логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ГОЛЕМ НАСТАН ВО ОХРИД


 


Околу 150 Македонци од целиот свет од 31 јули до 7 август во Охрид ќе бидат дел од големата манифестација "Заедно дома во Македонија" - најспектакуларниот настан посветен на македонската дијаспора


Околу 150 Македонци од целиот свет од 31 јули до 7 август во Охрид ќе бидат дел од големата манифестација "Заедно дома во Македонија" - најспектакуларниот настан посветен на македонската дијаспора. Организатор на оваа манифестација, на која ќе се игра Светско првенство во фудбал за Македонците во светот, е Здружението на македонските иселеници "Корени".

- Станува збор за седумдневен настан, седум дена максимално исполнети со спорт, забава, промоција и презентација на Македонија пред македонските иселеници. Оваа идеја за остварување на контакт со Македонците во светот постоеше одамна, но сега се реализира, вели Миодраг Атанасиевски, претседател на "Корени". Атанасиевски додава дека целта на манифестацијата е да се постават мостови не само со Македонците дома, туку и со Македонците во светот.

- Целта е да се запознаеме со Македонија. Некои иселеници се две или три децении надвор, па важно е да си ја запознаат татковината. Не само да се запознаат со минатото, туку и со сето она што се случува во моментов во Македонија, додава тој.

Манифестацијата ја има комплетната поддршка од Владата, а како гостин ќе го има и Мајк Зафировски со тим од "Македонија 2025". Двата тима на 4 август ќе играат и фудбал.

Иселениците од САД, Канада, Австралија, Велика Британија, Швајцарија, Словенија, Србија, БиХ во текот на седумте дена ќе имаат набиена агенда во која ќе го видат туристичкиот потенцијал на Македонија, ќе ја пробаат нашата храна, ќе уживаат во сето она што го нуди оваа држава. Вклучена е и Туристичката комора во Македонија, која сугерирала за изборот на местата кои што ќе се посетуваат. Вања Стефковска, програмски координатор на настанот, вели дека на 3 август ќе се организира пикник на манастирот "Св. Јован Бигорски", а посетителите ќе слушнат и предавање за македонската резбарска школа. Ќе има и организирана посета на Вевчани како успешна туристичка приказна на Македонија. Паско Кузман ќе одржи предавање за проектот "Подводен град", а гостите ќе ги видат и сите поважни археолошки локалитети во Охрид. Драган Даутовски ќе приреди специјално изненадување, а концерт ќе одржи и Калиопи. Во групата која доаѓа во Македонија, има и веќе докажани бизнисмени, но и млади луѓе за кои ова ќе биде шанса да ја запознаат својата татковина како атрактивна туристичка дестинација.

- Целта беше на македонската дијаспора не само да и покажеме дека Македонија е вредна за атрактивна туристичка посета, туку и да ги запознаеме со сето она што најново се случува на полето на културата, музиката, археологијата. Тие веќе знаат за нашиот фолклор, треба да им ја покажеме и музиката на Кирил Џајковски, Тоше Проески и на многу други, додава Стефковска.

(А.Ј.)-Вечер



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

04/12/2024 - среда

Божикен пост (на риба)

Воведение на Пресвета Богородица- Пречиста
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски  и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

О вие мажи обручени за љубовта Божја,о вие тихуватели кои го запознавте гласот на срцето,Калисте и Игнатие отци наши преподобни,молете...

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная