавачката куќа „Феникс“.

- Има голема разлика меѓу книгата и филмот. Тие уметности, наместо да си помагаат, си одмагаат. Во последниве години нема автентичност во филмовите, бидејќи ретко кога режисерите ја отсликуваат вистинската приказна на литературното дело и најчесто се јавува разочарување кај авторите на книгите - вели Петрески.

Во „Феникс“ моментално „Хобитот“ е најбараната книга, што се должи на бомбастичната најава на светската премиера на истоимениот филм во режија на Питер Џексон. Филмот на киноблагајните во светот создава долги редици. Македонската премиера се очекува наскоро во „Синеплекс“.

- Откако ја добивме „Хобитот“, немаше којзнае каква побарувачка, но откако излезе филмот - книгата масовно се бара. Така беше и со книгите за Хари Потер и со „Кодот на Да Винчи“ и со „Ангели и демони“ и многу други бестселери што ги публикуваа другите издавачки куќи - вели Петрески.

Но читателската публика, според него, ни е мрзлива, претпочита филм наместо книга.

- Причината е едноставна - луѓето имаат изџвакан производ и така им е полесно да ја совладаат приказната. Полесно им е да потрошат два часа од своето време гледајќи го филмот отколку неколку дена додека ја прочитаат книгата. Но тоа не се вистински читатели, туку се читатели на мигот. Ретки се оние љубители на книгата што би отишле во кино да ја гледаат филмската адаптација и да направат споредба со книгата што веќе ја прочитале - вели Петрески.

Ваквиот тренд, подвлекува тој, е резултат на силен маркетинг.

„Хобит“ ги вознемири гледачите

Според британскиот магазин „Дејли мејл“, на некои од гледачите што присуствувале на 3Д-проекцијата на „Хобитот“ им се слошило поради револуционерната техника на снимање, брзината на камерата и 3Д-ефектите. Режисерот Питер Џексон изјавил дека користел посебна 3Д-техника за време на снимањето, која забележува двојно повеќе фрејмови во секунда од обичната. Ова не им било пријатно на неколку гледачи што пријавиле дека филмот им предизвикал мачнина, главоболка и сл. Експертите и критичарите се согласни дека резултатот бил пребрз или „преполн“ со информации за човековото око и мозок.
- Техниката на снимање ги прави кадрите на екстериер, природа или планини од птичја перспектива, навистина импресивни. Но ако гледате крупен кадар, да речеме на некое лице, имате впечаток дека сликата трепери - пишува „Дејли мејл“.
„Сандеј тајмс“, пак, искуството на гледање „Хобит“ во кино го спореди со возење многу брз и стрмен тобоган.

Писателите ја мразат екранизацијата на нивните дела

Авторите на филмувани книги неретко се незадоволни со резултатот. Стивен Кинг бил голем обожавател на работата на големиот режисер Стенли Кјубрик, но бил комплетно разочаран од тоа како го екранизирал неговото дело „Шајнинг“. Според Кинг, иако улогата на Џек Николсон е култна, тој воопшто не бил импресиониран од неговата изведба. Има уште многу вакви примери на писатели што не биле задоволни од работата на режисерите. Тука се вбројуваат писателите Ен Рајс („Интервју со вампирот“), Винстон Грум („Форест Гамп“), Ентони Бурџис („Пеколен портокал“), Бред Истон Елис („Американски психо“) и уште многу други.

  26.12.2012 год
   
Автор: Ивана Нолчева - Нова Македонија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1073
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2642
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

07/06/2025 - сабота

+Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител; Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Кипарски; Светите маченици Пасикрат, Валентион, Јулиј и други; (Задушница);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная