Кубанските власти и Московската Патријаршија ќе ја отворат во недела првата руска православна црква во Хавана која треба да биде „културен мост“ меѓу двете држави.
На церемонијата на отворањето на црквата ќе учествуваат кубански раководители и претставници на Московската Патријаршија.
Црквата е изградена во историскиот кварт Стара Хавана, соопшти Амбасадата на Русија во Куба.
Руски медиуми јавуваат дека е малку веројатно патријархот на Москва и на цела Русија Алексеј Втори да присуствува на свеченоста. Се очекува во Хавана да биде митрополитот Кирил кој е одговорен за меѓународните односи на патријаршијата и кој во 2002 година му ја предложи на Фидел Кастро идејата за изградба на црква.
Извор: МИА