Одговара: отец Горан Стојчевски
Прашање Стојан: Би сакал да поставам едно прашање кое ме буни , јас сум скоро во верата , и гледам во некои храмови во Скопје се служи со отворени двери а некаде некои свештеници со затворени , па што е разликата и како е правилно, зашто навистина не знам и просто ме буни тоа шаренило на служење !
Одговор:
Заради различните извори литература (пример, Ерусалимски типик, Цариградски типик, руска литература итн.) од литургиската пракса во Православната Црква барем однадвор се забележува мала разнообразност во богослужбите, но тоа секако не се одразува на било каков начин (позитивен или негативен) во нашиот литургиски подвиг во Црквата и здобивањето т.е. растењето во благодатта Божја. За мене лично, по практично е да се богослужи Литургија со отворени царски двери, бидејќи свештеникот е оној кој го претставува епископот-иконата Христова.