логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

МЕДИЦИНАТА И ПРАВОСЛАВИЕТО

МНОГУВЕКОВНАТА СТРАСТ – F10
                                                                   (Алкохолизам)


    Честопати слушаме како некој ќе рече: Јади, пиј и весели се... Еднаш се живее, животот е краток. Но ова не е нешто ново. Уште пред повеќе од 2000 години нашиот Господ Исус Христос ја кажува параболата за богатиот, на кој нивата му родила многу (Лука 12, 16-21), и како одговор на овие исти зборови кои се употребуваат и ден-денес, Господ му вели на богатиот: Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја... Колку ли само души прелажал демонот наметнувајќи им ја оваа мисла на луѓето како стил на живеење, и колку од нив биле затекнати од смртта сиве овие векови, и уште колку ќе се фатат на оваа примка, само Господ знае!
Во суштина, ваквото живеење не е само својствено за богатите како што се споменува во параболата, туку за секој човек, но ќе кажеме и за секоја возраст. За најмалите, ние, како родители сме виновни, навикнувајќи ги децата уште во пелени на разни уживања преку играчките, детските забави и сл. Децата кои растат во секакви удопства, а надвор од Црквата, со годините ќе бараат сѐ повеќе и сѐ понови начини за забава. Еве, на некој начин лоциравме еден од виновниците (родителите), иако поважно е да сфатиме дека во детските срца се вкоренува семето на страстољубието, отколку да бараме виновници. 
Јади, пиј и весели се, или модифицираната варијанта секс, дрога, алкохол, не е ништо друго, туку потполна разузданост на најниските желби и похоти. Или, оваа проблематика ќе ја заокружиме и наречеме сластољубие, страст од која произлегуваат сериозни душевни и телесни заболувања од медицински аспект и проблеми од социјално-општествен карактер. Тука ќе ги споменеме болестите на зависност: никотинизам, алкохолизам, наркоманија, па: прејадување, прељуба, блуд и многу други видови на задоволства. А ќе се задржиме на алкохолизмот, бидејќи овој порок, болест или грев, честопати може да биде како премин кон нешто полошо или поштетно за човекот; како премин кон друг порок, друга болест или нов грев. Да го проследиме медицинското гледиште за оваа болест, која според статистичките податоци е доста распространета во светот, и затоа слободно ќе кажеме дека е болест која на некој начин направи класна поделба во општеството, но овојпат, духовно гледано, каде што ѓаволот со своите демони е робовладетелот, а алкохоличарите – неговите робови.
    Алкохолот, односно алкохолните пијалаци, луѓето ги правеле и ги користеле уште многу одамна, но првенствено како лек поради нивното благотворно дејство врз организмот на човекот: намалување на коронарни срцеви заболувања, намалување на холестерол и крвен притисок, намалена опасност за заболување од рак, стимулирање на имунолошкиот систем, антибактериски и анти-стрес својства. Но, користењето на алкохолните пијалаци во прекумерни количества може да доведе до акутна алкохолна интоксикација (труење), која настанува кога концентрацијата на алкохолот во крвта ги надминува концетрациите од 3,0 промили, а веќе над 4,0 промили може да настане смрт. Клиничката слика зависи од концентрацијата на алкохолот во крвта и се движи од сомнолентна состојба до кома, и смрт. Овие промени на свеста се проследени со збркан говор, растројство во координацијата, нестабилен од, оштетување на видот, вниманието и помнењето, како и многу потешкотии во респираторниот, дигестивниот и кардиоваскуларниот систем.
Злоупотребата на алкохолот е причината која игра главна улога во над половина од убиствата, самоубиствата и сообраќајните несреќи, како и во многу општествени и семејни проблеми: од изостаноци на работа и кражби до измачување на сопружниците и децата.
Честото, т.е. редовното консумирање алкохол, за да се доживеат неговите ефекти врз расположението, доведува до зависност од алкохол, односно хроничен алкохолизам.
    Според Светската здравствена организација, за хроничен алкохоличар се смета лице кое прекумерно консумира алкохолни пијалаци, со развиена физичка и психичка зависност кон алкохолот. Лице кое покажува психички нарушувања, или такви нарушувања во однесувањето што упатуваат на оштетувања на физичкото или психичкото здравје, на односите со други лица и нарушување на социјалната состојба.
Синдромот на зависност од алкохол се карактеризира со силна желба да се повтори неговото земање, тенденција кон зголемување на дозата (толеранција), психичка или физичка зависност, штетни ефекти по телесното и менталното здравје, штетни ефекти по социјалната средина и појава на апстиненцијален синдром при престанување на земањето на алкохол. Според повеќе епидемиолошки истражувања алкохолизмот како болест се наоѓа на трето место, по болестите на кардиоваскуларниот систем и малигните неоплазми. 
Факторите кои доведуваат до појава на зависност се бројни и различни, и претставуваат спој на генетски, телесни, психолошки и општествени фактори, и влијанија на околината, кои се разликуваат од поединец до поединец, но обично се групираат во три групи. Фактори што произлегуваат од личноста на зависникот: лабилни и несигурни млади личности, личности што имаат желба за нови искуства (љубопитност), емоционално незрели личности, деца од дисхармонични или некомплетни семејства. Социоекономските фактори се, исто така, од особено значење: низок економски стандард, достапноста на алкохолот во земјата, толерантниот однос на друштвото во кое живее зависникот спрема алкохолот. И третиот фактор е алкохолот кој со своите хемиски и фармаколошки особини за кратко време го менува сензориумот на корисникот и го внесува во една ирационална и псевдоеуфорична состојба. Но и генетските фактори се сметаат за клучни: опасноста некој да стане алкохоличар е четири до петпати поголема, ако еден од родителите е алкохоличар. Сепак треба да се забележи дека некои деца на родители-алкохоличари го надминуваат наследното обележје на однесување, станувајќи анти-алкохоличари.
    Алкохолизмот се развива низ неколку фази, од кои првата започнува со постепено зголемување на толеранцијата; потоа продолжува со пиење скришум од околината и семејството (кога се прават секакви дозволени и недозволени напори за да се дојде до алкохол, а сепак сѐ уште се јавува повремено чувство на виновност, но не се прават напори за да се престане со консумацијата), па продолжува во критична фаза со загуба на контролата во пиењето, социјална изолација, професионална и семејна компромитација, пиење на секаков вид алкохол, љубомора, агресивност, и на крај – хронична фаза со целокупно психичко и физичко пропаѓање. Прогнозата е песимистичка, бидејќи само мал процент од лекуваните зависници не направиле рецидив. Само околу 35% од лекуваните успеваат да апстинираат неколку години.
Долготрајното и прекумерно консумирање алкохолни пијалаци доведува до душевни растројства, т.е. алкохолни психози, како што се: делириум тременс, Корсакова психоза, алкохолна халуциноза, патолошко пијанство, алкохолна параноја.
Но алкохолизмот може да доведе и до низа телесни тегоби, како што се: заболувања на бубрезите, оштетување на мозокот и срцето, проширување на крвните садови на кожата на лицето, хроничен гастритис, воспаление на црниот дроб, зголемена опасност од рак на грлото, хранопроводот, желудникот, црниот дроб...
Доколку се прекине, или се намали внесувањето на алкохолот, кој претходно се консумирал подолго време, и во поголема количина, се јавува апстиненцијален синдром. За неколку часа се јавуваат: потење, тахикардија, болки во мускулите, зголемен тремор на рацете, несоница, мачнина и повраќање, раздразливост, агресивност, анксиозност, депресивност, халуцинации...
Лекувањето може да почне дури откако алкохоличарот ќе го прифати фактот дека проблемот постои и откако ќе прифати да престане да пие. Мора да сфати дека алкохолизмот е излечив и мора да биде мотивиран за да се излекува. Лекувањето има две фази: апстиненциска криза или детоксикација и лекување, т.е. оздравување со употреба на лекови како: дисулфирам, налтрексон, бензодијазепини, антидепресиви. Лекувањето може да биде болничко или вон болничко, со тим од разни експерти како: психијатар, психолог, социјален работник, свештеник (духовник), но од голема важност се и центрите за рехабилитација и ресоцијализација. Не помалку важна е и соработката со семејството, пријателите и работниот колектив, особено за превенција на рецидивите (повторното враќање кон алкохолот).
    Од изложеново ќе заклучиме дека и Црквата, која се крепи на Светото Писмо и учењето на светите Отци (светото Предание), не кажува ништо поразлично од ова стручно изложување. Гледаме како Самарјанинот ги помазал раните на претепаниот човек од разбојници со вино и елеј (Лука 10, 30-37); свети апостол Павле во Првото послание до Тимотеј вели: Не пиј веќе само вода, но употребувај по малку и вино, поради стомакот и честите боледувања (1. Тим. 5, 23) и сл. Сето ова го потврдува благотворното и лековито дејство на виното. Алкохолот некогаш се користел и како анестетик.
Во Светото Писмо се вели дека виното е корисно за животот на човекот, тоа е направено за веселба на луѓето; виното е радост за срцето и утеха на душата ако се пие умерено (Сир. 31, 31-33); значи, виното (алкохолот) и тоа како влијае на расположението на човекот.
А за промените на човековата свест предизвикани од алкохолот свети Василиј Велики вели: Пијаниците ја губат својата душа и ги ослабнуваат своите тела; нивните очи се без израз, лицата им се бледи, дишењето тешко, јазикот заврзан, говорот нејасен, нозете слаби и несигурни...
За социјалната, пак, и семејна компромитација свети Јован Кронштадтски вели: Само виното може да го направи добриот сопруг и татко како ѕвер.
Безбројни се поуките во врска со алкохолизмот во Светото Писмо, но и кај светите Отци, како: свети Јован Златоуст, свети Василиј Велики, свети Филарет Московски, свети Тихон Задонски, свети Димитриј Ростовски, свети Климент Охридски... Но и покрај сите дамнешни и сегашни рекламни ТВ-поуки, алкохолизмот останува проблем во човештвото, и непогрешливо ќе се поистоветиме со констатацијата на свети Јован Кронштадтски дека пијанството е ѓаволска мрежа. Но оваа мрежа, испреплетена од разновидната палета на алкохол со различни бои, вкусови, ароми, концентрации, не е невидлива, но наизглед е неопасна, со широки дупки, па те води мислата дека лесно се излегува и кине, а всушност е налик на пајаковата мрежа – леплива и остава трајни лузни.
Сѐ започнува во тинејџерските години: на секое излегување се пие, се мешаат неколку видови алкохол за да се помине поевтино, но со поголем ефект, т.е. поголемо еуфорично расположение, кое на некој начин им е многу потребно за заземање на видната позиција на алфа мажјак, кои без алкохолот би биле само она што се. Значи, настанува изобличување кое е всушност разнебитување. На оние со подлабок џеб забавите им завршуваат, замислете, со пушење трева (а не се пушачи), или шмркање на кокаин (а не се наркомани). А нивните и онака лабилни врски завршуваат со раскинување заради направената прељуба кон девојката или момчето (слично на приказната од Старечникот за египетскиот пустиник и за последиците од пијанството). Па следи разочарување, па утеха со чашката во рака, и пак забава, и сѐ по ред – ист круг, како врзан за стожер. Ова е еден од начините преку кои често се станува алкохоличар. Затоа свети апостол Павле советува: Не опивајте се со вино од кое произлегува блуд (Еф. 5, 18).
Честопати, телесната зависност од алкохол не мора да биде видлива за другите. Некои хронични алкохоличари пијат многу и добро се извежбани во самоконтролата, при што оставаат впечаток дека излегуваат на крај со секојдневните задачи на сосема нормален начин. Но видовме дека алкохолизмот во текот на животот доведува до низа други телесни тегоби и болести: воспаление на црниот дроб, заболувања на бубрезите, оштетување на мозокот и срцето и сл.
Имав еден пријател, кој не е повеќе меѓу живите, татко на мои другари, го почитував многу. Беше познат композитор и виолинист во Филхармонијата. Често ми раскажуваше за себе. За да биде поопуштен пиел по малку вино пред испит. Кога почнал да свири во Радио Скопје, бидејќи програмата се емитувала во живо, обавезно пиел по една до две чаши вино пред настап. По долг стаж се зголемувала и дозата до едно литро вино. Понатаму, за да можел да вежба и да му престане тресењето на рацете, пиел по пола литар ракија со претходно земен дијазепам. Заврши со предвремено инвалидско пензионирање, оштетено срце, и нормално – прерана смрт. Но, фала Му на Господ, без чашка во рака и со трезвен ум. 
Нормално, постојат и многу други начини, како неизбежните неофицијални и официјални средби и состаноци, склучување договори и бизниси по кафеани, каде некогаш и не сакајќи, заради честа кон другите, човек свикнува на прејадување и препивање; па со текот на времето ја чувствува секојдневната насушна потреба да се седне со кој било на „кафе“, кое секогаш е пропратено со некоја чашка. Да, многу се варијантите што ги нуди ѓаволот. Затоа: пазете се, вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство (Лука 21, 34).
    Направете ја понудената, од нас, самопроверка и доколку некаде се пронајдете, размислете за вашиот однос кон алкохолот. Ако не сте премногу навлезени, сами воспоставете ја контролата, без одложување – веднаш исповедајте се и продолжете со препораките од духовникот, или побарајте стручна помош од лекар, психијатар, но повторно, не надвор од Црквата. Бидејќи само мал процент од лекуваните зависници (дознаваме од медицинската статистика) не направиле рецидив. А само околу 35% од лекуваните успеале да апстинираат само неколку години. Не надвор од Црквата, бидејќи само човек-верник, кој има страв Божји, може да не подлегне на веќе подметнатите замки, оти самиот знае дека пиењето е страст која ни го заробува срцето. Знае и тоа дека пијаниците не можат да го наследат Царството Божјо (1. Кор. 6, 10).



САМОПРОВЕРКА:
Нема еден симптом со кој би се дефинирал алкохолизмот, но искрените одговори на следниве прашања можат да ви помогнат да дознаете дали и самите сте загрозени:

•    Дали некогаш пријател или роднина ви навестил дека пиете премногу?
•    Дали ви е тешко да престанете да пиете откако сте се напиле една или две чаши алкохолен пијалак?
•    Дали некогаш сте биле неспособни да се сетите што сте правеле за време на опивањето?
•    Дали некогаш се чувствувате лошо во врска со тоа што пиете?
•    Дали се впуштате во кавги и физички пресметувања кога пиете?
•    Дали некогаш сте биле уапсени или хоспитализирани поради пиење?
•    Дали некогаш сте размислувале да побарате помош за да го контролирате „уживањето“ алкохол или за да престанете да пиете?
                                                          

о. Григориј Јакимов
презвитера д-р Александра Јакимова

 

Извор:



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная