логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(По повод „21 февруари“ – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик)
Епископ Антаниски г. Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител

Следејќи го текот на македонско-бугарските политички односи во последниве неколку години, особено по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави, а за кој ние како монашка заедница јавно излеговме со позитивно мислење и нелицемерна поддршка, со надеж дека тој, „срочен во духот на европското право“, ќе придонесе за воспоставување и зацврстување на братољубиви односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ, што насушно е потребно од многу аспекти за двата современи европски народи, сметаме дека по речиси пет години, потребно и чесно е да излеземе со свое мислење во однос на тоа што се има случено оттогаш на ова поле.

Исто како што напоменавме и тогаш, ќе нагласиме повторно и сега, дека ова писание, во кое се одразува ставот на целото наше Братство, не е инспирирано или поттикнато од какво-годе политичко влијание и припадност, бидејќи ние како монашка заедница, сецело предадена во служба Божја, не служиме на ниедна политичка партија, движење, идеологија, сила или моќ, освен, се разбира, на Божјата семоќ. Следствено, го пишуваме овој свој став како наша должност, пред сè, кон историјата, како и кон иднината, а потоа и кон секој граѓанин на двете земји и кон нивните политички водачи.

Да започнеме од насловот на Договорот. Во него се содржат три прекрасни и полни со христијански ентузијазам зборови: пријателство, добрососедство и соработка. Но, за жал, мораме веднаш отворено да предочиме, дека одреден дел од политичарите воопшто не се придржуваат, па дури и ги злоупотребуваат овие христијански начела, често употребувајќи манипулации заради популистички цели, така што наместо напредок во зближувањето и пријателството, ние денес имаме нешто сосема спротивно: оддалечување и негативни чувства едни кон други, поголеми, би рекле, дури и од оние во времето по Информбирото од 1948 година. Навистина трагично!

За историската и културолошка блискост помеѓу Македонија и Бугарија и за нашите заеднички моменти од историјата, како и за историските недоследности, фалсификати и затскривања, досега како Братство имаме јавно и транспарентно напишано многу и се разбира, вистинољубиво стоиме и докрај ќе останеме зад тоа. Меѓутоа, очигледно е дека некои политички и општествени структури заедничките нешта од минатото не ги восприемаат и ползуваат како една солидна подлошка врз којашто треба да се гради конструктивна и светла иднина, ами ги злоупотребуваат за зголемување на недовербата, на отуѓеноста, а не помалку и на омразата – што во никој случај не е добро ни за едната, ни за другата држава, како ни за едниот ни за другиот народ. Да, сосема полезно и неопходно е да се познава историјата, да се води дијалог за неа, да се разобличуваат историграфските фалсификации и да се постигне заеднички јазик, но да се биде потполно „заглавен“ во минатото е, пред сè, патолошки комплекс и одлика на оние кои не знаат да се носат со сегашноста и кои се плашат од иднината, па дури и не се грижат за неа.

Токму тоа во моментот се случува со одредени политички структури, коишто наместо од братољубие или од „пријателство, добрососедство и соработка“, настапуваат кон Македонија од позиција на сила, уценувајќи го нејзиниот развоен пат кон европската интеграција, под изговор дека „Северна Македонија никако не признава дека до 1945 година била бугарска земја, со бугарски народ и со бугарски јазик и дека денес во неа сè уште има репресии врз бугарското население“. Сметаме дека оние коишто толку упорно го тврдат ова и настојуваат на него, или немаат доволно познавање за создавањето на нациите и на јазиците, или, пак, се инструирани, како посредни или непосредни службеници, од некои моќни, тајни или јавни, геополитички структури коишто едноставно не сакаат и не дозволуваат братството и пријателството меѓу народите да преовладее. Работата е едноставна: разгорувај го крајниот, неиздржан и прост национализам и кај едните и кај другите и тие никогаш нема да постигнат согласност.

Во оваа насока се движат некои назадни и деструктивни постапки и барања во однос на неприродното и изнасилено создавање на бугарска национална свест во Македонија, преку одредени здруженија и лоби групи. Ова, меѓу другото, се однесува  и на злоупотребата на бугарските пасоши што ги поседуваат одреден број  македонски граѓани, а кои во најголем дел, како што е општопознато, се извадени главно поради економски причини (што, секако, ние како Манастир не го одобруваме и сметаме дека е на штета на македонската државност) и крајно незначителен е бројот на оние кои меѓу нив навистина се чувствуваат како Бугари.

Денес, во 21. век, повеќе од анахроно е да се мисли дека историските настани можат да се вратат назад. Историјата го завршува своето движење и реалноста мора да се прифати. Оттука сметаме дека очекувањето македонските граѓани по секоја цена и недвосмислено да декларираат бугарска национална свест и последователно на тоа, негирањето на современиот македонски идентитет и литературниот македонски јазик, предизвикуваат само негативни последици и силно влијаат во продлабочувањето на кризата во односите меѓу нашите две држави и народи, што секако не е добро за никого.

Сепак, фала Му на Бога, има и многу разумни луѓе, со силен интелектуален капацитет, и во македонското и во бугарското општество, коишто добро ги разбираат историско-политичките односи и развитија и знаат дека создавањето на нациите и на јазиците како современи политичко-територијални и социолошко-историски феномени, според мислењето на науката, е невозможно да се утврди со прецизен датум. Станува збор за еден релативно подолготраен културно-политички-општествен процес, кој е многу тешко да се ограничи во конкретни датуми и години. Точно е тоа дека одредени национални идентитети се формирале порано, а некои подоцна. Ама кога веќе еднаш ќе се оформи некоја нација, анахроно и недемократски е да се негира историската реалност. Оттука, македонската нација не е исклучок од овие современи разбирања за создавањето на националните идентитети на Балканот и пошироко во Источна Европа. Имајќи го ова предвид, неправедно е да се условува со точни датуми до кога мнозинското словенско население во Македонија, особено неговата интелектуална елита, себеси се сметало за дел од некои други етникуми, а од кога тие или нивните наследници развиле посебен македонски политички, а потоа и национален идентитет, сосема различен од другите на Балканот. Доколку непристрасно се читаат историските факти, ќе увидиме дека уште во текот на 19. век кај извесни дејци од територијата на Македонија се појавува најнапред политичка македонска свест, која со тек на времето и под влијание на одредени општествено-политички процеси и случувања, постепено прераснува и во посебна национална свест. Истото можеме да го заклучиме и за македонскиот народен јазик, кој особено од тоа време се издвојувал како посебен дијалект во општиот словенски јазичен корпус и континуум.

Нешто што, исто така, е особено важно и не смее никако да се занемари е фактот што во современата македонска нација се интегрирани голем број граѓани чиишто предци во минатото припаѓале на различни нации и етникуми и тоа, се разбира, нив не ги прави помали Македонци денес. Од оваа причина, евентуалното неприродно и од разни фактори потсилувано формирање на бугарско малцинство и неговото вметнување во Уставот на нашата држава, со сигурност ќе доведе до заострување на конфронтацијата помеѓу, од една страна огромното мнозинство во земјава – што веќе има изградено јасно македонско национално чувство (вклучително и такви што добро ја знаат историјата и знаат дека имаме заеднички моменти од минатото со повеќе етникуми) – и бугарскиот народ и држава од друга страна, бидејќи истото ќе се смета за директно мешање и непријателска пропаганда од Софија. Згора на сè што ваквата тенденција, ваквото барање до другиот, некој не е подготвен да го слушне и да го дозволи на својот терен. Се разбира, едно од основните човекови права е правото на национална самоопределба и ние во никој случај немаме ништо против тоа. Но, едноставно, не значи дека ако некој македонски граѓанин добро ја знае историјата и во некои сегменти се согласува со одредени тези што не се дел од официјалната државна историографија, по автоматизам тој е современ Бугарин, Србин или што-годе друго. Уште сега, од ситуацијата на терен знаеме дека здруженијата и групациите кои се обидуваат да врбуваат следбеници и да наметнуваат бугарска, српска или каква било друга национална самосвест меѓу македонското население, а притоа самите се прикажуваат како жртви на некаков си притисок од страна на државните власти – воопшто не се прифатени од најширокиот дел на македонските граѓани и на нив се гледа како на ретроградни здруженија со несоодветни методи на дејствување, помагани од туѓи служби за кои веќе рековме дека главната цел им е да предизвикуваат раздор.

Со ова писание немаме намера никого да навредиме или омаловажиме, туку да дадеме едно свое видување на нештата, со цел да преовлада пријателството и братољубието меѓу народите на Балканот. Воедно, немаме ни намера да им даваме отчет на т.н. „патриоти зад тастатурата“ во нивните вулгарни прозивки за нашата национална свест, ниту, пак, за нашите ставови за патриотизмот, љубовта кон Татковината, односот кон историјата и сл. Важиме за отворен и транспарентен Манастир и сè што сме имале да кажеме во однос на овие нешта досега, објавено е на нашата официјална страница. Писмените можат да прочитаат, а паметните и да разберат. Тука би го додале и фактот (иако ова нешто влегува во личното и интимно право на секој граѓанин и не е задолжително да се објавува) – дека за разлика од многу „македонски виртуелни патриоти“, ниту еден член од нашето братство нема двоен бугарски или пасош на некоја друга земја. Напротив! Сите сме граѓани и ѝ служиме единствено на македонската држава. Дополнително, за информација на љубопитните и „загрижените“, иако и ова влегува во делот од интимата на секоја личност, објавуваме дека своето граѓанско право на изминатиов попис, јас и моите во Христа браќа и сестри монаси и монахињи, го исползувавме за да ја декларираме својата македонска национална припадност, што јасно ќе се докаже во пописните резултати и ќе биде, веруваме, доволен показател и доказател против секоја негативна кампања (иако знаеме дека станува збор за злоупотреба и обична злонамерна и популистичка пропаганда) против нашата заедница. За сите нас во Братството, македонските држава, народ и јазик претставуваат свето достојание од предците, а за нашата љубов и подвиг за нивниот добробит не е умесно да пишуваме ние: ќе оставиме за тоа да сведочат единствено делата. Впрочем, должност на секој Христијанин е да ги љуби луѓето од својот род, од своето опкружување и да се моли и подвизува за нивно спасение, без притоа да ги мрази, омаловажува и навредува другите. Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од безверник (1. Тит. 5,10).

Со почит,

Епископ Антаниски Партениј,
Игумен на Свештената Бигорска Обител

 

 

https://bigorski.org.mk/stavovi/za-neshtata-da-bidat-pojasni/?fbclid=IwAR06TI2KMMctal7_RKnudT_3NwRmnwUkCCzYXIAhSXZjLdAl4vCyR1tNt9U

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2030
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2551
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная