логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 vozdvizenie.jpg

ДЕЛ ТРЕТИ

3. ДУХОВНАТА ПРОСВЕТА НА МЛАДИТЕ. - Од преголема љубов кон сите млади, Епископ Јован посебни грижи полагал за духовното нивно просветување. (Знаење на Законот Божји и нивното воспитание во тој дух!). Во сите шангајски училишта, каде што учеле руски деца, имало редовна настава и по Закон Божји. За изведување на оваа наставна област ангажирано било, главно, свештенството. На крајот од учебната година се одржувал испит, на кој неизоставно присуствувал и Владиката. Не ретко и тој им поставувал прашања на учениците. Покрај другото, често прашал: на кој светител ученикот го носи името, го знае ли неговото житие, празнуваат ли именден и т.н. (Стар руски обичај бил, новороденче да се крштава на 40тиот ден од раѓањето, па најчесто името го добивало на светецот, кој се празнува дента. Оттаму останало кај Русите, па и кај нас, да се празнува именден!).
Во врска со ова, некои автори истакнуваат дека Епископ Јован толку добро го познавал црковниот месецослов, што со имиња на малку познати светители, ги поврзувал имињата на учениците и ученичките; тогаш им укажувал на оние што не знаеле, понатаму да го знаат и да го слават својот празник  именденот.
За разлика од порано, Владиката вовел практика во овој кинески град (Шангај) торжествено да се одбележува Празникот на сесловенските Првоучители и Просветители, Светите Браќа - Методиј и Кирил (11. мај ст. стил). Всушност, овој Празник бил училишен. На самиот Ден, прво се служела Света Литургија, со учество на хор, составен од ученици и ученички од сите училишта. На крајот од општата свечена прослава, се приредувал ручек за деца, а се служел и чај за сите.
До крај на овие свечености бил заедно со учениците и Епископ Јован. Неговото присуство ја зголемувало радоста во душите на сите млади.
„Со Владиката нам, на децата, секогаш ни беше светло и радосно", ќе изјави во својата зрела возраст Татјана Урусова, сеќавајќи се на овие торжествени празненства. Истата личност ќе додаде: „Ние, неговите духовни чеда, чувствувавме дека Владиката беше и секогаш е со нас".
Навистина, духовната врска што спонтано се создава меѓу млади, од една страна и значителни личности - од друга, останува незаборавна, особено во душите на младите!

4. ШТО ИЗЈАВУВААТ ПРИЗНАТЕЛНИТЕ ВЕРНИЦИ ВО ЗНАК НА БЛАГОДАРНОСТ. -Множество почитатели на Епископот Јован (некои од нив и блиски соработници!), не можеле да ги премолчат добрините, што тој ги правел и ги направил во градот Шангај и пошироко. Во овие нивни изјави, јавно искажани, нема ништо преувеличено, затоа што се нивни лични доживувања. Во продолжение ќе приведеме само дел од изјавите.
На пример, Всеволод Рејер, близок соработник на Владиката, во еден свој напис, најнапред поставува прашање, велејќи: „Што беше за нас Епископот Јован?" Понатаму самиот одговара и вели: „Буквално, тој ни беше душа на сите наши општествени потфати во Шангај. Тој беше вдахновител и предводник на се... (истакнува бројни акции!). Не постоеше ниедна благотворна или културна намера, во која тој да не учествувал. Просто не можеше да се замисли нешто да се организира, без негово учество, како и без негов благослов."
За да ја истакне Владиковата пожртвуваност, правејќи добро на другите, В. Рејер го приведува следниов настан, доживеан од него:
Во темна дождлива ноќ, тој го сретнал Архијерејот, како брза некаде, одејќи пеш. Ја запрел колата и го прашал: „Владико, каде брзате по ова невреме?"
Добил одговор дека тука наблизу имало тешко болен и оди да го посети. Тогаш тој го довезал до местото, но се покажало дека она неговото „наблизу" било оддалечено дватри километра.
---------------
Во 1943 година, по изминатите девет години од престојот и дејноста на Епископ Јован во Шангај, видни личности од Руската Колонија (Шангај, Харбин и други населби!), со Петиција се обраќаат до Вишите црковни власти, предлагајќи Епископот да биде унапреден во звање - Архиепископ. Во образложението се одбележуваат бројни негови заслуги од големо значење не само за Русите - емигранти, туку и за другородните жители на спомнатите населени места. Во Петицијата, меѓу другото, стои написано: „Од денот на неговото доаѓање, ниеден болен не добил отказ во неговите молитви, како ни во - личните посети, а по молитвите на Светиот мнозина добиле олеснување, па и - оздравување. Имаме податоци де¬ка и болесници од други народности, преку писма барајќи, благодарение на неговите молитви оздравувале.
Споредувајќи ја состојбата во Црквата порано и тогаш, потписниците на Петицијата пишуваат: „Ние не сакаме да кажеме дека до неговото доаѓање, кај нас се било мртво во духовен поглед. Не тоа, а ова - дека духовните раководители беа оддалечени од својата паства, од нејзините интереси, па сферата на нивните дејности беше тесно црковна, слично на онаа во Русија, каде што Православната Вера беше повластена и Власта ја штитеше Црквата. Α сега положбата е слична на онаа од Апостолско време и ние сме благодарни на властите во Велика Кина за нивната благонаклоност кон Христијанската Православна Вера" (пак благодарение на Владиката!).
Понатаму е истакнато дека не само Русите, туку и кинеското население, па и оние од другите народности, со голема почит и уважување се однесувале кон Епископот Јован, ценејќи ги неговите благотворни акции, во кои биле опфатени сите. (Навистина, делата негови сведочат дека тој не правел разлика кој од која народност е!). Па затоа е кажано дека нивната сегашност прилегала на Апостолското време кога секој, според своите можности, доброволно учествувал со даренија, а се за остварување на широката хуманитарна активност, организирана од Архијерејот. Поздравувајќи ги овие активности, па и месните власти не биле рамнодушни, а и тие помагале.
Во Петицијата е нагласено дека Епископ Јован многу придонел и за утврдување на верата кај оние крстени, кои биле колебливи и недоволно доследни на она што го исповедувале. Токму тие, кои дотогаш само по име биле христијани, но не и по живот, исповедувајќи се, па во знак на признателност и благодарност изјавуваат: „Среде секојдневната суета, живеејќи во разнојазичен град, понекогаш заборававме на Православните Празници, но со православното руско срце чувствувавме дека Епископ Јован е тој, кој ни е неопходен за ние да бидеме макар малку православни не само на зборови, туку и со дела. Тој како факел ја осветлува нашата грешност и како камбана ја буди нашата совест, ја повикува душата наша на христијански подвиг, како Добар Пастир ни порачува макар за минута да се одвоиме од земното, од калта на земјата и да ги подигнеме очите кон небото, од каде што може да се очекува помош. Тој е оној, кој според зборовите на Свети Павле, „служи за пример на верниците во зборовите, во животот, љубовта, духот, верата и чистотата"...
Најпосле се истакнува и ова: „Имајќи таков пламенен столб на Христовата Вера во Шангај, кој ја разгорува во нас желбата да правиме добро и да ја чуваме верата, ние сакаме по човечки токму тоа да го одбележиме. Колку и да ни се слаби нашите земни сили, ние се стремиме и работиме според неговиот повик"...
Приведениве признанија се однесуваат, главно, на Владиковото мисионерство во Кина, со што се потврдува сличноста меѓу него и неговиот предок - Свети Јован Тоболски. Додека последниов Божји угодник покрстувал и покрстил голем дел од незна¬божечкото другородно сибирско население (тоа е, така наречено, надворешно мисионерство), Владиката Јован Шангајски ги утврдувал и утврдил множество свои сонародници, чија вера дотогаш не била жива, т.е. не била потврдена со дела (ова е т.н. внатрешно мисионерство). Значи, двајцата Божји угодници не биле блиски само по крв, туку тие биле исти по дух; по Божја милост - надарени за мисионерство.

---------------
I. Непосредно по овој дел од „признанијата" може да се изведе заклучок само со краток одговор на едно прашање, а тоа е: Кој може да ги утврдува колебливите и недоследните во Верата Христова? Секако не оној, кој се уште се бори со страстите и не ги победил. Значи, само чистиот може да приведува други кон чистотата и само цврстиот во верата може да ги утврдува другите. Покрај другото, тоа се основните квалитети на секој успешен мисионер.
II. За претходниот (првиот) дел од „признателноста" следува заклучокот: Да не гледаш кое доба е и какви се временските прилики, па пак да си готов на секој страдалнички повик да се одзовеш, тоа не секој може да го направи ниту го прави. За ваков натчовечки напор и за олкава бескорисна жртва потребни се: прво, сожаливо срце (за оваа добродетел Русите имаат назив - сердоболие!) и второ, преголема љубов кон оние што страдаат, не правејќи разлика кој е кој. Силите за правење вакви добрини не се само од човечка природа; тие доаѓаат „одозгора". Затоа се вели дека само личности, удостоени со Божја благодат, наоѓаат во себе извонредни сили и можат да извршуваат исклучителни дела, што кај нас - обичните предизвикуваат и чудење, но и - восхит. (Последново е присутно само во душите на вистински добрите, зашто само тие се признателни и поседуваат чувство на благодарност!). Во оваа смисла и благодарниот В. Рејер, од се она што го доживеал со Владиката Јован Максимович, тој ќе изведе свој заклучок , кој гласи: „Архиепископ Јован, во историјата на Православната Црква, е извонредна појава и ние се подобро сфаќавме, каков ПРАВЕДНИК имаше во својот состав Задграничната наша Црква во неговото лице."

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

vozdvizenie.jpg

Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје 2001

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан

Издава
Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква

 СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (6)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (5)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (4)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (3)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (2)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (1)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная