логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

IvicaTodorov

 

 

 

 

 

 

 

Одговара: Презвитер Ивица Тодоров
 

ПРАШАЊЕ: Зошто православието луѓето се поклонуваат  на икони и веруваат во чудотворни икони? Ве молам за одговор подкрепен преку Библијата. 

 

Одговор:  Откако човекот, како создание Божјо, сериозно се отклони од начинот и вредностите на постоењето кои му беа благословени од Неговиот Творец,  тој се повеќе го забораваше она што го поврзува со Творецот и духовниот свет (Царството Божјо).

Човештвото во лицето на своите прапредци, по отклонувањето или "падот", веќе стекнатото познание на вистината го внедруваше во симболични материјални форми и истите ги испрати низ времето за следните генерации, како еден вид на потсетник и насока. Овие симболични пораки ги има во сите древни религиозно-философски системи, како на исток, така и на запад (види: Мирча Елиаде, Историја на религозните верувања и идеи).  Но, како што човештвото се одалечуваше од своите најдревни претци, како потомци на прародителите Адам и Ева, така и најдревните симболични пораки се повеќе ја губеле својата првобитна порака и суштина и од огревовеното човештво, а особено под влијание на отпаднатите ангели (демони), добивале идолопоклоничка обредна форма. На овој начин настанале сите религии во нашиот свет кои денес ги нарекуваме назнабожечки или пагански. Тие се назнабожечки затоа што не го сведочат вистинскиот Бог и Творец на се што постои, или се накаква бледа сенка, а се пагански затоа што се извалкани со лагата на непријателот Божји - сатаната преку магизмот, окултизмот, идолопоклонството, човекобоштвото, суеверието, формализмот. . .

Еден од најстарите материјални симболи на поврзаноста на човекот со својот Творец, но и најстар симбол - праобраз за искупителната жртва Христова, се жртвениците, односно, жртвувањето. За нив имаме сведоштво уште на самиот почеток на Светото Писмо. Во првата книга Мојсеева пишува:
 "По некое време Каин му принесе на Господа дар од плодовите земни, а и Авел исто така принесе од првината на стадото свое и од маста." (1. Мојс. 4, 3 - 4)
"И му се јави Господ на Аврама и му рече: Оваа земја ќе му ја дадам на твоето потомство. И направи таму Аврам жртвеник на Господа, Кој му се јави. (1. Мојс. 12, 7)"
"И Мелхиседек, кралот салимски, изнесе леб и вино, а тој беше свештеник на Севишниот Бог" 
Како што во историјата на човештвото, а особено во историјата на старозаветниот народ Божји - Израилот, се разоткривало откровението Божјо, така и симболите на поврзувањето ја менувале својата форма. По ослободувањето од египетското ропство, а особено во периодот од четириесет годишното патување на Израилот до ветената земја, во животот на еврејскиот народ стануваат препознатливи следните нешта како пројава на Божјото присуство и сила:
"Му рече Бог на Мојсеја, велејќи: Ќе бидам со тебе и ова нека ти биде знак дека Јас сум те испратил - кога ќе го извадиш народот Мој од Египет, помолете му се на Бога на Оваа планина. (2. Мојс. 3, 12) "
"А ако не ми поверуваат и не го послушаат гласот мој, туку ми речат - Не ти се јавил Господ? - што ќе им речам? А Господ му рече (на Мојсеј): Што ти е тоа во раката? А тој одговори: Стап! И му рече: Фрли го на замјата! И го фрли на земјата, а тој стана змија. (2. Мојс. 4, 1 - 2) "
"Кажи му на целиот собор на синовите Израилеви и речи им: На десетиот ден од овој месец (нисан) секој нека земе јагне шилаже според бројот на челадта - значи, по едно на дом. (2. Мојс. 12, 3)"
"Направи ковчег на сведоштвото . . ." (2. Мојс. 25, 10)
"И направи два херувима (ангели од највисоката ангелска хиерархија) од злато . . ." (2. Мојс. 25, 18)
"Направи и скинија (шатор) од десет платништа, од ткаен висон, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина; да направиш и херувими - извезана изработка." (2. Мојс. 26, 1)
"И направи светилник (свеќник) од чисто злато . . ." (2. Мојс. 25, 31)
"И направи му свети одежди на Арона, братот твој, за чест и слава." (2. Мојс. 27, 2)
"На вториот ден влезе Мојсеј (и Арон) во скинијата на собранието, и ете, Ароновиот жезол, од Левиевиот дом, беше напупил, расцветал и родил бадеми. (4. Мојс. 17, 8)"
"Му рече Господ на Мојсеј: Направи змија (од бакар) и закачи ја на стап, и ако некого го касне змија, каснатиот, штом ќе погледне (во бакарната змија), ќе остане жив. (4. Мојс. 21, 13)  "

  Има уште многу нешта кои како симболи на поврзување, праобрази, пројави на Божјата сила и богослужење можеме да ги најдеме на страниците на светите книги на Стариот завет. Таму, конкретно како втора од десетте Божји заповеди, може да се прочита и следното:
"Не прави за себе (од себе за себе, без Божји благослов и промисла) идол (материјален симбол, престава за божеството, за духовниот свет, тотем, ), ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е доле на земјата и што е во водата под земјата . . . " (2. Мојс. 20, 4)

Некаде околу 1445 година пред Христос еврејскиот народ, предводен од пророкот Мојсеј, по 400 годишно ропство го напушта Египет. Во периодот на долговековното ропство многу од египетските религиозни обичаи навлегле во умот и срцето на еврејскиот народ, а особено преставувањата на многуте божествата во разни животинско - човечки форми (види: Митологија, во издание на Младинска книга, Љубљана, 1982). Затоа, веднаш по излегувањето од Египет, множество од народот му врши притисок на Арона да се направи форма на божество во вид на златно теле (2. Мојс. 32, 4) И затоа Бог (יהוה - Ѕахњех – Јахве - ЈАС СУМ ОНОЈ КОЈ СУМ, КОЈ ВЕЧНО ПОСТОИ) на старозаветниот народ строго му забранува да се клања и да им служи на разните измислици на човековиот ум и раце, но и на демонските вдахновенија. Таа заповед важи и за членовите на новозаветниот народ Божји - Црквата.

По воплотувањето (примањето на човечка природа од пречистата девојка Марија) на Единородниот и Совечен Син и Логос Божји многу од старозаветните материјални симболи, како првообрази, добија свое исполнување. Најдобар пример за тоа ни е пасхалното јагне. Како невино јагне Божјо (Јован. 1, 29), Исус од Назарет, очекуваниот Месија (Христос) ги зема гревовите на светот врз Себе и преку искупителната жртва на крстот го измири човештвото со својот Творец и Отец Небесен и засекогаш ги победи злото, гревот и смртта и нивниот првоизворник  - сатаната. По востанувањето на Новиот завет од страна на Месијата, како плод и завршеток на Стариот завет, многу од старозаветните симболи, обреди и пракси добивајќи свое исполнување, се укинуваат или добиваат свое новозаветно исполнување. Во овој контекст апостолот Павле во своето послание до Црквата во Колоси ќе го напише следното: "Па така, никој нека не ве осудува за -  јадење или пиење (во однос на старозаветната забрана за чиста и нечиста храна), или за некој празник ( непочитување на старозаветни празници), или за млад месец или саботи; тоа е само сенка (праобраз) на она што доаѓа, а телото (исполнувањето, реалноста на новозаветниот народ Божји - Црквата - како Тело Христово) е Христос. (Колос. 2, 12 - 19)

По денот на педесетница кога апостолите (јадрото на новозаветниот народ Божји - Црквата) исполнети со силата на Светиот Дух започнаа да ја сведочат вистината (евангелието) за спасението и Царството Божјо, личности од многу народи влегуваа во прегратките на новозаветниот народ Божји - Црквата. Сите тие, освен својата вера, надеж и љубов, во Црквата ги внесуваа и своите личносно - народни особености, темпарамент, карактер, дарови, доживувања. Како последица од тоа, но и од внатрешниот живот на Црквата во Светиот Дух, уште на самиот нејзин историски почеток нејзините членови како материјални симболи за изразување на својата вера особено ја  користеа формата на крстот (Филипјаните. 3, 18) и рибата, а во катакомбите изобразуваа сцени од Стариот завет, сцената на Добриот пастир, кораб, сцена на молитва (оранта) и многу други. Формата на крстот ја симболизираше искупителната и сеослободувачката жртва Христова, а формата на рибата ( од елински „цљуј - риба, (И)Исус (Ц)Христос (Љ)Божји (У)Син - (С)Спасител) го симболизираше најдревното исповедање на верата.
 
Како што се нижеа годините, па и вековите, од присуството на Црквата во нашиот свет, така се зголемуваше и бројот на нејзините пастири и учители (Свети Оци) и исповедници (маченици, мартири - сведоци) кои имаа огромен углед кај нејзините членови. Поучени од апостолот Павле (Евреите. 12, 22 - 23; 13, 7) членовите на Црквата го гледаа исходот на нивниот живот, ја подржуваа верата нивна, го запишуваа нивниот живот за сведоштво (житија) и започнаа од почит да ги изобразуваат нивните ликови. Така, за литургиска - богослужбена употреба започнаа да се користат икони (слики), во тој контекст и симболичното изобразување (рибата, добриот пастир) на Христос, па и на Дева Марија (Богородица), постепено преминуваа во нивно "реално" преставување. Мора да се признае дека сите овие нешта предизвикуваа и реакција кај некои членови на Црквата, но и злоупотреба од други кои не беа до крај очистени од паганството. Како последица на сето тоа, а особено за време на владеењето на императорот Лав Исавријанин (717 - 741) избувна сериозна иконоборечка криза. За повторно во Црквата да се поврати мирот, но и да се утврди вистината и праксата за почитувањето на иконите, во Никеја во 787 година се собираат епископите на Црквата на Вселенски Собор. На тој, седми Вселенски Собор, епископите на Црквата, според Светото Писмо и древното предание, искуство и пракса на Црквата, а во Духот Божји, го донесуваат следното вероопределување за иконите:       

"Ние ги чуваме без новововедувања сите пишани или непишани востановени за нас црковни преданија. Едно од нив ни заповеда и за делото на иконописта, како согласно со евангелската проповед и ни служи за уверување во вистинското, а не во привидното воплотување на Бог Логосот. Ова нам ни служи за полза, затоа што тие нешта кои взаемно се објаснуваат, без сомневање, заедно и се докажуваат.
Врз основа на тоа ние, одејќи како по царски пат и следејќи го од Бога вдахновеното учење на светите оци и преданието на Католичката (Соборната) Црква , во која присуствува Духот Свет, со полна верност и грижливо проучување определуваме дека светите и чесни икони нацртани со бои, или направени од мозаик или од некое друго вештество, да се поставуваат така како и изобразувањата на чесниот и животворен крст, во светите Божји цркви, врз свештените сосуди и одежди, на ѕидовите и на даски, по домовите и патиштата - како што се иконите на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос, на непорочната Владичица наша, света Богородица, на чесните ангели и на сите свети и праведни мажи. Зашто, колку по често, со помош на иконите, тие ќе преставуваат предмет на нашето созерцание, толку повеќе оние кои ги гледаат иконите ќе се потикнуваат на спомен кон самите првообрази, придобивајќи кон нив поголема љубов, ќе добијат повеќе потик истата да им ја возвратат преку целив, почит и поклонување. Но никако тоа не е' вистинско служење, кое, според верата наша и приличи само на Божјата природа, туку таква почит, која ние ја воздаваме на изобразувањето на чесниот и животворен Крст, на светото Евангелие и на другите светињи. Почитта ја изразуваме преку кадење на тамјан и поставување на свеќи, како што и во древноста овој обичај бил благочестив. Зашто честа, која се одава на иконата (на оној кој е насликан на неа), се однесува на првообразот. И кога се поклонуваме на иконата, ние всушност се поклонуваме на личноста која на неа е изобразена. Такво учење е содржано кај нашите свети оци, такво е преданието на католичанската (соборната) Црква."

Од времето на седмиот Вселенски Собор Православната Католична (Соборна) Црква својата вера и пракса кон иконите ја обликува според горенаведеното вероопределување (догмат).

Појавата на чудотворни икони воопшто не е во спротивност со искуството на народот Божји од времето на Стариот завет. Веќе погоре спомнав за стапот на Мојсеј, за бакарната змија, за жезелот на Арон, ковчегот на заветот . . . во сите овие примери очевидна е пројавата на Божјата сила (благодат) преку материјата.

За крај на овој одговор, за кој знам дека во себе треба до содржи и многу други нешта, би сакал да бидам и малку критичен кон некои современи  пракси кои се препознатливи кај одреден тип на недоволно воцрковени православни христијани.

1.Прво, кое е во спротивност со догматот за иконите од седмиот Вселенски Собор, е користењето на иконата како место за принесување на разни дарови (пари, разна облека, предмети). Иаку знам дека на многумина ова нема да им се допадне, но ние како Црква треба итно да ја искорениме оваа пракса затоа што истата е во спротивност и со Светото Писмо и со преданието на Црквата.  Своите дарови верниците и понатаму може да ги носат во храмот како помош на својата црковна заедница, но треба да се изнајде некој посоодветен начин кој нема да биде во спротивност со смислата на Црквата.
2. Треба да се внимава во храмовите (молитвените домови) иконите да се користат исклучиво во контекст на нивната литургиска/богослужбена функција, како образи (симболи) на Царството Божјо кои е присатно во сила, но кое го очекуваме во полнота. Пренатрупаноста со икони, разните невкусни (кич) малограѓански елементи треба полека, но сигурно да се отстрануваат од храмовите за истите во сета своја полнота да послужат и засведочат за тоа за што се и промислени, осветени и изградени, а тоа е сведоштвото на убавината, харомонијата и присуството на Царството Божјо, како на симболичен, така и на реален план. (види: В. В. Бичков, Византиска естетика, Просвета, Белград, 1991) 
             



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная