Скопје, 1 октомври (МИА) - Македонската православна црква (МПЦ) во рамките на своите редовни активности планира да одржи редовен годишен Архиепископски црковно-народен собор (АЦНС) на 4 и 5 октомври во ставропигијалниот манастир „Св. Богородица“ - Калиште кај Струга. На Соборот ќе земат учество претставници од сите епархии и институции на МПЦ.
Бидејќи оваа година се навршуваат 50 години од одржувањето на Вториот Црковно-народен собор на којшто е донесена одлука за возобновување на древната Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква, овогодишниот Собор, покрај работниот дел ќе има и свечен карактер, за прославување на јубилејот.
За таа цел, на 4 октомври ќе биде одржана Вечерна богослужба во манастирот „Св. Пантелејмон и св. Климент“ - Плаошник, со почеток во 18 часот и свечена Академија во црквата „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 20 часот.
Во недела, 5 октомври, со почеток во 8 часот и 30 минути, ќе биде отслужена света Aрхиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот Oхридски и Mакедонски г.г. Стефан, во сослужение на сите архиереи на МПЦ.
Се очекува на Соборот свое излaгање да има поглаварот на МПЦ Архиепископот Oхридски и Mакедонски г.г. Стефан. гв/рп/14:15