логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Протаставрофор  Д-р. Александар Мустеников

РОДИТЕЛИТЕ И ЗАШТИТАТА НА НИВНИТЕ ДЕЦА
ОД ПЕКОЛОТ НА ДРОГАТА


 krst.sneg.jpgЗа да може родител да се бори против злото на дрогата треба да знае да ги препознава симптомите на употреба на хемијски средства на зависност. Треба да знае да ги чита промените на однесување кај своите деца и да знае да ги разликува  обичните и нормални промени од симптомите кои укажуваат на употреба на дрога.

За дете кое не употребува дрога, следново би било вистина:

1)  Ќе можиш да разговараш и комуницираш со него
2)  Ке  ги знаеш и познаваш неговите другари.
3)  Ќе  постигнува добри резултати во училиште
4)  Ќе биде вклучено и ќе учествува во разни забавни активности надвор од училиштето
 5)  Ќе се смее и ќе биде вклучено во фамилијата.
 6) Начинот на кој се облекува можеби нема да те бендисува, но алиштата ќе му бидат чисти и уредни.
 7)  Ќе има сили да рече “Не”?
 8)  Ќе биде чесно и искрено спрема тебе
 9)  Расположението е релативно стабилно и нормално
 10) Постојано ќе укажува дека не употребува дрога и дека во нивното друштво нема другар кој се дрогира
 11)  Дека е против дрогата
 
Ова се генерални показатели кои укажуваат на фактот дека детето не се занимава  со дрога.
Знаците и симптомите на деца кои употребуваат дрога обично се камуфлирани со промените кои настануваат во тинејџерските години. Затоа многу родители и кога ќе приметат драстични и чудни промени, имаат впечаток дека тоа е нормално и дека во тој преоден период тоа се реакции на општите психофизички промени. Но треба да се разликуваат нормалните промени од промените кои укажуваат на употреба на дрога. Не смеат родителите да бидат последни кои ќе го сознаат тоа.
 
Постојат јасни и скриени симптоми кои укажуваат на употреба на дрога.
    Скриени симптоми се:

 1)  Тајност
 2)   Менување на пријателите
 3)   Промена на облеката и општиот изглед
 4)   Зголемена изолација
 5)   Промена на интересот или активностите
 6)   Попуштање во школувањето
 7)   Промена на однесувањето кон домашните
 8)   Седење навечер доцна или цел ноќ
 9) Носење на шишенце со капки за очи за отсранување на црвенилото на очите.
10)  Откажување од спорт или други занимања.

Јавни или сигурни симптоми се:
 
1)   Длабока депресија проследена со спиење по неколку часа
 2)  Избегавање на контакти со фамилијата
 3)  Зголемено отсувство (бегање) од училиште
 4)  Досада додека е дома
 5)  Зголемени таинствени телефонирања
 6)  Почнува да пуше
 7)  Проблеми со пари
 8)  Екстремно губење или добивање на килажа
 9)  Дружење со нови и постари деца
10) Истерување од школо
11) Насилнички и кавгаџијски однос
12) Слушање на хеви метал музика со содржина за дрога
13) Однесување на изгубеност, дезорентираност
14) Насилнички физички однос кон помалите
15) Промена на темата ако се праша за дрога
16) Поминување долго време на улица или некое место
17) Долги периоди на одење в нужник
18) Изгорени алишта со дупки

Кога овие знаци или симптоми се присутни, тогаш со сигурност детето се занимава со дрога. Ова се сигнали кои укажуваат на фактот дека детето не само што почнало, туку зема дрога подолго време. Повеќето од симптомите внимателно се кријат за да не интервенират родителите. Но интервенцијата е тоа што треба веднаш да се направи.
Понатаму, ако во ташна или во фијока најдеш огледалце, лулиња, гумено црево, жилети, мали ножички, хартија за цигари, сребрена фолија, упаљач и кибрити тоа се исто така показатели кои укажуваат на фактот дека детето можеби почнало да се занимава и зема  дрога. Исто така, ако се примети точки на раката од шприц, носење блузи со долги ракави да не се приметат рацете, исчезнување на драгоцености или скапи предмети, крвави очи, подочнаци, споменување на самоубиство или обид за самоубијство и исчезнување на лекови од домашна куќна аптека, тогаш исто така се работи за знаци кои укажуваат дека  детето употребува  дрога.

Постои болест која се нарекува анорексија која исто така може да произведе слични симптоми, но како и да е, родителот треба веднаш да интервенира и да превземи активности за борба против зависноста од дрога на своето дете. Не смее да дозволува симптомите да се продлабочуваат и не смее да се залажува дека     со време сето тоа ќе помине. Ако се приметат горе наведените симптоми, се препорачува веднаш да се зборува со сопругот односно сопругата и треба да се бара професионална помош. Треба да се направи план за акција и да не се делува брзоплето и со лутина. Треба лекар да го прегледа детето за да се востанови со сигурност дали се работи за она од што најповеќе се плаши. Ако се востанови  дрогирање, тогаш се прави стратегија и план за борба против зависноста од дрога.


КОИ ДРОГИ ГИ УПОТРЕБУВААТ МЛАДИТЕ
                       И
КАКВИ СЕ НИВНИТЕ ЕФЕКТИ ?

Република Македонија е земја преку која водат главните патишта за тргување со дрога наменета за земјите од западна Европа. Исто така, Македонија е земја каде некогаш се произведуваше афион од кој се правеше најквалитетен опиум. Така, денес дел од таа дрога која главно се пренесува илегално во западните земји најде свои потрошувачи и во Македонија а исто така се претпоставува дека денес постојат сеуште стари резерви од катран кои  скришно се користат од наши граѓани. Значи Македонија е земја во која денес може полесно да се најде дрога. Затоа и порастот на нејзините корисници и зависници е драстично зголемен.

Кои дроги најчесто се користат во Македонија?
Во Македонија подеднакво се користат природни и вештачки или синтетички дроги.  Од природните дроги се користат разни деривати на: псилоцибата, афион, индијски коноп и кока.

Деривати на псилоцибата. Псилоцибата е габа, печурка, или позната како “света габа” или “капа на слободата” која предизвикува халуцинации кај личноста вршејќи искривување на визијата, вољата и свеста. Може да се најде во густите планински шуми на паднати трупци каде постои голем процент на влага. Многу наши луѓе не ја познават и ја имат класифицирано како отровна габа затоа што при јадење делува како силен отров. Употребена како храна во мали количини било тоа свежа, печена или сушена  дејствува на тој начин што личноста доживува видливо пореметување на  свеста и мислењето пропратено со искривена перцепција на реалноста и времето. Ефектите почнуваат по 30 минути и траат од 3 до 9 часа.  Лицето главно гледа визуелни илузии и халуцинации. Така доаѓа до деформација на сликите, нивната димензија, боја, профил, агли. Дрогираниот гледа аморфни слики на шари, бразди, зраци, светлосни кругови. Доаѓа до растројство на мислите така што се случува лутање на мислите, тешкотии во мислењето и неспособност за ментална работа. Настануват промени во расположението, доаѓа до еуфорија, загриженост, осетливост и неконтролирано смеење или плачење. Некои корисници доживуваат пријатни хлуцинации на летање а други  пак чувство како мравки да им лазат по телото.  Долго земање на дрогата предизвикува пореметување на нервниот систем, повреди на меморијата и повреди на малиот мозок.

Деривати на афионот. Афионот е растение кое многу добро е познато во Македонија. Од чаурата која се засекува излегува млечен сок кој се кондензира и постанува опиум. Опиум постои и во листовите но не во семето. Опиумот се собира и припрема во вид на погачи кои се познати како катран погачи. Сувиот опиум содржи околу 20 екстрати или алкалоиди меѓу кои попознати се: морфиумот, кодеинот, тебаинот, папаверин, наркотин, и нарцеин. Овие алкалоиди по својата хемијска структура и делување се делат на три групи. Едните делуваат на мозочната обвивка како морфиумот, други на органите за дишење како кодеинот а пак трети како на пример наркотинот на статичните мускули односно цревата.


Морфиум.

Морфиумот е кристален бел прав кој  денес главно се употребува во медицината кај болни за контролирање и намалување на големите и неиздржливи болки. Тој делува на централниот нервен систем предизвикувајќи мир и отсувство на болки. Во мали количини  тешко се доаѓа до сон но во голми дози настанува сон кој преминува во кома и смрт. Во мали количини убризган преку шприц предизвикува еуфорија на благосостојба. Со честа употреба, доаѓа до сигурна зависност така што луѓе кои биле под негова терапија после излечувањето станувајќи зависни постануваат активни корисници на дрогата.  Опасноста од оваа дрога е во тоа што корисниците кои полека се навикнуваат на неа, ги тера да земаат постепено поголеми дози за да се доживеат истите ефекти. Тоа условува повеќето да претерат и да дојде до смрт. Инаку има почетен стадиум кога корисникот не чувствува веднаш пријатни искуства. Напротив во почетокот морфиумот предизвикува гадење, вртоглавица, немирни соништа, главоболка и суво грло. Но кога ќе се помине на Еуфоричен Стадиум тогаш настануваат пријатни чувства со доживување на благосостојба и мир. Во мали количини ја поткрева фантазијата и  стимулира на поголема работа и активност, го подига расположението, ствара чувсто на радост и отсувство на умор. Во токсичен стадиум, настанува голема и неконтролирана жед и опсесија за дрога така што наркоманот живее и делува единствено да најде и употреби дрога. Тогаш не води сметка за никакви принципи. Не јаде, краде, се продава, се прави само да дојде до дрога. Со време настануваат тешки повреди на мозокот и  промена на карактерот и расположението. Наркоманот постанува несреќен, немирен, тажен, нервозен, изолиран и во пстојана борба со околината. Расположението му се поправува само ако употреби дрога. Но со понатамошна употреба на дрогата, сеансите на радост се се пократки  а лошите чувства се подолги и посилни. Во таква состојба на неконтролирана желба за дрога, најчесто уживачот на морфиум зема голема доза која предизвикува кома и смрт.

Хероин.

Хероинот е поопасен брат на морфиумот со тоа што е многу појак и посилен во зависноста и негативните ефекти по целото психофизичко битие на човекот. Меѓу младите е познат  како: “смек”, “доуп”, “хорс”, “браун”, “метадон”,  “долафин” и т.н.
Се употребува во таблети, кристали, течности и прави кафеави стапчиња. Во чиста форма личи на бел прав.

Кафеавиот хероин  е 40 пати посилен од белиот. На улиците може да се најде помешан со други материи како што се гликозен прав, или талк. Се употребува преку инекции, се шмрка, се пуши или јаде.  
Хероинот предизвикува силни сензации на еуфорија и чувство на внатрешна леснина. Една доза од 2 до 4 милиграма  временски  трае од два до три часа. Поголема доза е многу опасна и може лесно да доведе до смрт.

Белиот хероин е пет пати посилен од морфиумот и има многу пожестоко дејство. При почеста и подолга употреба врши пореметување на органите за дишење а при поголеми дози предизвикува смрт. Како дрога, создава огромна зависност така што рехабилитацијата од него е многу тешка и макотрпна. 
Инаку хероинот ја променува целокупната личност,  карактер и однесување на зависникот. Зависникот ја губи својата социјална поврзаност со блиските како и чувството    за обврска кон околината  така што единствено живее и делува  за да најде и употреби дрога. Во отсувство на дрога зависникот  го опфаќа голема паника, настанува треска која обично е пропратена со потење и чувство како  морници да му лазат по целото  тело.

Кодеин.

Кодеинот се прави од морфиумот и обично се употребува во медицината за лекување на респираторните болести. Најчесто се употребува како седатив за умирување на кашлањето. Се употребува растворен преку шприц или како прав преку шмркање. Кодеинот е поблаг вид на дрога кој е помалку опасен од морфиумот и хероинот, но сепак при честа употреба предизвикува зависност. При честа употреба предизвикува слабеење и тромост. 


Индијскиот коноп

Индијскиот коноп или канабис е растение кое има потекло од Централна Азија а денес се има раширено по цел свет. Растението има стебло кое може да достигне висина до два метра. Се одгледува главно заради неговите влакна од кои се прави текстил.  Исто така растението произведива и семки од кои се прави масло. Растението има два вида, машко и женско стебленце. Женското стебленце лачи смола од која се прави дрогата. Исто така дрога се прави од женското стебленце кога лисјата се исушат и суви се сомелат. Производот од лисјата се нарекува мерихуана или популарно доуп, тревка а пак производот  од смолата што се лачи се нарекува хашиш или стоун, квотер, цинцанела  и   т. н.
Мерхуаната обично се пуши како цигара а од хашишот се прават таблети или мали стапчиња кои се пијат или јадат. Инаку и двата производи на канабисот создаваат зависност кај уживачот. Тие се најупотребувани дроги во светот и кај нас. 

Мерхуаната предизвикува ефект на релаксација, отпуштеност и внатрешен мир. После саат до два од земањето на дрогата, субјектот чувствува еуфорија која се манифестира преку физичка и внатрешна леснина, расположение, радост и неодредено спокојство. Додека  хашишот предизвикува состојба слична на пијанството. Субјектот чувствува како предметите стануваат посветли и поистакнати, се појавуваат разни прекрасни фигури и слики но сето тоа се заборава когаќ е се разбуди. 
 
Дрогата ја намалува кратката меморија и ја пореметува можноста за концентрација. Многу често се случува блага паника, депресија или чувство на изгубеност, чувство на губење на контрола. Дрогата на канабисот има 400 разни хемикалии кои предизвикуваат рак. Ризикот е голем заради подолгото чување на димот во градите од обичната цигара од тутун. Дрогата предизвикува големи пореметувања на кардиоваскуларниот систем, го зголемува притисокот и чукањето на срцето за скоро 50 %. Подолга употреба негативно влијае врз полноста  предизвикувајќи голем процент на абнормална сперма. Исто така субјектот ги губе мотивите за работа или учење и драстично ја намалува способноста за реакција во случај на опасност.


Кокаин.
 
Кокаинот или популарно коката е јужноамериканско растение кое преку Цејлон и Јамајка денес е проширено насекаде во светот. Коката е растение кое во лисјата содржи кокаин. Обично кокаинот се добива на тој начин што лисјата откако ќе се исушат,  се мелат во прав и правот се пакува за продавање. Кокаинот популарно е познат како: “крак”, “коук”, “чарли” или “шоу”.
Кристализиран во кристали во големина од зрно на грозје се нарекува  крак кокеин  или камен, “рок” , “стоун” или “вош”.
Кокаинот е бел или жолтеникав прав кој најчесто исецкан во линии на стакло се шмрка со цевче, се пуши мешан со тутун  или растопен во дестилирана вода се шприца со шприц.
Тоа е засега најефтина дрога која лесно може да се најде насекаде. Кокаинот брзо дејствува создавајќи чувство на благосостојба, самодоверба, рамнодушност кон болка и замор и  губење на апетит. Ефектите од дрогата траат од 5 до 30 минути. Инаку, кокаинот е дрога која ствара најсилна зависност од сите дроги. Тоа е дрога која го форсира зависникот да зема почесто и поголема доза за да се умири жедта за дрога.  По еуфоријата кога завршува дејството,  доаѓа до замор, мачнина, несоница и депресија пропратена со самоубијствен нагон.
Лицата кои употребуваат какаин изгледат нервозни, возбудени и изморени поради недоволно спиење.  Шмркањето на кокаинот обично ја повредува носната мембрана така што доаѓа до чиреви или пак  до отворени рани во носните шуплини. Смрт може да настане ако се употреби прекумерна доза.
Зависниците од кокаин многу тешко можат да се наговорат на рехабилитација затоа што кокаинот ствара лажно чувство на самодоверба,  лажна  импресија дека се е во ред. 

Кракот е кокаин кој е обработен со разни хемикалии за да може полесно да се пуши и побрзо да се апсорбира. Ефектите се моментални и краткотрајни но појаки од обичниот кокаин. Последиците по здравјето се исти како и кокаинот со тоа што меѓу другото најчесто настапуваат компликации на органите за дишење кои обично се пропратени со силни болки во градите.
Сите овие горе наведени природни дроги кои се употребуваат преку убризгување со шприц, носат со себе и една скриена дополнителна опасност. Субјектите кои се дрогираат, неводејќи грижа за чистотата на иглите,  можат со пренесување да заболат од вирусот на сидата, вирус кој е познат под кратенката ХИВ.

ВЕШТАЧКИ ИЛИ СИНТЕТИЧКИ ДРОГИ

Вештачките дроги се сурогати кои се произведени од разни хемикалии во лабораторија на  вештачки начин и имаат за цел да ги заменат  оригиналните природни дроги. Опиумот е првата вештачка синтетичка дрога создадена со цел да ги намалува болките кај болните луѓе. Синтетичките дроги се делат на 4 групи и тоа: аналгетици, барбитурати, амфетамини и лизергијски дроги.

Аналгетици

 Аналгетиците се вештачки дроги создадени со цел да ги заменат дериватите на опиумот посебно морфиумот. Прв аналгетик е долатинот кој ги има истите својства на морфиумот но пет до десет пати со појако дејство.  Со слично дејство се и: метадонот, петидинот и морфинанот. Карактеристично за овие аналгетици е тоа што предизвикуваат зависност и пореметување на сите органски функции.

Барбитурати
 
Барбитуратите се вештачки дроги кои исто така се наменети да го заменат морфиумот. Тоа се средства кои се употребуваат за третирање на несоница или смирување. Главно се примаат преку апчиња. Прв и најпознат барбитурат е фенобарбитонот или познат како жолта јакна. Потоа попознати се секобарбитолот наречен црвен ѓавол и послаби барбитурати со послабо седативно успивно дејство: глутимид, металкуалон, секонал, диазапам, паралдеит, нембутал, амител  и други.
Барбитуратите главно се седативи кои го смируваат централниот нервен систем и го прават субјектот бавен и тром.  Во мали дози помагат за отпуштање но во поголеми дози предизвикуваат ефекти на пијаност, неразбирливо зборување, тромавост и несоница. Во екстремни дози можна е смрт особено ако се помеша со алкохол, хероин и други средства за смирување или се прима со шприц. Барбитуратите имат штетни дејства на нервниот систем и на целиот моторен систем на човекот. Овој тип на дрога предизвикува голема зависност. Рехабилитацијата од овој вид дрога е многу тешка.

Амфетамини
 
Амфетамините се синтетички дроги кои имат за цел да ја стимулират енергијата кај луѓето. Го стимулираат нервниот систем правејќи го човек буден и исполнет со енергија.  Исто така амфетаминот  го намалува апетитот. Амфетаминот или бензедрин може да се најде под името: метедрин, макситон или декседрин. Дрогата се употребува главно преку апчиња но исто така се шмрка и прима преку шприц. Амфетамините го повредуваат сипатичкиот нервен систем  и можат да предизвикат смрт. Обично страдаат спортисти кои се напрегаат преку нивните можности бидејќи дрогата ги прави да се чувствуваат силни и полни со енергија а од друга страна недоволно исхранети заради губење на апетитот. Подолга употреба предизвикува несоница, пароноја и депресија. Рехабилитацијата од оваа дрога е исто така тежок и макотрпен процес. 

Лизергијски дроги или ЛСД
 
ЛСД е синтетичка лизергијска киселина која во медицината се употребува главно за третирање и лечење на шизофренија. Тоа е дрога која предизвикува  долги сензации на еуфорија. Позната е како: асид или киселина, трипс, таб, блотерс или  дотс. Оваа дрога обично се наоѓа во форма на мали квадратчиња со големина од 1 сантиметар квадратен. Квадратчињата ги има во разни бои. Исто така можат да се најдат во форма на апчиња, таблети или капсули.
Дрогата  делува после пола до еден саат и предизвикува ефект наречен “патување” кој  може да трае до 12 часа. За време на еуфоричното дејство,  дрогата предизвикува халуцинации како: гледање на бои, фигури, зраци, облаци, прстења и сл. а исто така и слушање на  разни звуци.
ЛСД е дрога која не предизвикува зависност но од друга страна  и со мало количество на дрога го оштетува мозокот. Почесто користење предизвикува трајни повреди на мозокот и долготрајни ментални пореметувања.
Екстаза или аналог. Екстазата е вештачка дрога која исто така во медицината се употребува за третирање на разни психички пореметувања. Екстазата содржи молекуларни деривати на емфедамин и фентанол. Во јавноста е позната под имињата: диско бургер, денис менис, дијамант, адам, фантазија и тн. Обично може да се најди во форма на таблети или капсули во разни бои или бел прашок. Ефектите на оваа дрога делуваат после 20 минути и можат да траат со часови. Оваа дрога предизвикува чувство на топлина, комфор, смиреност и задоволство. Чувството на благосостојба е пропратено со изострено доживување на боите и звуците. Во поголеми дози оваа дрога предизвикува вознемиреност,  паника, параноја и несоница. Кај некои луѓе предизвикува вкочанување на рацете и нозете и особено вилицата.
Екстазата главно се зема во диско клубовите. Дрогата делува како стимуланс кој дава енергија за многу часовно играње и силно доживување на музиката и боите. Но заради тоа предизвикува дехидрација во организмот односно губење  на течности.
Дрогата предизвикува трајни повреди на мозокот така што се случува неконтролирано тресење на рацете, тежок говор, до парализа на одделни делови од телото. Исто така дрогата го повредува и црниот дроб. 

ГХБ или гама хидроксид битрат

Оваа вештачка дрога во медицината се употребува за предоперативна анестезија.  ГХБ е безмирисна течност со соленикав вкус. Се употребува помешана со разни пијалоци. Дрогата делува смирувачки но со силно чувство на опиеност слично како кај другите алкохолни труења. Откако ќе помине дејството се случуват непријатни последици како: мачнина, повраќање, грчеви во мускулите и мамурлук.
Некои ја употребуваат за зголемување на сексуалната моќ. Но медицината го оспорува и порекнува ова својство на дрогата. Најголема опасност е дрогата да се меша со секаков вид на алкохол. Тогаш може да дојде до големо труење со опасни последици по животот.

ДРУГИ  СРЕДСТВА  КОИ СЕ КОРИСТАТ ЗА               
ДРОГИРАЊЕ

Средства за смирување

Средствата за смирување најчесто се препишуваат на лекарски рецепт од страна на медицинско лице. Меѓу нив најчесто спаѓаат: валиум, либриум, ативан и темазапан. Се користат против депресија, вознемиреност, стрес, и несоница. Во мали дози можат да ја смират возбуденоста а во поголеми дози предизвикуваат поспаност.
Овие хемикалии организмот брзо ги абсорбира и станува многу брзо зависен од нив. Луѓе кои се откажуваат од овие средства по долга терапија, доживуваат чести и силни главоболки и чувсво на вознемиреност. При големи дози може да дојде и до смрт.

Разредувачи

Во групата на разредувачи спаѓаат: разни лепаци, аеросолни спрејови, ацетон, бутан гас, како и лесни горива, бои, средства за чистење, коректори за машини за пишување и бензин. Сите овие вештачки материјали можат да се најдат во домаќинството. Обично  се користат со директно вдишување на хемикалијата или пак на начин наречен популарно “дување односно вдишување на лепак”. Злоупотребата на разредувачите е најчеста кај помладите на возраст од 12 до 16 години.
Овие синтетички хемикалии предизвикуваат силни халуцинации или дремливост, отпуштеност и релаксација. Но по дејството предизвикуваат главоболки, вртоглавица, повраќање и мамурлок. Прекумерното вдишувањето може да предизвика смрт заради задушување или повраќање а често и заради откажување на срцето.  Подолга употреба на овие дроги предизвикува големи повреди на мозокот, црниот дроб и бубрезите. Инаку честата употреба предизвикува навика и зависност. Престанувањето е тешко и пропратено со кошмари и непријатност и лесна промена во расположението.

Алкохол

Алкохолот е најчесто употребувана легална дрога во светот и кај нас. Тоа е дрога која е присутна насекаде, дрога до која може многу лесно да се дојде во секое време. Алкохолот е дрога која предизвикува различни доживувања во различни ситуации. Едни ги прави живи со чувство на сила и енергија, други  агресивни и раздразливи а трети ги тера да спијат. Алкохолот делува стимулативно бидејќи има калории кои се абсорбираат и употребуваат од организмот како храна.  Инаку алкохолот е храна, стимулатор и отров. Храна е затоа што содржи калории. Дрога е затоа што го менува расположението.  Отров е затоа што во големи количини е токсичен. Исто така алкохолот е хемикалија која иритира. Ставен на рана предизвикува бол а при допир со централниот  нервниот систем предизвикува пијаност.
За алкохолот не треба многу да се објаснува бидејќи сите ние го знаеме неговото дејство и последици.
Сите горе наведени дроги без разлика на тоа дали се природни или вештачки, повеќе или помалку  создаваат  ист циклус на делување кај човекот. Во почетокот делуваат еуфорично со благопријатни доживувања и чувства. Но после повторената или честа употреба создаваат зависност. На крајот ја наплаќаат својата цена на задоволството со предизвикување на огромен бол и тешки пореметувања на целокупното човечко битие. Го повредуваат телото со последици по мозокот и другите витални внатрешни органи а со иста мера ја повредуваат и душата на човек, уништувајќи ја неговата личност, неговиот идентитет, социјален живот, достоинство и духовност.

(Продолжува)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1906
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2418
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная