Во Македонија Интернет користат 1.180.704 граѓани или 56,7 проценти од вкупната популација, а на социјалната мрежа Фејсбук се приклучени 941.240 граѓани или 45,2 проценти.
Според податоците на специјализираниот статистички веб сајт Интернет ворлд стат, Македонците во користењето на Интернет се пред Албанците, Бугарите, Грците, Црногорците, Србите и пред граѓаните на Косово.
Процентуално гледано, по Македонците, најголеми корисници на Интернет се Србите со 56,4 проценти, по кои следуваат Грците со 53, Бугарите со 51, Црногорците со 50 и Албанците со 49 проценти. Најмалку Интернет се користи во Косово каде што 20,5 проценти од населението се приклучени на онлајн мрежата