Почитувани наши читатели,
Ве известуваме дека на 23 јуни (сабота) 2018 лето Господово, во Свештената Бигорска Обител во 22.00 ч. ќе започне сеноќното бдение во чест на празникот на Пресвета Богородица, во спомен на Нејзината чудотворна икона „Достојно ест“.
Благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја.
Празнува денес Бигорската Обител за твојата чесна икона, Богомајко…