Одговори на Вашите прашања

 

Одговара: отец Горан Стојчевски

 

 

Прашање од М: Благословете оце. пред некое време на сон ми дојде света Ана. ја видов нејзината икона на среде црква. Некој глас ми кажа дека таа е мојата светица и дека таа ме чува. Од тогаш, моите молитви и ги упатувам на неа и ја дарувам. Но мислам дека во нашите свети храмови нејзината икона е многу слабо застапена и покрај тоа што таа има големо значение. Ако може така да се каже и да се мери значењето на светците. Во некои храмови има мали икончиња а во некои дури и да нема. Зборувам за црквите во Скопје. Ова нека биде сугестија за да и се даде повидливо место на иконата на оваа светица во храмовите. а воедно замолувам доколку службата тоа ви го дозволува, да ми кажете нешто за значението на сонот. Благодарам.

Одговор:

Низ молитвата и исповедтта пред духовниот отец ќе го испитуваме секој дух. Инаку, секој светител во Црквата го има истото достоинство како и сите други, бидејќи Христос е ист, вчера, денес и во веки, па така истиот Тој Христос бил прославен како Бог и Спасител во животите на светиите, но зависно од тоа како еден народ или помесна Црква го прифатил и развивал неговиот/нејзиниот култ така само просто човечки вршиме некакво „рангирање„ на светителите. Понекогаш  некој одреден светител кој нема особено развиен култ меѓу нашиот народ, а чиј подвиг го подражавме и заради неговиот подвиг во Христа многу ни е драг или по било која друга случка поврзана со него, сметаме дека доволно не застапен или изобразен неговиот лик на иконите, но тоа како што реков погоре не е така, тоа е само наше мислење. Што се однесува до сонот, не би се впуштил во никакво толкување, наше е да се потрудиме на дело со христијански живот.

 

 

Прашање од К.: Kако да се избавам од гревот што сум го направил(ја прекршив една од десетте божи заповеди) !:(

Одговор:

Преку пристапување кон исповед и избор на духовен отец. Исповедтта е наше измирување со Бог и со Црквата-Телото Христово.

 

 

 Прашање од Г.: Како да се справиме со блудната страст во време на пубертет?

 Одговор:
Иако во пубертетот можеби тоа е пренагласено, сепак тоа може да се провлекува и понатаму во животот како и секое искушение. Но, искушнијата се испит за нашата цврстина во верата. Се справуваме секако преку исповедтта пред духовниот отец и воздржувањето.

 

 

 Прашање од Т.: Го љубам Бог со цела моја душа и срце.И сега кога го пишувам ова се плашам да не згрешам. Зошто лугето ја злоупотребуваат добрината?

Одговор:

На ова прашање одговорот Го дал Самиот Спасител Христос кога еден млад човек Го прашал како да стекне совршенство, па му вели: оди продај го својот имот и раздели го на сиромашните па дојди и врви по мене, т.е. остави ги сите грижи од овој свет и следи Ме, во Христос сета човечка неправда станува вечна правда или извор на секое добро. Се зависи од нашата подготвеност колку ќе му се предадеме на Бог.