логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Октомври месец, богата програма во храмот на уметноста!

По долга пауза, во октомври месец настапуваме со исклучителна понуда на настани во Националната галерија на Република Северна Македонија, изјавува директорката д-р Дита Старова Ќерими. „Ценејки дека публиката усвои нова култура при посета на културни манифестации, наметната од задолжителните протоколи за социјална дистанца, охрабрени, го збогативме овој месец со понуда за културно насладување на социјално дистанцираната публика.“

Во продолжение проследете ја најавата за настаните во Националната галерија во периодот што претстои:

  • 1-7 октомври 2020, дигитални медиуми

https://www.facebook.com/events/678727876082379

Манифестацијата Европски денови на културното наследство во нашата земја ќе се одржи во периодот од 1 до 7 октомври 2020 година. Темата на овогодинешното одбележување е „Културното наследство и училиштата“. Таа е во согласност со заедничкото мото – “Едукацијата и културното наследство“, со кое европските земји годинава се обидуваат да го привлечат вниманието на граѓаните на Европа, а особено на помладите генерации. Европската ориентација и имплементацијата во образовниот процес како определба на нашата институција се потврдува со активно учество во оваа манифестација. По овој повод, НУ Национална галерија на Република Северна Македонија учествува со два проекти, дигитални записи/видеа кои се објавени на социјалните мрежи, практика низ цела Европа заради пандемијата од Ковид-19 и препораките на СЗО.

Првиот проект – работилница е инспирирана од изложбата на Атанас Атанасоски со налов „Пејзажни фасцинации 20“во Чифте амам, инсталација во простор скулптурирана од трновита вегетација. Па од тука произлезе и насловот: „Детски фасцинации 20“.

https://www.facebook.com/starova/videos/10157571490320658/UzpfSTEwNzk3ODE4OTI3ODk1ODozMzY3NDQ2Nzg2NjY1Mzk5/?eid=ARCl4STGKpsOKb-gyH697xF1PYNcD9Qn_4jfZ1I7joRWtoSnZxMeEJmMzQI_xfVCGCXZKaciZ0Omgamz

Вториот проект/видео е резултат на онлајн работилница која траеше во текот на летните месеци со наслов „Го сакам мојот роден крај“. За учество беа поканети деца од дијаспората, низ целиот свет. Темата и мотивот на ликовниот проект беше врзан за се она што го одбележува родниот крај, култура и традиција како дел од културното наследство. На конкурсот беа доставени разни уметнички изрази, без ограничување во поглед на креативните техники.

https://www.facebook.com/events/284972449399605/

  • 1-10 октомври 2020, Чифте амам

75-ГОДИНИ ОСТЕН

ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ, Скопје 2020

Изложба на слики, цртежи и графики од над 200 уметници од целиот свет

  • 13 октомври, Чифте амам

Половина век живеење со, посветеност на и доследност кон ликовната уметност ќе бидат одбележани во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам на 13.10.2020 година во 18:30 часот.

На оваа самостојна изложба академскиот сликар Павле Кузманоски ќе се претстави со повеќе од 120 дела: масло и акрил на платно, пастел, цртежи со туш и молив, графики на мотивите кои се негова главна преокупација како „сведоци“, девојки, актови, пејсажи и мртви природи. Преку изложените дела кои ќе ги исполнат салите во Амамот ќе може да се проследи авторовиот развој и интерес низ повеќе временски периоди и стилски фази, вклучувајќи и повеќе најнови дела кои досега не биле изложувани.

Отворањето на изложбата ќе биде проследено со пригодна хорска музичка програма, а збор ќе земат и д-р Дита Старова Ќерими, директор на Галеријата; Звонко Давидовиќ, претставник на невладината организација „Акација“ од Скопје, и Љупчо Маленков, виш кустос во Галеријата.

https://www.facebook.com/events/406965500289257

  • 14 октомври до 1 ноември 2020, Мала станица и Даут пашин амам

Во рамки на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, на 14 октомври ќе биде отворена изложба на илустрации на еден од доајените на македонското сликарство, Димитар Кондовски. Изложбата ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“, под посебен протокол во однос на заштитните мерки против Ковид-19. Организаторот на фестивалот „Литера“, агенцијата „Ефектива“ најавува интересно патување за сите посетители и поддржувачи на фестивалот.

„Националната галерија како партнер во овој проект за време на настанот ќе организира повеќе работилници, на кои деца на различна возраст ќе имаат можност да се едуцираат, да ги запознаат и истражуваат делата на Кондовски.

На 15, 16, 17 и 18 октомври 2020, во дворот на Даут пашин амам ќе се одржат четири работилници кои во работните денови ќе започнат во 12 часот, а во текот на викендот ќе бидат со 2 термина од 11-12.30 и 13- 14.30 часот Организирано е предавање врзано за работилницата и разгледување на постојаната поставката во Даут пашиниот амам.

Темата на работилницата е „Емоцијата има своја боја“. Младите уметници ќе илустрираат свои приказни, инспиририрани од делата на великанот на македонската илустрација, Димитар Кондовски. Низ еден креативен процес тие ќе научат што е илустрација и како се создава. Работлиниците ќе бидат под менторство на едукаторите од Националната галерија.

И тоа не е се! Во Мала станица се предвидени 6 работилници на тема „Кондовски“ во период од 15 октомври до 1 ноемември 2020. Истите ќе бидат организирани во група од најмногу 12 деца, распоредени во помали групи со задолжително почитување на социјална дистанца. Ќе се работат илустрации инспирирани од авторот Кондовски.

Идејата е да се вклучат ученици од основните училишта, конкурсите се од отворен и јавен карактер. Повеќе информации од организаторот ќе бидат објавени на социјалните мрежи кои ќе бидат споделени и од наша страна. Затоа, следете не!“, изјави директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.

За сите учесници се подготвени пригодни изненадувања од страна на организаторот!

  • 27 октомври 2020, Даут пашин амам

Со изложбата најавена за октомври 2020 година во Националната галерија, академскиот сликар Решат Амети одбележува 30 години творештво, односно 30 години од неговата прва самостојна изложба која ја договорил како студент, пред дипломирањето, а ја реализирал веднаш по дипломирањето, во 1990 година, во галеријата Киви во Виена, Австрија. Од тогаш па до денес, неговото творештво е презентирано низ целот свет, на сите континенти. Неговиот сликарски ракопис е присатен во државни и приватни колекции.

Творештвото на Решат Амети содржи философско-интелектуален призвук на суптилен израз со естетско чувство за експресија, геометрија, динамика, асоцијативна наративност и промисленост. Централни точки во неговиот творечки ангажман се: геомертијата како праформа, праматерија, создадена од перфекционистичкото и испрофилирано човеково битие, лириката во облик на гест, знак, материја која ја динамизира композицијата, светлината како извор на животот, духовноста, вербата, религијата, љубовта и секако традицијата како елемент на личната идентификација.

На претстојната изложба ќе бидат изложени дела од сите периоди, фази и уметнички дискурси работени во текот на изминатите години.

https://www.facebook.com/events/2767952776772328

  • 28 октомври 2020, Чифте амам

Самостојна изложба на Антони Мазнески

Национална галерија на Репуклика Северна Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная