Скопје, кандидат за „Европска престолнина на култура“
Скопје 28 јули
Младинскиот културен центар е дом на на промотивниот проект „Европска престолнина на културата“ кој од 26 јули до 4 август има за цел да го стимулира и поддржи културниот развој на градот Скопје, да ги поврзе претставниците на сите институции на културата, заедно да се подготват за изработка на темелна, оригинална и конкурентна програма за претстојните термини за аплицирање за оваа европска титула.
Проектот „Европска престолнина на културата“ е составен од избор од програмите на: Сан Себастијан, Шпанија 2016, Плзен, Чешка, 2015 и Монс, Белгија 2015 и во себе опфаќа, „Фото – документ“, фотографска изложба на Вацлав Шваб (реномиран фотограф кој живее и работи во Плзен, Република Чешка и е еден од водечките градски фотографи. Создава уметнички, концептуални, комерцијални, модни, рекламни, документаристички/репортажни фотографии); фотографска инсталација „Јас, ти и градината“, избор на четири фотографски инсталации и документарен филм, „Пораки од границата“.
Овој настан е резултат на стручната меѓународна работилница „Значењето на титулата Европската престолнина на културата и нејзиниот придонес за културниот и општиот развој на градот‘‘ во 2015 година на кој се поврзавме со претставници на ЕПК Нови Сад 2021, ЕПК Ријека 2020, Љубљана и ЕПК Пловдив 2019, по што следуваа низа активности.
Организатор на настаните е ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“, Скопје, а покровител е Град Скопје.
Каталог во електронска форма на македонски јазик можете да превземете тука, а на англиски јазик тука.