логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT253

Дојди додека си млад

          Пред извесно време на интернет страните се вртеше едно видео, во кое еден босански лекар, на хумористичен начин, ја опиша навиката на нашите луѓе да одложуваат се за во последен момент. Тој вели: „Ми доаѓаат луѓе три дена пред смртта и ме прашуваат, што да правам. А јас им велам: па посипувај се со земја и навикнувај се на смртта“. Изјавата беше смешна, но сепак реално ја опишува состојбата на народот. Истиот дух владее во се, па M во однос на верата M Црквата. Чекаме последен момент, па да ни текне на Господ. Кога гледаме дека во храмот преовладуваат стари луѓе, тоа не е за радување. Некој ќе рече: Па добро, ете луѓето дошле во единаесеттиот час, како што се вели и во Евангелието и ќе добијат иста награда како и оние кои дошле порано, во првиот час (младоста). Но замислете ова правило да го користат хирурзите или пожарникарите, M да речат, „ајде, има време, ќе помогнеме подоцна“. Кој би се спасил тогаш? Доаѓањето во црква на стари години, кога ќе отидеме во пензија, кога ќе ја изгубиме животната сила, кога ќе ги изгубиме сетилата е веќе задоцнета реакција. Каква полза ќе имаат тие луѓе во црквата, кога ни слушаат, ни гледаат, веќе рацете ми ce тресат, не можат да памтат, не можат да читаат. Кога купуваме свеќи, сите сакаме да добиеме чиста, нова, исправена свеќа, a He полуизгорена, свиткана и догорена. Така треба да светиме и ние, кога доаѓаме пред Господ во храмот. Зошто младите не доаѓаат во црква? Зошто црквата не е привлечна?
             Читав на оваа тема повеќе размислувања, и според мислењето нa современите отци на Црквата, оние кои од својата младост му се посветија на Бога, сите едногласно велат дека, најголем непријател на верата кај младите се токму нивните родители! „И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни“ (Мат. 10, 36). Родителите и кога имаат мали дечиња и кога се родители на веќе возрасни личности, постојано им го попречуваат патот кон Христос. Да се потсетиме само каков беше патот на многу млади луѓе кои посакаа да станат монаси и монахињи, колку непријатности и скандали доживеаја од своите родители! Колку деца не посетуваат веронаука поради своите родители! Колку деца се лишени од благодатта на Светата Причест, од молитвите и благословот на Црквата, а наместо тоа, од своите родители се носени кај безбројните демонизирани бајачи и гатачи? Им купуваат безброј додатоци во исхраната, за да имаат силен имунитет, а каков духовен имунитет им даваат на тие детски души, кога ниту еднаш не биле причестени (или само еднаш, после Крштевањето)? Колку родители хулат во своите домови, колку од нив кажуваат навреди и пцовки за свештениците, за верата, за Црквата? И што да очекуваме од тие деца, така (не)воспитани?
Но, очигледно не сме свесни дека со Бог не можеме да бидеме на дистанца, да бидеме рамнодушни кон Него и да мислиме дека тоа е доволно за нас. Два-три пати во годината ќе отидеме во Црква, ќе запалиме по некоја свеќа, ќе кренеме панагија за славата, и толку, завршуваат сите обврски кон Бог. Не го задеваме, нека не не задева. Како што не можеме да живееме без сонцето, така не можеме ни без Бог. Едно растение да го ставите во подрум без сончева светлина, ќе се исуши. Бог е извор на животот, на радоста, на здравјето и нормалноста, и колку повеќе се оддалечуваме од Него, толку подалеку ќе биде од нас и животот, и здравјето, и радоста и нормалноста. Но, овие прашања се решаваат во младоста. Кога сме млади имаме животна сила, ревност за подвизи, за промена, за искреност и љубов. Тогаш трагаме по смислата на нашето постоење и ако не ја најдеме на вистинско место, тогаш ќе залутаме. Ако не Го побараме Бога и не Го најдеме во младоста, тогаш неговото место ќе го заземе некој друг идол: парите, славата, раскошот, суетата, позицијата итн. Но Тие лажни богови даваат само привремена наслада, а ни оставаат горчлива празнина во срцето, кое е резервирано да биде престол Божји.
          Во младоста имаме и силни желби, силни страсти кои не влечат назад, ни го попречуваат патот кон Бога. И оние кои Имаат некаква мала желба да дојдат во црквата, најчесто се плашат, мислат дека црквата ќе ги ограничи, ќе им јa одземе слободата и радоста во животот, односно ќе им ги забрани слатките гревови. Искуството на Црквата покажува дека гревот е сладок додека го вршиме, ама потоа долго ќе ја чувствуваме и неговата горчина. црквата не се состои од забрани, од бесмислени пишувања, туку преку заповедите Божји ни кажува како да бидеме здрави и нормални, како да бидеме среќни, слободни од секоја приврзаност, како да љубиме и да примаме љубов, како да го најдеме патот што води кон Бога. Подобро е да доаѓаме во црква и со многу гревови, отколку да останеме надвор од неа „со малку гревови“. Кога доаѓаме во Црква на Литургија, таму се присутни и членовите на небесната Црква, ангелите, светителите, мачениците, Претечата, Пресвета Богородица и Самиот Бог. Тука е благодатта која ни ја дава Бог за да го почувствуваме Негово присуство и грижа за нас, и токму таа благодат ќе ни помогне да се избориме со нашите гревови и страсти, ќе ни помогне да се покаеме и да ги оставиме гревовите, па да почнеме нов и здрав живот, живот кој продолжува во вечноста.
              Голема бариера во црквата сме и ние, самите свештенослужители, кога немаме срдечност, кога повеќе покажуваме двоен и лажен морал, отколку духовен живот. Кога во црквата се создава осудувачки дух, кога верниците помеѓу себе се оговараат, се осудуваат, кога свештеникот ги суди оние кои доаѓаат со многу гревови, кога во црквата владее моралистичко и стерилно студенило, кога не M даваме простор на благ0датта да дејствува поради нашето осудување тогаш црквата ја губи својата привлечност. Но затоа и постојат повеќе храмови, повеќе манастири, па ако на едно место не ни било добро, да отидеме во друго, кај друг духовник. Слава на Бога, Црквата ни во најмрачните периоди Бог не ја оставил без здрави пастири и духовници, а колку повеќе ги има сега. Наша обврска е да ги побараме.
                  Дојди додека си млад и здрав. Не чекај рак, тумор, леукемија, бездетност, развод и други несреќи за да го побараш Господ. Не чекај твоите деца да пораснат без Господ, па кога ќе почнат да ти ги виткаат рацете, да ти ги кршат прстите за да им дадеш пари, па тогаш да се сетиш на Господ. Дојди додека си млад, слободно и без принуда, од љубов. Во Црквата ќе научиш како да бидеш другар, како да градиш врска, како до нормален брак, како да го одржиш бракот, како да ги воспиташ децата, како да се справиш со сите неволји и тешкотии, како да доживееш добра старост, без тага и очај. Животот е секако тежок и за христијаните, но за оние кои се далеку од Бог и Црквата, животот е неподнослив.
Изборот е пред нас. Или ќе избереме уште во младоста да Го најдеме Господ и да го живееме животот во сета негова полнота и убавина благодарејќи Му на Бога, или ќе стоиме далеку од Бог со сите последици кои произлегуваат од таа одлука, и „ќе се посипуваме со земја, за да се навикнеме“. Да покажеме храброст и да се видиме во недела на Литургија, сите заедно во црква.
Свештеник Јани Мулев
Преземено од (Православна Светлина број 51)

 

Апрол 2023 лето Господово

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

« »

Православен календар

 

21/01/2026 - среда

Св. Григориј, епископ Охридски; Св. маченици Јулијан и Василиса; Преп. Георгиј Хозевит; Св. Домника;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт  22 јануари/9 јануари 2026

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 22 јануари/9 јануари 2026

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит  21 јануари/8 јануари / 2026

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 21 јануари/8 јануари / 2026

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Тропар на Собор на  св Јован Крстител  20 јануари/   7 јануари  2026

Тропар на Собор на св Јован Крстител 20 јануари/ 7 јануари 2026

Глас 2     Споменот на праведникот е со пофалби,  а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная