логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


„СИНОТ-РИБА“ – НОВА КНИГА ОД АЛЕКСАНДАР ПРОКОПИЕВ

 Излезе од печат првата книга од новоформираната издавачка куќа Авант прес од Скопје - најновата збирка раскази од современиот македонски писател Александар Прокопиев – „Синот-риба“.
    „Синот-риба“ содржи педесетина, главно куси-куси раскази, во кои авторот го продолжува својот интерес за пишување во оваа во последно време сѐ попопуларна форма. Инаку, Прокопиев уште од своите први книжевни остварување – „Младиот мајстор на играта“, „...или...“ и „Пловидба кон југ“ – се легитимираше како автор кој е исклучително заинтересиран за оваа специфична книжевна форма.
    Во контекст на оваа книга, современиот хрватски писател Миљенко Јерговиќ ќе напише:
    „Го замислувам како сопственик на тесно дуќанче, некаде во старата скопска чаршија, како од утро до раната квечерина мајсторисува внатре, се занимава со својата работа и занает, за кој обичните луѓе не се грижат премногу, зашто ни не знаат што внатре, во тој дуќан, се случува. Во тоа мое будно сновидение Сашо Прокопиев е занаетчија кој се занимава со изработка на раскази од сите формати, од многу куси, минијатури на границата на нешто што обично се нарекува песна во проза, до подолги, по малку епски, квази-историски и псевдо-документаристички, во кои гради некоја своја имагинарна, мечтаена митска Македонија, која, како и секоја митска земја, е поавтентичка и пожива од оваа реална Македонија. И баш ми е гајле за неговата професорска кариера, за универзитетот и за сличните трици, јас него го гледам во сина мајсторска престилка, каллива од земјата низ која поминале неговите јунаци и црн од маста што извира од неговата старинска машина за пишување, како се занимава со својот величествен занает.
    Едно утро, тоа ќе биде понеделник, во скопската чаршија ќе стапнат Борхес и Бруно Шулц, за да го побараат дуќанот на Сашо. Ќе ги прашуваат луѓето каде се наоѓа, никој нема да знае каде се наоѓа тоа, па до дуќанот ќе дојдат движејќи се по една многу долга пајакова нишка. Ова е книга што магионичарот писател им ја пишува на своите читатели магионичари. Додека ги читате неговите раскази, станувате свесни за своите сопствени, за кои не сте знаеле дека постојат. Чудо, ви велам!“
    Во врска со расказите на Александар Прокопиев, современиот бугарски писател Георги Господинов вели:
    „Знам дека во Скопје сѐ е можно – еднаш, при една куса посета, во старата чаршија го сретнав Том Стопард лично. Во старата чаршија, еден од ликовите на Прокопиев речиси го сретнува Чехов. Такви се овие раскази – со чувство за секојдневното чудо, со луцидни сништа и толкување на туѓи сништа, со постојани изненадувања, но и со спокојство, дека секогаш сме тука, но и некаде другаде.“
    
    Дизајнот на корицата за оваа книга го изработи македонскиот уметник Владимир Лукаш.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная