Во Струмица започна
Фестивалот оваа година се одвива под мотото „Еден филм насекаде, сите на Астерфест“.
На свеченото отворање ќе им бидат доделени награди на овогодишните лауреати - режисерот Киро Урдин (добитник на признанието Астер за високи достигнувања во документарниот филм) и на актерот Боро Стјепановиќ (добитник на почесното признание за високи достигнувања во филмот).
Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани три ексклузивни кратки филма: британскиот краток игран филм „Телефонски повик“ на Мет Киркби кој доби Оскар оваа година, американскиот документарец „Бела земја“ на Кристијан Јенсен кој беше номиниран за Оскар и рускиот повеќекратно наградуван анимиран филм „Кокошката“ на Васил Бедошвили.
Во „Телефонски повик“ протагонистката Хедер е срамежлива жена која работи во кол-центар со телефонска линија за помош. Кога добива телефонски повик од непознат човек, не знае дека тоа засекогаш ќе ѝ го промени животот.
Одвивајќи се во сурова зима во Северна Дакота, „Бела земја“ е приказна за нафтен бум кој привлекува илјадници луѓе во северните рамнини на Америка во потрага по работа. Раскажана од аспект на три деца и мајка-имигрант, чии животи се засегнати од нафтениот бум, секоја приказна се испреплетува со другите – ги истражува темите за невиноста, домот и американскиот сон.
„Кокошката“ е комична алегорија за смешна кокошка чија желба да живее слободно како птица на гранка доаѓа во судир со нејзината вродена смисла за добрина и мајчинство. На крајот, нашата хероиња станува мајка со не баш мал број млади.
По кратката пауза филмскиот маратон ќе продолжи со уште 4 анимирани филмови („Дебелиот и слабиот“ на Александра Брожина, „Приказна за крушата и зајакот“ на Драгана Купрешанин, „Сладок кожурец“ на групата ЕСМА, „Харинга“ на Давор Бујаковиќ) и 5 турски кратки филмови од програмата „Мувиленд“ („8 месеци“ на Хусеин Ајдин Ѓурсој, „Губење бои“ на Озан Гонен, „Лифтот“ на Асан Џанталиев, „Окото“ на Онур Отачи, „Последните птици“ на Ахмет Ферах).
Официјалното жири кое ќе ги оценува филмовите во компетиција е составено од: Јанко Баљак – режисер и педагог од Србија, Борис Мисирков – директор на фотографија и менаџер од Бугарија, и Атанас Чупоски – филмолог и писател од Македонија.
Утре (четврток, 28 мај) фестивалската програма продолжува во 11,30 час. во Манастирот во Велјуса со Астер портретот и Тивериополските филмски беседи за лауреатите Киро урдин и Боро Стјепановиќ.
Утрешната фестивалска вечер е предвидена со целовечерна филмска проекција на кратките играна филмови во компетиција: српскиот „Даб плеј“ на Немања Лазиќ, францускиот „Дизни рамала“ на Тамара Ерде, шпанскиот „Ние не сме пријатели“ на Карлос Солано Перез, македонско-египетскиот „Пештерата“ на Ахмет Гонеими, иранскиот „Повеќе од два часа“ на Али Азгари и рускиот „Случајно“ на Жора Крижовников.
Во „Даб плеј“ во мрачниот паб, Били се запознава со Стеван, платен убиец. Со пијалак и во опуштена атмосфера, Стеван му зборува за својата последна работа и за тоа како се нашол во пабот.
„Дизни рамала“ е приказна за татко и син во Рамала, соочени со суровата реалност во текот на Втората интифада. Двајцата се обидуваат да создадат паралелна, измислена реалност, оптимистичка и магична. Додека Рабија, таткото, има проблеми со израелската војска, неговиот син сонува да оди во европскиот Дизниленд за својот роденден. Тогаш таткото одлучува да ги земе работите во свои раце и да создаде домашен алтернативен универзум за својот син.
Во „Ние не сме пријатели“ се поставува прашањето „што би сториле ако треба да го отпуштите својот најдобар пријател?“ Во таква ситуација се наоѓа Хулио (млад бизнисмен од навидум добра компанија) кога дознава дека Санти, заедно со дваесет и четворица други вработени во неговата служба, треба да биде отпуштен од работа. Неговиот шеф и пријател, Макс, се обидува да го советува како да се справи со ситуацијата, но набрзо станува сè позаплеткано. Ова е краток филм кој има за цел да ги истражи границите меѓу пријателството и работата... Ако воопшто постојат.
Приказната во „Пештерата“ го следи младиот басист Адам низ контрастните пејсажи на Каиро. За Адам, како припадник на работничката класа можностите се ограничени, а градот е арена каде силните преживуваат, а слабите умираат крај патот. Адем има обид да направи музичка кариера, но и да внесе нов живот во старото пријателство со бендскиот колега Амер. Во светот кој постојано се менува, вклопувањето е најтешко.
Во „Повеќе од два часа“ дејствите започнува во три часот по полноќ, а момче и девојка лутаат низ градот. Бараат болница за лекување на девојката, но тоа им оди многу потешко одошто очекувале...
Во „Случајно“ на неколку часа пред Нова година, сосед оди да побара сол од една постара госпоѓа. Одеднаш ја убива. И сега целата негова фамилија која се собира да ја прослави Новата година, треба да реши што да се прави и кој е виновникот.
======
The official jury composed of Janko Baljak, director from Belgrade, Republic of Serbia, Boris Misirkov, director of photography from Sofia, Bulgaria, and Atanas Chuposki, filmologist and writer from Skopje, Republic of Macedonia has found that the quality of films in this year's selection at the Asterfest festival, both in the category of short fiction films and in the category of documentaries and animated films was very high. Selectors in all competitions offered many high quality films, several of them already awarded at international renowned festivals, which further complicated the already complex work of the jury. The jury decided to award the following films at the 11th Asterfest:
In the competition of animated films, "Animotion", in the selection of Marjan Pecev-Zahov, the jury awards a JURY MENTION to the film "The Hen" directed by Vasil Bedoshvili from the Russian Federation. The film stands out from its competition due to the original treatment of the touching human history represented here through the form of a bird, i.e. a hen.
The main BEST ANIMATED FILM award at the 11th edition of Asterfest goes to the film "Sweet Cocoon" directed by Matéo Bernard, Matthias Bruget, Jonathan Duret, Manon Marco and Quentin Puiraveau from France. The film wins this award because of its technical mastership and because of the way of presenting this unusual story which is an allegory of the transience of life.
In the competition of short fiction films, entitled "Global fiction", in the selection of Sunchica Unevska, the jury decided to award the following films the 11th edition of Asterfest:
The jury awards a JURY MENTION to the film "Dub play" directed by Nemanja Lazic from the Republic of Serbia. The jury justifies this decision with the specific film narration and playing with genre stereotypes which prove that the young director uses the film language skillfully and manages in this low-budget film to achieve a maximum result with minimum funds.
GJORGJI ABADZIEV Award for best screenplay goes to the film "More Than Two Hours" by director Ali Asgari from Iran. The relations in the Iranian society, summarized in a night of intimate drama of the main protagonists of the film, create the specific film atmosphere.
ACO ALEKSOV Award for best auteur goes to the director Mat Kirkby from UK for the film "The Phone Call". The directing skill can be seen in the masterpiece through only a few shots of expressive acting, to tell the exciting story of love, life and death.
gOLDen PROJECTOR Special Award goes to the film "The Cave" directed by Ahmed Ghoneimy in the Egyptian-Macedonian co-production. The dynamic photography greatly corresponds to the dynamic acting and to the great directing, which creates a hyper-real atmosphere that literally gets the viewer into the story.
BEST SHORT FICTION FILM Award at the 11th edition of Aster fest goes to the film "By Accident" directed by Zhora Kryzhovnikov from the Russian Federation. Brilliant black comedy inspired by Dostoevsky with exceptionally led acting miniatures, actually tells the moving story of the collapse of moral values in the modern Russian society.
In the competition of documentaries, titled "Star Documents", selected by Gena Teodosievska, the jury decided to Award the following films at the 11th edition of Asterfest:
The special JURY MENTION goes to the debut film of the director Pero Kovancaliev, titled "Uncle". The skillfulness of the director consists of recognizing his authentic hero as a main hero of his unpretentious and witty film story.
BRONZE HORSESHOE Award goes to the film "Live, Soldier, Live" directed by Kirsten Gaynet from the Russian Federation. The exceptional film debut of the young director from Russia, which in visually superior way tells the touching story of the Chernobyl disaster through the universal story about the forgotten heroes, promises more good films from her in the future as well.
SILVER HORSESHOE Award goes to the film "Nothing Left Unsaid" directed by Anne-Marieke Graafmans from the Netherlands. Through an authentic directing procedure the author manages to avoid the unnecessary sentimentalism and with an authentic cinematic language to tell the family story of the dignity of human life, touching upon the issues of life and death, of despair and hope.
GOLDEN HORSESHOE Award at the 11th edition of Asterfest goes to the film "As You Like It" by the director Paula Onet from Romania. With superior visual style, Paula Onet, who is at the same time director, screenwriter, director of photography and editor of the film, through interpretation of the photographs on the gravestones, realizes a metaphysical and partly ironic story, intertwining the eternal questions of human existence in this world, of life after death, of the eternal love...
The special jury consisting of Dina Duma, Vasko Magleshov and Aleksandar Filev judged the short films from the "Movieland" program which this year was focused on Turkey. They gave the following explanation for their decision: "The short film "Losing Colors" by Ozan Gönen from Turkey is a real animated gem from the "Movieland" program. In it the message for the inherent right to freedom is communicated in a minimalistic manner. The film "Losing colors" is a pure metaphor of the idea for getting out of the constraints of any imposed ideology."