логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 V.Metodij.pp.jpg

Митрополит Американско- канадски г. Методиј

 Постот е темел на секоја добродетел, почеток на духовната борба, венец на оние што се во воздржание, украс на девственоста и светоста, светлост на целомудрието, начело на христијанскиот пат, мајка на молитвата, источник на целомудреноста и благоразумноста, учител на тихувањето, патеводител на секое добро дело1. Вака ја започнува премудриот Исаак Сирин својата пофалба на постот. И како што тогаш таа служеше да ги ободри и охрабри неговите соподвижници во духовната борба, таа и нам денес подеднакво ни ја открива бескрајната полза од постот и нè повикуваат на благоразумна ревност.

Постот е навистина темел на секоја добродетел, зашто ништо посилно не го брани нашето достоинство, нашето првородно, едемско достоинство како подвигот на воздржанието. А какво беше тоа наше достоинство? Пред сè господарско. Зашто Бог го создаде човекот како круна на сето создание, го украси со дарот на образот и подобието Свое, и го постави за господар и пазител на сето она што го создаде, како што се вели во Писмото: И, земјаќи го Господ Бог човекот, кого го создаде, го воведе во градината Едемска, за да ја обработува и да ја пази2. Тој беше повикан да биде сотрудник во Домостројот Божји, а неговиот позив беше свештен. Но оваа власт од Бога, го обврзува човекот на особена духовна дисциплина. Тој треба да ја образува својата љубов кон Бога раснејќи во достоинството. А што значи за човекот тоа, да ја образува во себе љубовта? Каков треба да биде тој образ? Тоа значи дека, човекот треба да ì се уподобува на љубовта Божја и тоа на тој начин што ќе ја оличноснува, ќе ја ипостасира, односно, самиот ќе се преобразува во образ, олицетворение, воплотување на таа сила Божја. Зашто, љубовата, како највозвишена добродетел, во енергија е тогаш, кога со својот ослободувачки и креативен динамис го преобразува и оживува човекот во еден возвишен, христоподобен квалитет на битие. Нејзиниот совршен образ е вистинољубието, то ест Богољубието. Зашто, да љубиме, тоа значи на Бога да Му се уподобуваме, бидејќи, Бог е љубов3. Оваа сила од Бога го храни во нас растот на нашето достоинство и ги зрее плодовите негови, а тоа се: смирението, трпението и воздржанието. И сите три се во суштина љубов. И смирението е љубов, зашто Бог ни го откри во Себе образот на совршеното смирение и истоштение, и ни заповеда: кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга; како што и Синот човечки не дојде за да Му служат, туку дојде да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина4. И трпението е љубов, зашто нема побескрајно трпение од она на нашиот Небесен Родител. И воздржанието, то ест постот е љубов, зашто ништо посилно од него не ја исповеда нашата благодатна сродност со Бога, нашето синовство содржано и засновано во сеискупителната и спасителна жртва на Синот Божји. Воздржанието од гревот, од таа суштинска деградација на нашата природа, нè одржува на сигурниот пат на единството со Бога. Тоа нè чини вистински господари над она што Бог ни го поверил. Превасходно господари над самите себе си. Трудбеници и пазители на Едемот на нашето спасение.

 Постот е и почеток на секоја духовна борба. Да го отфрлиме критериумот на суетниот свет, да не се допираме до неговата пропадлива привлечност, тоа значи пред сè да застанеме наспроти стихиите кои му непријателствуваат на нашето достоинство. Да застанеме и да стоиме цврсто на бојното поле на нашето спасение, зашто во аскетскиот етос на нашето витешко предназначение е содржано ветувањето за сигурната победа. На оној, што победува, - вели Бог, - ќе му дадам да јаде од дрвото на животот, кое е среде Божјиот рај5. Да му ја претпоставиме, затоа, оваа небесна и живототворна храна на телесното прејадување и препивање кое води кон пропаст. Не приклонувај го срцето кон земните сласти, зашто тие се привремени и трулежни, - вели Свети Димитриј Ростовски, - и радоста своја не ја полагај на пиењето и на земното јадење, туку тежнеј кон подоброто во Бога - кон небесното. (...) Отфрлај ги привремените телесни уживања, за да не бидеш лишен од вечната наслада и да не го загубиш вечниот живот. Угодувањето на плотските желби не е ништо друго, туку терет за душата и смрт за совеста; во тоа нема толку утеха, колку тага, ни толку сладост колку потоа горчина. Ништожна е утехата која во истиот миг ја стигнуваат болка и страдание. (...) Победувај ги сластите и овладеј со нив, за да не те победат тие и да не завладеат со тебе - доколку сакаш слободно да го достигнеш вечно блажениот живот.

Вистинскиот господар на телото и душата, својата власт најпрвин ја покажува над сластите и похотите и војува против нив како против најлути непријатели, како кон поткопувачи и уривачи на ризницата која Бог му ја поверил. За овој љубовен подвиг, Бог ги наградува своите верни сотрудници со непропадливи дарови, според кажаното: добар и верен слуго, во малку си бил верен, над многу ќе те поставам: влези во радоста на својот Господар.

Постот е венец на оние што се во воздржание. Венец на славата и украс кој блеска со незалезната светлина на ангелската чистота. Ете со каква убавина е удобрен човекот низ постот. И таа не е нешто што на човекот не му е својствено. Венецот на воздржанието е царска круна која човекот ја доби од Бога во оној ден кога беше создаден според образот и подобието Божјо. Затоа и Свети Василиј Велики пишува: Постот е дар древен, кој не изветвува и не старее, туку непрестано се обновува и цвета во својата убавина. Зарем мислиш дека неговата древност се смета од времето на востановувањето на Законот? Постот е постар од Законот. Ако повнимаваш, ќе се увериш во вистинитоста на кажаното. Не мисли, дека денот на очистувањето, востановен за Израилот во седмиот месец, во десеттиот ден од месецот (Левит 16,29), е почеток на постот. Нурни се во историјата и испитај ја древноста на неговиот происход. Постот не е нов пронајдок, туку скапоценост на отците. Сè што се одликува со старот се почитува. Уважи ја затоа староста на постот. Тој му е современ на човекот. Постот е озаконет во рајот. Ваква прва заповед прими Адам: од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади (Битие 2,17). А ова: не јади, е озаконување на постот и воздржанието.

Но и самиот престој во рајот е образ на постот, не толку според тоа што човекот, водејќи рамноангелски живот, и уподобувајќи им се на Ангелите преуспевал во тоа, да биде задоволен со малку, туку и според тоа што живеејќи во рајот не му дошло на мисла она што подоцна било измислено од човечката мисла; таму не било употребувано ни вино, ниту биле колени животни, ни сето она што го мати умот човечки. И бидејќи не сме постеле, затоа и сме биле истерани од рајот. Затоа и треба да постиме, за повторно да влеземе во рајот. Овие зборови на Великиот Василиј не упатуваат на тоа, дека преку постот, човекот не само што го возобновува и чува своето возвишено достоинство, туку ја стекнува повторно својата првородна убавина.

Постот е украс на девственоста и светоста, светлост на целомудрието. За ова ни сведочат светите подвижници и постници низ целата историја на Црквата. Оние кои оставајќи го зад себе метежот на овој свет, итаа кон синајските височини на средбата со Бога во примракот на Неговата трисолнечна слава.

Затоа, избегнувајќи ги стапиците на гордоумието ќе замолчиме и ќе оставиме за ова да ни зборува најопитниот меѓу девствениците, Свети Јован Лествичник:
Ако си Му ветил на Христа дека ќе одиш по тесниот пат, - вели тој, - стеснувај го стомакот. Зашто ако го храниш и шириш, нема да можеш да го исполниш ветувањето. Обрни внимание и ќе ги чуеш зборовите: Широк е и простран патот на стомакот, кој води во пропаста на блудот, и мнозина се кои одат по него. Колку е, меѓутоа, тесна капијата и тесен патот на постот кој води во чист живот, и макумина се кои одат по него (сп. Матеј 7, 13-14)!
И понатаму: Со твоето дишење нека се соединат зборовите на оној кој вели: А јас, кога демоните ме вознемируваа, се облекував во кострет, ја истоштував душата моја со пост, и молитвата ми одекнуваше во градите ми (сп. Псалм 34, 13). Постот е насилство над природата и лишување на грлото од насладата на која е навикнато, гаснење на пламенот на телесната похота, отстранување на лошите мисли, ослободување од сновиденија, очистување на молитвата, светилник на душата, стражар на умот, спас од огрубеноста, двери на умилението, смирено воздивнување, ведра скрушеност, запирање на многуговорливоста, основа на безмолвието, чувар на послушноста, олеснување на сонот, здравје на телото, причина на бестрастието, отпуштање на гревовите, врата и блаженство на рајот.

Постот е начело на христијанскиот пат. Кога човек ќе трге на пат, мора да знае каде оди. Така е и со постот. Пред сè, постот е духовно патување, а крајната цел му е Воскресението. Тој е подготовка за исполнување на Пасхата како вистинско Откровение. Постот како духовно патување подразбира континуитет. Вграден во нашата богообразност, во нашата придода, постот е патување кое започнува во самиот почеток на нашиот живот и продолжува во Царството небесно, во рајот, во оној ангелски образ на пост, во кој живееше Адам во Едемската градина. Тој е наш начин на живеење. И уште повеќе, начин на постоење. Постот го опфаќа секој сегмент од нашиот живот, нашата волја, умот и срцето, нашите сетила, телесните движења и мислите. Нашата совршена слобода, се темели на нашиот динамички  однос кон самите себе и кон светот, имено преку воздржанието. Воздржувањето од гревот нè ослободува од ропството на гревот. Нè ослободува од ропството на нашата падната и осмртена природа. Постот е гарант на нашата слобода. Надвор од постот ние се лишуваме од нашата слобода, од нашето достоинство, од нашата Богообразна љубов и конечно од нашата човечка природа.

Затоа Свети Теодор, богомудриот подвижник на Студиската обител, вели: За трезвеноумниот секогаш е Четириесетница. И оваа мисла едноставно невозможно е да се заобиколи кога станува збор за постот. Најпрвин, поистоветувањето на постот воопшто со светата Четириесетница, со великиот и пресветол велигденски пост, значи дефинирање на целиот наш историски, овоземен живот како Велик Пост. Со други зборови, онака како што велигденскиот пост е благодатно и подвижничко патешествие кое нè воведува во преславното Христово Воскесение, во пасхалната радост на нашата лична заедница со воскреснатиот Бог, така и нашето историско постоење треба да биде пат кон христообразното воскресение во вечен живот, во незалезна љубовна заедница со Бог Троица. Историскиот праобраз на пасхалното торжесто се повторува секоја година. Секоја година ние се подготвуваме и го славиме Христовото Воскресение. Исполнувањето, пак, на ова надисториско собитие, се случува еднаш и засекогаш. Во таа смисла, почетокот на постот е почеток на нашиот живот.

Постот е мајка на молитвата, источник на целомудреноста и благоразумноста, учител на тихувањето, патеводител на секое добро дело. Подвигот на воздржанието е темел на секоја добродетел. Мајка, источник, учител, патеводител на секоја добродетел, на сето она што не води кон спасение. Свети Теодор Студит вели: Постот е обновување на душата. Зашто според зборовите на свештениот апостол: ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се обновува (2Кор.4,16). А ако се обновува, тогаш, конечно, и се украсува според образот на првосоздадената убавина. Украсувајќи се, пак, љубовно Го привлекува кон себе Оној, Кој рекол: Јас и Отецот ќе дојдеме и живеалиште во него ќе создадеме (Јован.14,23). Ако, пак, благотворното дејство на постот е обично такво што ние постануваме живеалиште на Бога, тогаш треба со радост да го примаме него13. И имено радоста во постот значи со радост да го носиме крстот Христов. Со радост на христа да Му се уподобуваме, зашто само таму каде што има силна вера, каде што има вистинско богопознание има и радост.

Наместо заклучок, ќе се послужиме со прекрасната Поука за првата Недела од Великиот Пост на нашиот Свети Климент, Охридскиот Чудотворец, кој во неа ги докоснува најактуелните нивоа на постот како наш начин на живеење. Тој вели:
 Ја видовте ли, возљубени, од самите вештества ползата во постот? Ако, пак, ова сте го искусуле во оваа недела, тогаш уште повеќе разберете го вашето приближување кон Бога и во следните недели подвизувајте се со пост. Зашто оној што не го запазил постот, тој не ја знае полезноста на постот. Како ќе зборуваат за сладоста на шеќерот и најфиното пченично брашно оние што не вкусиле од него? Дури и ако искажат многу пофалби, нема да ги разберат оние што ги слушаат. Доброто од постот, пак, сами видете го: никаква препирка, никаква ненавист еден кон друг. Секаде молчание и тишина, на лошите навики во нас, со пост и со молитва им се спротивставуваме. Затоа, да не го оставаме браќа започнатиот пост! Зашто првата недела веќе мина, па и во останатите да бидеме бодри, и како што доликува да тежнееме кон доброто.

 Послушајте го словото на блажениот апостол: она што е зад мене го заборавам, а се стремам кон она што е пред мене (Филипјани. 13,3). Размислете, христољупци: светиот пост има седум недели: најчестена од сите е седмата недела, која се нарекува велика. Но таа не е поголема од другите заради поголемиот број на часови, туку заради величјето на тајните на страданијата Господови, кои во неа се случија. Така и оваа недела е поголема од претходните, како што царот е поголем од кнезот, а кнезот - од војводата, а војводата - од болјаринот, а болјаринот - од стотникот, а стотникот - од педесетникот, а педесетникот - од слугата. Размислете браќа! Доколку некој би посакал да му служи на царот, тој им постанува мил од најмалите слуги па сè до најголемите, пред кои одговара. Ако во нешто и согреши, се труди што поскоро да се оправда. Така и ние, браќа, кои не само што сакаме да го задобиеме Царството Небесно, туку и во своето срце да го примиме причестувањето со Светите Тајни, треба во овие свети недели на постот да му се доближиме на Бога.

 Би сакал да ви раскажам една приказана. Си беше некој цар во некоја земја, многу добар и добродетелен и сите подеднакво ги љубеше како свои деца; и за сите подеднакво промислуваше, па и за нивните души се грижеше. А и земјата беше таква, што изобилуваше со секакви блага, како што рече Давид: И од плодот на нивната пченица, вино и елеј се умножија. Царот имаше обичај да му дава секому што му треба. И даде заповед оние што имаат да им даваат на оние што немаат, и како што пишува во Делата Апостолски: сиот народ беше една душа. И се раздаваше секому што му беше потребно. Таква беше таа земја и таков беше нејзиниот цар. А овој добар цар имаше седум ќерки мошне убави. И им заповеда на сите луѓе, сакајќи да ги искуша, да дојдат и да им оддадат почит на неговите ќерки, поставувајќи ги по ред, најмладата подалеку, а најстарата крај себе. Некои им оддадоа почит на сите подеднакво и му угодија на царот, а некои лукаво постапија: на најмладата и оддадоа примерна почит, а останатите ги целиваа и одминуваа. Гледајќи го ова добриот цар, своето милосрдие го обрати во гнев и им заповеда на своите слуги да ги изгонат овие од пред лицето негово. И не само тоа, туку заповеда да ги предадат на мачители да ги мачат. Зарем не стори праведно овој цар?

 Христољупци, сакате ли да дознаете кој е тој цар? Оние што брзо размислуваат веќе разбраа, затоа ќе кажам заради останатите. Царот е Бог, Кој е најдобар од сите. А земјата која изобилува со блага е Црквата. Знаете сите колку блага има во неа; секоја жива душа од овој свет во неа се спасува. Тука се законот и пророците и Сам Господ, Кој заради нас слезе и постана Човек подобен на нас, се распна за нас и умре. Потоа ги испрати Своите апостоли. Преку нив нè повика во Свето Царство, и секогаш нè повикува преку Светото Евангелие: Дојдете при Мене изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. И повторно: Оној што доаѓа при Мене, нема да го отфрлам. - Што е повозвишено од оваа добрина? А седумте ќерки се седумте недели од светиот пост, за кои ни заповеда да ги почитуваме повеќе од сите денови во годината, со пост и молитва и милостиња. Та ако веќе првата добро ја испочитувавме, како најмалечка и која е најдалеку од отецот, зарем сите други ќе ги минеме просто? Ако се случи тоа, што ќе одговориме на страшниот ден на Судот пред Господа и како ќе се оправдаме кога останатите посни денови не сакаме чесно да ги запазиме?

 Ве молам, немојте така да размислувате, велејќи, дека не ни е можно сите да ги запазиме. Лош е тој изговор и полн со вина. Зашто ако од прејадувањето и препивањето се запазивме во првата недела од постот, толку повеќе, навикнувајќи се на доброто, ќе можеме целиот пост да го запазиме, (на Бога) ќе Му благоугодиме и своите души ќе ги спасиме и очистиме. И не треба преку своите сили да постиме и да бдееме, туку кој колку може според силите. Само отстапете од светските грижи, од крчмите, пијанството, од завист и клевети, од злопамтење, од блуд и лакомство; и правете поголема милост од другите денови, та со чиста совест да се удостоите со Христовите Тајни и преку пречистото тело и крв вечен живот да примите. На сиромасите благодарност воздајте им, зашто тие непрестано се молат пред Бога за сите. Ова не е тешко, доколку сакаме. Само да не западнеме во мрза или униние, да не го загубиме трудот, што го запазивме во првата недела. Амин.


1. Аввû Исаака Сирина: Слова Подвижническиÿ, Слово 21, Сергиевú Посадú 1911., стр.131.
2. Битие 2, 15.
3. 1Јован 4, 8.
4. Мареј 20, 26-28.
5. Откровение 2, 7.
6. Свети Димитриј Ростовски: Духовни азбучник, Глава Шеста, Вршац 1990., стр. 47-49.
7. Матеј 25, 21.
8. Битие 1, 26.
9. Творениÿ Свÿтаго Василиÿ Великаго, Частü 4: Беседа 1, О посте, Москва 1846., стр. 3-4.
10. Преподобнаго Отца Аввû Ионна: Лествица, Слово 14, Свÿто-Троицкаÿ Сергиева Лавра 1898., стр. 110-111.
11. сп.: Александар Шмеман: Великиот Пост, Пат кон Воскресение, Крајијевац 1983., стр. 7.
12. Теодорú Студитú: Творениÿ, вú русскомú переводѕ, томú первûé, Малое Оглашение ИИ, С.-Петербургú 1907, стр.237.
13. Теодорú Студитú: Творениÿ, вú русскомú переводѕ, томú первûé, Малое Оглашение ЛВ, С.-Петербургú 1907, стр.325.
14. Свети Климент Охридски: Сúбрани Сúчинениÿ, Том Втори, Поучение за Пúрвата неделÿ на поста, Софиÿ 1977., стр. 722-723.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3126
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7599
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная