На 30 август, в недела, во туристичкиот комплекс „Пониква“ на Осоговските Планини ќе биде осветен новоизградениот манастир „Св. Василиј Велики“. Изграден е на надморска височина од 1.640 метри и е втор по височина во Македонија.
- Осветувањето и литургијата ќе почнат в недела во 8.30 часот. Со свечената архијерејска литургија ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан, во сослужение на брегалничкиот митрополит, г. Иларион и на повардарскиот митрополит г. Агатангел, во чие време, додека беше митрополит на Брегалничката епархија, беа осветени темелите на манастирот - вели протојереј Атанас Пармачки, намесник на кочанското архијерејско намесништво.
Темелите беа осветени и изградбата на манастирот почна во јануари 2005 година на празникот Свети Василиј, светец кој се смета за заштитник на планинарите. Изградбата на манастирот ја финансира иницијативен одбор составен од десетина приватни стопанственици од Кочани.
(Љ.Ш.)