Gospodi Pomiluj

Во црква и дома, пред молитвата се пали кандило и свеќи, кои горат за време на литургијата и молитвата. Многу верници се прашуваат зошто се пали пред икона, која е целта и што значи да гори пред иконата на Исус Христос, Богородица или светец на кого му се молиме.


🔥Затоа што верата нашата е светлина. Христос рече: Јас сум светлината на светот. Светлината на кадилото(свеќа) нè потсетува на светлината со која Христос ги осветлува нашите души.
🔥Да нè потсети на светлината на карактерот на светителот пред кого палиме кадилото(свеќа). Зашто светиите се нарекуваат: синови на светлината.
🔥Да ни служи како укор за нашите темни дела, зли мисли и желби, и да нè повикува на патот на евангелската светлина. За да можеме со ревност да се стремиме кон заповедта на Спасителот: за да свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела.
🔥Да биде наша мала жртва за Бога, кој се жртвуваше себеси за нас. Мал знак на нашата голема благодарност и светла љубов кон Него, од кого во молитва бараме живот, здравје, спасение и сè што може да даде само безграничната небесна љубов.
🔥Да биде избезумител за злите сили, кои понекогаш нè напаѓаат дури и за време на молитвата и ги оддалечуваат нашите мисли од нашиот Творец. Зашто злите сили ја сакаат темнината и се срамат од секоја светлина, особено од онаа што е наменета за Бога и Неговиот народ.
🔥Да нè охрабри на самозапалување. Како што маслото и фитилот горат во светилка, послушни на нашата волја, така нека горат и нашите души со пламенот на љубовта во сите страдања, послушни секогаш на волјата Божја.
🔥Да нè научи дека како што кадилото(свеќа) не може да се запали без нашата рака, така и нашето срце, таа наша внатрешна светлина, не може да се запали без светиот оган на Божјата благодат, дури и ако е исполнета со сите добродетели. Зашто сите наши добродетели се како гориво, а огнот што ги пали е од Бога.

           🔥Да нè потсети дека Творецот на светот прво ја создал светлината, а потоа сè друго по ред. И Бог рекол: нека биде светлина. И бидна светлина. Така и на почетокот на нашиот духовен живот, светлината на Христовата вистина прво мора да свети во нас. Од таа светлина на Христовата вистина, потоа се создава, никнува и расте во нас секое добро. Нека светлината Христова ве осветли и вас.


Епископ Николај Велимировиќ, Мисионерски писма