логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...


Националната галерија на Република Северна Македонија Ве информира дека во објектот Даут пашин амам ќе биде поставена ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 Години уметност“. Истата, за публиката ќе биде достапна од 28 октомври до 29 ноември 2020 г. Објектот за посетителите е отворен секој ден, освен понеделник, од 10 – 18 часот.
Во почетокот на 90-тите години од минатиот век, Решат Амети сериозно се наметна со своите изложби во македонскиот, а во годините потоа и во глобалниот ликовен простор со своите истражувања во сферата на сликарскиот израз, каде публиката и критичарите забележаа дека неговите дела содржат нешто посебно во изразот и дека е можно да се насетат големи уметнички достигнувања кои што во иднина ќе следат (всушност својата прва изложба ја има во Виена во 1990 година, така што овој процес може да се каже дека е инверзен).
    Триесет години подоцна тезата за исклучителноста и посебноста на сликарскиот ракопис се потврди преку бројните студиозно профилирани изложби во кои постепено се градела идејата на уметниковата врска со исконските елементи на животот и природата од неговото опкружување. Уште од најраните дела, кои ги карактеризира геометризмот, апстрактноста, минимализмот и редуцираната знаковност, прочистениот вокабулар и лишеност од секој одвишен детаљ во третманот на сликата, се насетува „избрусен“ ликовен израз кој може да биде сватен како продукт на авторовата воздржана но софистицирана фокусираност на потенцирање на суштината на нештата, беспрекорност во реализацијата, а над се со вонредно чувство и познавање на својствата на боите. Тој во осцилирањето помеѓу префинетата сликарска содржина која содржи повторување, но во основа слоевита разноличност доживеана интуитивно, со чувство за рамнотежа помеѓу елементите и повеќезначноста, до денес изградил специфичен и за нашата ликовна сцена автохтон ликовен јазик.
Творештвото на Амети е рамнотежа помеѓу формата и претставноста каде во апстрактните идеи како што се обоените плохи, линии, квадрати, кругови, триаголници итн, може да се прочита принципот по кој во неговите дела се препознаваат клучните постулати во доживувањето на устројството на светот. Искуствата и промислувањата за сопственото потекло и припадност во одреден историски контекст дефинирани со аурата на genius loci, поттикнати се со размислувањата и импресиите на чија основа може да се разберат релациите кон изворниот, архетипскиот јазик. Тој верува во внатрешната чистина која е отсликана во едноставни облици и силна енергија со која делата зрачат, обликувани преку сведеноста на изразот во духот на филозофијата на зенот.
Амети делото го доживува во текот на сликањето. Тој во исто време обојува, црта, слика, визуелизира и приказот не го предава во неговата дескриптивност, туку низ сопствената перцепција. Динамиката и тензијата се одраз на самата композиција во комбинација на промисленоста и внатрешните состојби и расположенија. Бојата е збир на заробена енергија која од раката на авторот добива гестикулативна експлозивност и потполна слобода на торжествено зрачење. Сликарската техника му овозможува изразни можности со кои добива посебни пиктурални структури.
Решат Амети преку неговите дела ги пренесува сопствените кодирани пораки кои извираат од наследството на универзалните уметнички супстрати со нагласена лиричност, експресија, мелодичност и поетичност во доживувањето и се визуелна поезија и музика кои во перцепирањето на неговото творештво отвораат енигматски простори чие дефинирање има бројни толкувања и интерпретации, зависно од сознанијата на набљудувачот и искуствените парадигми.

Протоколот за заштита од Ковид-19 и понатаму останува задолжителен!

Национална галерија на Република Северна Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

08/01/2025 - среда

Собор на Пресвета Богородица; Спомен на бегството во Мисир; Преподобен Еварест; Свети Ефтимиј Исповедник, епископ Сардиски; Преподобен Константин Синадски; Преподобен Никодим Прилепски-Тисмански;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови Дваесет илјади маченици во Никомидија 28 декември / 10 јануари 2025

Тропар на светите Христови Дваесет илјади маченици во Никомидија 28 декември / 10 јануари 2025

Како темјан благоухан, Црквата ги принесе молитвите, на дваесетте илјади маченицикон Тебе о Христе Боже,примајќи ги нивните души во рацете...

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, ја изобличи безбожноста на мачителите.  Каменуван од рацете на беззакониците,

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани  27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани 27 декември / 9 јануари 2025

Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата,  светите Теодор и Теофан,денес црквата ги возвеличува,  Христос ги прославува,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная