По барање на верниците, а со благослов на Архимандритот Партение, игуменот на Бигорскиот манастир, сестра Рада организира поклонение на моштите на Св.Василие Острошки.Патувањето ќе се одвива во период од 10.10.2008 до 12.10.2008г. Се тргнува во петок навечер во 18:00 ч. под Нова Железничка станица и враќање во недела , после полноќ.
На 11.10.2008, саботата ќе присуствуваме на Божествена Литургија во Цетинскиот манастир, Ке се поклониме на раката на Св.Јован Крстител, моштите на Св.Петар Цетински,моштите на Св.Теодор Стратилат и честица од чесниот Крст Господов, сместени во црквата посветена на Раѓање на Пресвета Богородица.
Во пладневните саати пристигнуваме во Острог, со можност верниците однапред да се определат за спиење во конаците на манастирот или спиење надвор во манастирскиот комплекс Горен Острог каде се сместени моштите на Св.Василие Острошки во црквата посветена на Воведение на Пресвета Богородица,
На 12.10.2008г. недела ке присуствуваме на Божествената Литургија, ке се причестиме со Светите Тајни и ке се поклониме на моштите на Св.Василие Острошки.Посета на Долен Острог и поклонение на раката на Св.Маченик Станко
Во попладневните часови го посетуваме Манастирот Морача,Во црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица,од 1252г. се чува раката на Св.великомаченик Харалампие, и надалеку позната фреска на Св. пророк Илија, како го храни гавран, Тука е и црквата Св.Никола од 1635г. и црквата Св.Архигакон Стефан.
Се враќаме преку Косово, во Скопје пристигнуваме после полноќ.
ЦЕНА - 2000 ден.
За информации јавете се на телефони:
.2442564 моб.070264992 Рада
тел.2779319 моб.075231885 Душанка
Посети: {moshits}