На 1-ви август, вторник во 18.00 часот, во објектот Чифте амам, Националната галерија на Македонија има прилика на јавноста да го претстави проектот (Х)ам(м)ам, на меѓународно, исклучително афирмираниот мултимедијален уметник Хелидон Ѓерѓи.
Хелидон Ѓерѓи (роден 1970 во Тирана, Албанија) е современ уметник кој се занимава со различни медиуми. Студирал на Академијата за уметности во Тирана. Со отворањето на границите на Албанија во 1991 година, се преселил во Италија, каде што понатаму ги проучувал визуелните уметности и се стекнал со диплома од Академијата за ликовни уметности во Неапол, Италија. Во 1997 година, тој се преселил во Чикаго, каде што се усовршил во теорија и практика на уметноста на Универзитетот во Чикаго. Во моментов живее во Њујорк и предава на SUNY Old Westbury.
Во текот на својата кариера Хелидон работел во различни медиуми, од сликање, скулптура, фотографија, видео уметност, до инсталација, па и до архитектура. Меѓутоа, преку различните медиуми, Хелидон во своите дела постојано ја испитува порозноста и кревкоста на границите меѓу медиумите, себе си и параметрите на индивидуалното влијание.
Неговите првоизложени дела го тематизираат нарцисоизмот на нашето претерано користење на медиумите, фантасмагорички поставувајќи ги телевизорите и нивните гледачи во рамките на огледалните средини, и провокативно повикувајќи го гледачот да направи пулсирачки акциони слики преку разиграната теле-команда на програмирање како треперлив превез на платно. За 52то Венециско биенале (2007), тој создал место за погреб на медиумите кои се повикуваат на земјената уметност на претходните генерации и ги заменил нивите објекти во природно распаѓање со рамни екрани на кои е претставен нашиот денешен медиумски пејзаж.
Покрај неговите просторно специфични дела за одредени локации, Хелидон исто така произведува монументални дела од јавен карактер. За Проектот за фасади на 4то Меѓународно биенале за современа уметност во Тирана (2009), Хелидон бил поканет да ја наслика фасадата на една голема сталинистичка зграда, која ја покрил со современите икони на дигиталното доба, со што јасно ја открил когнитивната дисонанца помеѓу архитектонската кожа и Внатрешниот хабитус на современото посткомунистичко општество.
За Проектот Биенале 3 во Коњиќ, Босна и Херцеговина (2015), создал уметничко дело за атомскиот бункер на поранешна Југославија, кое наликува на еден од нејзините коридори слични на карпести тунели - сала на огледала во која слоганите на милитаристичките Видео-игри се враќаат во ad infinitum, го опкружуваат нивниот гледач со лозинки и дводимензионална илузија на игри. За Манифеста 8 (2010), тој создал мирисна инсталација од зачини на пазарот поврзани со етничките заедници кои живеат во Мурсија (Шпанија). Јавноста беше поканета да го посети овој невидлив, а сепак отворен „музеј“ на мирис, и беа извлечени и дискутирани сопствените афективни реакции на индивидуалните ароми и нивните секвенционирање.
Учесник е неколку пати на Венециското биенале (и за ликовна уметност и за архитектура), и самостојно и групно, презентирал свои дела на Манифеста, Тиранското биенале и на голем број меѓународно признати визуелни презентации. Во моментов предава теорија на уметноста на колеџот SUNY Old Westbury.
Во Чифте амам се претставува со сајт специфичен проект насловен во корелација со самата локација (Х)ам(х)ам. Терминот се однесува на самото место со аналогија делумно на историјата и традицијата на многу прекрасни амами од регионов кои биле места за социјализација на сите етнички заедници кои живееле во дадени држави, и важеле за едни од најслободоумните локации во секоја дадена култура. Овие места ја иницирале и мотивирале комуникацијата помеѓу различни класи, ентикуми, религии. Од денешен аспект пак, Чифте амамот е современо место за комуникација, што значи ја продолжува својата примарна улога, и толку тој спој на нејзината главна функција низ вековите е клучниот детерминатор на идејата на Хелидон Ѓерѓи.
Проектот се состои од три дела, некои созададени конкретно за физичкиот простор на Чифте амам, а некои се поинаква просторно специфична реинтерпретација на досегашни инсталации и објекти.
Во првата сала, Ѓерѓи поставува уметнички слики на разновидни рачно насликани емоциски знаци од виртуелната комуникација кои ќе бидат поставени на пентагоналните отвори на куполата и кои ќе бидат видливи како проекции од светлината која продира низ отворите на внатрешните ѕидови на тој даден простор.
Втората сала е комбинација на огледалата од Биеналето во Босна и Херцеговина и зачините од Манифеста, со тоа што овде овие два дела се спојуваат во еден, создавајќи апстрактен и миметички повторлив бескраен коридор, во кој секоја страна ја отсликува другата. Спојот на визуелната шир, и себеогледалноста, со магијата на зачините на најголемите етнички заедници од Македонија (Македонци, Албанци, Роми, Ѐтурци и Срби) создаваат чувствен перпеттум.
Третата сала пак, која е исто така осмислена конкретно и специфично за просторот на Чифте амам, ќе биде замаглена просторија со дим, светлото кое благо ќе продира низ куполата ќе создава магична атмосфера, а во просторо ќе се шират звуци, создадени во соработка со албанскиот музичар Фатос Ќеримај, кои се изведени со музичка интеракција (комуникација или дис-комуниакција) на различни телефонски рингтонови.
Кустос на проектот е Ана Франговска, а ќе биде достапен на публиката до 24 август.