Изложба на цртеж на ДЛУМ
„Црта, црта, цртичка“ е насловот на изложбата на експериментален цртеж на Друштвото на ликовни уметници на Македонија што ќе биде отворена утревечер, во 20 часот, во Домот на АРМ На изложбата ќе се претстават 36 автори со 46 дела.
- Во светот веќе одамна се напуштени тие предрасуди визави медиумите. Цртежот еднакво може да биде и фантастичен и експресионистички, но и ангажиран и концептуален. Токму таа негова флексибилност и непосредност го прават толку фасцинантен и привлечен, овозможувајќи му да го издржи тестот на времето од времето на пештерските цртежи во Ласко до денешни дни - се вели во најавата за изложбата.
Изложбата ќе биде пионерски обид да му се вратат сјајот на цртежот и местото што му припаѓа и да понуди една нова визија преку негово редефинирање, реинтерпретирање и крајно сериозен третман, како иконографски, така и идејно.