логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

„Чашата на спасението ќе ја земам и името Господово ќе го повикам“

Старец Рафаел Нојка


Син на познатиот романски философ Константин Нојка, отец Рафаел е роден во 1942 година. Во своето семејство се здобива само со основно христијанско воспитание (животот во верата му беше ограничен само на учество на Велигденската служба за да запали свеќа).
На 13-годишна возраст тој емигрира во Англија со својата мајка (Британска државјанка) и сестра си, бегајќи од комунистичката власт во Романија, додека неговиот татко мораше да остане во земјата. Трагањата карактеристични за таа возраст кај него се пројавија и на духовен план. Тој ѝ се придружува на Англиканската црква, но сфаќа: „Атмосферата беше многу осиромашена, многу студена, дури здодевна – не дека би почнале да зевате во црква, туку затоа што во никој поглед не беше хранлива (за духот – н.з.)“. Тој потоа им се придружува на пентекосталците, конгрегационалистите, Армијата на спасот итн.; извесно време останува со баптистите (една и пол година). Во протестантството тој особено се спрепнува кај библиските текстови во кои се зборува за Светата Причест, и еден ден почувствува „мисла за враќање во Православието, како светлина во мојата душа“. По Божја промисла се сретнува со о. Софрониј, духовен отец на манастирот на свети Јован Крстител во Есекс, кој го посоветува да ги заврши студиите.
Се враќа во Православието во 1961 година и е потстрижан за монах во манастирот во Есекс од о. Софрониј, бидејќи монаштвото е за него „одговор на сите прашања што се појавија уште од детството“. Тој го смета лутањето во протестантството како дело Божјо во себе, затоа што „да не го живеев Православието како преобратеник, можеби не ќе можев воопшто да го видам во неговата блескава убавина, како единствената историска вистина“.
Се враќа во Романија во 1993 година, по 38 години живот во емиграција, „како фатениот од Евангелието“, правејќи кратки посети и, по барање, одржувајќи конференции во разни места во Романија; оттогаш се населува во исихастирионот (тихувалиштето) во планините Апусени (Западни Карпати). Покрај неговата најважна и голема помош на светот преку молитвите, о. Рафаел ги има преведено на романски јазик делата на својот старец, архимандрит Софрониј, како и на свети Силуан Атонски, неговиот духовен „дедо“.
Што се однесува до неговото лично дело, о. Рафаел вели: „Напишав само една книга, која ја нареков „Мисли“. Ја напишав по барање на некој кој очекуваше синот на Нојка да напише книга. И кога тој ја отвори книгата – првата страница беше празна, втората страница беше празна, исто така и другите. Сега, бидејќи сум при крајот на мојот живот, мислам да напишам друга книга и да ја наречам „Спомени“, затоа што така сторија сите големи луѓе. Но, бидејќи го загубив помнењето, оваа книга ќе биде иста како и првата!“ Само две книги го носат неговото име – и двете збирки од неговите романски беседи и конференции во последните 20 години.
Во продолжение даваме извадоци од поуките на овој голем старец и духовен отец. По неговите молитви, Господ да нè помилува сите!

† Повеќепати во животот имам видено како Господ нè остава да бидеме искушувани, но во тие искушенија не треба да ја загубиме главата и да изгубиме надеж, бидејќи не сум само јас тој што страда од гревот, не е само мое страдањето, кое понекогаш не можам да го носам, туку е страдање на целиот свет. И јас, препнувајќи се од мојот грев, било да сум го победил или сум паднал во него, минувајќи низ многу страдања и неправди, доаѓам во состојба да го сфатам мојот ближен. И така почнува да се раѓа и да се утврдува втората Божја заповед: „Возљуби го својот ближен како самиот себе“. Мојот ближен, добар или лош, грешен или свет, каков и да е, тој е вториот јас. Ти си јас, ти потполно ме познаваш. Всушност и јас те познавам; нема потреба да се сретнеме за да се запознаеме.
Еднаш кога бев на Света Гора, пред неколку години, бев пријатно изненаден од топлината со која нè пречекаа монасите таму. Колку беа гостопримливи! Колку љубезни! И му реков на еден од монасите: „Каде и да влезам овде, во манастирите и скитовите, и кого било да сретнам, како сè да ми е познато од детството“. И што ми одговори монахот? – „Ние православните се љубиме и пред да се запознаеме“. И сфатив дека е вистина неговото слово. Во суштина се знаеме, пред сè ние што живееме во молитва.

† Нашиот народ се вика Христос. Или ако сакате, се вика и Израил, односно Божји народ. Ние сме новиот Израил, Израил во духот. И така пак се враќаме на темата за Духот и вистината. „Нашата татковина не е Романија, Русија или Англија, туку е Горниот Ерусалим; татковината наша не е таа каде што сме се родиле, туку е онаа од идниот век“. Сме се родиле во едно гнездо исто како и „птиците“ и живееме во него сè додека не ни пораснат крилја, додека не полетаме и ние во вечниот лет. Пак ќе нагласам – не го потценуваме народот. За мене тоа што се родив Романец беше предност затоа што примив православно Крштение, и за тоа сум Му благодарен на Господ.
Но, забележувам неколку интересни појави. Се чувствувам поблиску до вас отколку до другите народи меѓу кои имам живеено со многу љубов и духовно богатство, во моите прибежишта. Но, на некој начин се пронаоѓам поблиску до вас; и она што го велам јас, моите „останки“ (телото – н.з.), кои тежнеат да ме направат потежок и да ме болат, се средија и смирија кога почнавме да летаме над овие краеви и оваа романска земја.

† Првиот чекор во духовниот живот претставува примање на пројавата на Духот, дека јас сум грешниот. Затоа и Црквата меѓу другите ни ја даде Светата Тајна Исповед. Со помош на Светиот Дух Господ, тогаш го согледуваме гревот во нас и не го сокриваме, туку одиме да го кажеме пред духовникот, а духовникот го разрешува со силата која Бог му ја дал преку Светата Тајна Свештенство. Но, да се исповедаш не претставува единствен начин да живееш во Духот, бидејќи ние во секој еден момент живееме во грев, сè додека Господ не нè воскресне преку Тајните во Црквата, а особено преку Светата Тајна Причест. Сè додека Господ не нè воскресне во Неговиот Дух, остануваме во смрт и живееме во грев. Живеењето во Духот претставува свеста која ја имаат сите светители, и тоа, свеста дека во секој еден момент сум грешен. Кој е тој светител во нашата Црква кој би кажал „угледајте се на мене, оти јас сум ви пример на светост“? Па нели сите светители кажаа „јас сум грешник, јас сум најголемиот грешник“? Тоа беше убедувањето на светителите, бидејќи тие живееја во Духот, а Духот го откриваше гревот во нивното срце, и тогаш кога живееја возвишен живот и правеа големи чуда. И така го примаа сведоштвото на Духот и се претставуваа грешни пред свештеникот или пред кој било човек.
И ние секогаш треба да живееме примајќи ја пројавата на Духот, откривањето на гревот. Оној што знае дека е грешен, како што велат светите Отци, не го согледува гревот на ближниот за да го осуди. Ако знаеме дека сме грешни, каква полза од тоа да нè засега што направил ближниот? И како да го осудиме нашиот брат кој греши? Сите свети Отци велат дека ако го осудуваме ближниот и не се покаеме за тој грев, и ние ќе паднеме во истиот. И тоа сум го видел безброј пати. Ако не се покаеме за гревот на осудување на ближниот, и ние ќе паднеме во истиот грев за кој сме го осудиле.
Научив една работа, и тоа: Господ, откривајќи ми го гревот, ме учи да бидам милостив кон ближниот, да се молам за него и да не го осудувам: „Господи, сите сме дело на Твоите раце, прости му на слугата Твој кој греши и не нè оставај во темнина“. И така, наместо да осудуваме и да се осквернат нашите души, започнуваме преку дејството на Светиот Дух да стануваме љубовни, кротки и милостиви. Тоа претставува начин на живеење во Светиот Дух, затоа што кога сме милостиви кон ближниот, стануваме како Спасителот, Кој е милостив и од Кого очекуваме милост. Тогаш во нас слегува Светиот Дух и се моли во нас за целиот народ Божји, кој се оддалечил од Него, за целиот свет, кој не Го познава Бог и живее во грев. Духот ќе слезе во душата на оној кој го љуби својот ближен, и наместо да го осуди, со молитва и милост мисли на него.

† Најголемиот наш пример е Мајката Божја: кога ангелот Божји дојде кај Неа и Ѝ кажа дека во девственоста Нејзина ќе стане Мајка на Воплотениот Бог (кој може да поверува во вакво нешто?), Нејзината реакција, по убедувањето дека тоа е од Бог, беше: „Еве ја слугинката Твоја, Господи, нека ми биде според Твоето слово“. Тоа треба да биде и словото за послушание кај човекот. Не дисциплина, туку едно „да“, едно „амин“ од љубов и милост, од вера во Бог, Кој по зборовите на свети Јован Крстител „и од овие камења може да подигне чеда Авраамови“, односно: „Господи, еве еден камен, којшто сум јас; направи од мене Ти што знаеш“.

† Би се запрашал како Псалмопејачот: „Со што ќе Му се оддолжам на Бог за сè што ми даде?“ И ќе одговорам пак со неговите зборови: „Чашата на спасението ќе ја земам и името Господово ќе го повикам“.

† Многу лесно човек вели дека Евреите Го убија Христос. Не е точно. „Јас Го убив Христос, и Го убивам секојдневно со гревовите што ги правам, гревовите – а тоа сум јас. Односно, не станува збор за правење гревови, туку јас сум гревови. Како што човекот си го продлабочува животот, почнува да се суди самиот себе и осудувајќи се, ако го прими во послушание судот Божји, вели: „Да, Господи, во право си, јас сум најлошиот меѓу грешните“. Кој го велеше ова „јас сум најлошиот меѓу грешниците“? Сите светители.


подготви: Раду Хаџиу
превод од романски: о. Константин и Анка Митеви

 

Извор: ПРЕМИН бр.67/68

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная