Вашингтон, 18 декември 2012 (МИА) - Христијаните се најбројната верска група во светот и вкупно ги има 2,2 милијарди, покажуваат резултатите од истражувањето што денеска го објави Форумот за вера и јавен живот на Истражувачкиот центар „Пју“.
Врз основа на собраните податоци за бројната состојба и географската распределеност на осумте главни верски групи, вклучувајќи ги и атеистите, „Пју“ заклучил дека христијаните сочинуваат 32 отсто од светската популација, пренесуваат француските медиуми.
Муслиманите, кои во светот ги има 1,6 милијарди, претставуваат втората најголема верска група на глобално ниво, додека хиндусите се трета најбројна група во светот со околу милијарда припадници, а зад нив се будистите (500 милиони) и Евреите (14 милиони).
Според резултатите на најновата демографска студија, со која беа опфатени повеќе од 230 земји и територии во светот, околу 5,8 милијарди луѓе се идентификуваат со некоја верска група, а повеќе од 400 милиони луѓе спроведуваат различни народни обичаи и традиции. сд/12:15