Со овие активности е заштитен вреден споменик на културата кој потекнува од 16 век и кој е симбол на препознатливост на овој регион. Црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ е трикорабна базилика со развиен впишан крст во основата ...
Во рамките на Програмата на Министерството за култура, заврши непосредната заштита, конзервација и реставрација на архитектурата на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во с. Младо Нагоричане, Општина Старо Нагоричане.
Обемната конзервација и реставрација на овој значаен споменик на културата од поствизантискиот период се одвиваше во повеќе фази, а стручните екипи на Националниот конзерваторски центар во целост ги реализираа активностите за: консолидација на архитектонско-конструктивната структура на црквата, изведба на дренажен систем и партерно уредување.
Претходно на овој сакрален објект беше извршено зацврстување на конструктивниот систем и на покривот, а беше извршена и санација на фасадите и на потпорните ѕидови околу црквата.
Со овие активности е заштитен вреден споменик на културата кој потекнува од 16 век и кој е симбол на препознатливост на овој регион. Црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ е трикорабна базилика со развиен впишан крст во основата. Оваа монументална црква е изградена од разнобојни обработени камени блокови, фасадно декорирана со керамопластични елементи и една од повеќето сакрални градби во кругот на голема монашка заедница.
Извор: Министерсво за култура на РМ
Друго: