Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 

Прашање:

Сакам да прашам за среќата... Како до неа да се стаса?

Одговор: 

Зборот „среќа„ , доаѓа од средба, односно средба со Бог. Но, потребно е да тргнеме во насока која ќе не движи кон средба со Бог, Кој секогаш чека да се сретнеме. Треба да се движиме во таа насока кон Бог, но тоа нема да биде преку инстант т.е. брзо магиско решение, туку преку постепено ослободување од стравот, односно покајние, исповед пред духовен отец (епископ или свештеник), а според неговиот благослов придржување кон постот, молитвата и секако причестувањето, таа средба со Бог остварена преку литургиски живот дава надеж за пребродување на маките! Но, секогаш секој треба слободно да реши кога ќе тргне во пресрет на Бог.